Толкување на сонови:
1. Кога се разбудиш од сон, остани во кревет, без нагли движења и полурасонет - и убаво сети се на се од сонот, неколку пати, додека не го имаш запомнето сонот доволно добро за да можеш да ги раскажеш најситните детали.
2. Препознај го чувството во сонот. Дали е страв, или апатија, еуфорија или умор, љубов или анкциозност. Тоа чувство го имаш искусено во реалноста. Кога ќе се сетиш на тоа чувство, кога и како си го искусил во реалноста, спој ги другите елементи од сонот.
3. Сонот е како снегулка, на средината е чувството, а околу него се налепени симболи. Тие симболи, имаат свои одговарачки објекти од реалноста. Спознавањето на нив, ќе ти објасни како функционира потсвесното.
Пр. сонувам како шетаме со еден другар низ градот напушени. Сретнуваме еден куп луѓе попат, и скоро се преморувам од шетање.
Чувството: умор. Ми е скиснато да арчам по 3-4 саата со типот додека сме хај.
Луѓето кои ги сретнуваме во сонот се луѓе од реалноста, но треба да размислам убаво кој е кој (бидејќи сите се маскирани, како Волшебникот од Оз). Онаму кај што ги сретнуваме, се објекти кои се поврзани на некој начин со луѓето. Спознавањето на вакви детали ми објаснува некои работи кои се потиснати во потсвесното и реално, никогаш не би ми дошле како идеи на “трезен“ ум.
Мириси, облици, чувства. Толкувањето на соновите e интересно хоби.
http://issuu.com/algbral/docs/sigmund_freud_-_tumacenje_snova1