Сонови, раскажете што сонувавте

  • Креатор на темата Креатор на темата Alien_sr
  • Време на започнување Време на започнување
Имам еден сон кој доста често го сонувам.

Се наоѓам во некоја соба со големо огледало. Седам. Пред мене има маса. Мислам дека е соба за испрашување. Во рацете држам слики. На секоја од сликите е една плава девојка. Округло лице, убава насмевка, витка, височка, млада, претпоставувам во своите средни или касни 20-ти.

На првата слика се во некое диско. Сините диско светла, кои се кршат, доста реалистично се прикажани. Во позадина има многу глави. Тешко се воочуваат на прв поглед. На масата, мала барска висока маса без столици, има 3-ца или 4-ца, меѓу кои е и она. Носи црн краток фустан. Сите во рацете држат мартини. И одеднаш сликата ја визуелизирам. Јас сум во тоа диско. Си ја гледам раката како им гестикулирам да се наместат за сликање. Јас сум тој што ги фотографирал!

Потоа уште слики кои брзо ги поминувам и стигнувам до последната. Стан. Јасно го гледам аголот од кремастиот килим и работ од масичката. Пред мене е отворена вратата од купатилото и на плочките лежи она со локва крв околу својата глава. И плочките се кремасти. Не е свртена со ликот кон мене, а на себе носи бела бањарка. Повторно јас сум тој кој слика. Во визуелизација и се приближувам. Ја гледам додека непотвижно лежи! Локвата крв се зголемува!
 
Знам како се вика женската.
 
Конечно дојде… во мојот сон.
Но со голема брзина се оддалечуваше од мене.
Јас трчав најбрзо што можев и гласно ja довикував.
Одеднаш се појави на другата страна од големата градина.
Отиде накај куќата и влезе низ тешката дрвена врата.
И велев да не влегува, таму е темно, ама не можеше да ме слушне.
Со тресок се затвори вратата зад неа, а јас само сакав да и кажам дека ја сакам.
Ја слушнав само како ми рече:
„Сега живееме во паралелни светови, не можеме да се синхронизираме.„
Се разбудив во мојот свет…
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom