Сончаница

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Па шо к*р си дремел на сонце толку долго
 
Како првпат да си се изгорел ... почекај ден два и ќе ти помине.
 
Значи вака: :)

  1. По цел грб нареди си ладни облоги ( крпа или газа потопена во ладна вода)
  2. Кога ќе почуствуваш болка поради изгорениците, за да ја ублажиш истушири се со млака(или ладна вода)
  3. Мачкај го грбот со ладен јогурт
  4. Мачкај се со хидратантен крем
  5. Ако ти се појават меурчиња , немој да ги пукаш, нема да направиш ништо корисно - може само да си отвориш нова беља, да добиеш некоја инфекција!
  6. Ако чувствуваш голема и честа жед, главоболка - тоа значи дека телото ти дехидрира, па затоа пиј многу течности.

ПС. при следниот подолг престој на сонце користи си крем со заштитен фактор! :)
(подобро е да се спречи отколку да се лечи!) ;)
 
Јогурт друже, јогурт :)
 
Рибина маст од аптека и ништо друго. Смрди ама најдобро решени е. Со кисело млеко е најдобро и најевтино, држи повеќе ладно од јогуртот а и поевтин е :)
 
Мене најинстантно ми помогнало маица натопена во ладна вода и облечи ја и кога ќе ти се стопли од топлината од телото пак соблечи ја натопи ја со ладна вода и пак облечи ја, тоа ја хидрира кожата, а хидрирана кожа побрзо заздравува, ако се мачкаш со креми само ќе си ја измрсиш кожата но нема и да ја дехидрираш што е поважно, а вака ни болката од изгореното не се осеќа, пробај ќе видиш:)
 
како за почеток, додека ти е кожата црвена, и ти испушта топлина немој никако да ставаш креми и масти. НИКАКО!
затоа што тие оневозможуваат исфрлање на топлина, и плус на таква црвена, воспалена кожа се болни за апликација.

Затоа се става гел за изгореници (по можност со екстракт за смирување), има вишок на вода, ефект на ладење, и не е бариера за емитирањето на топлина.

После, кога ќе почни да ти се лупи кожата, тогаш ќе ставаш крема, или маст, ти понудија погоре таа со рибино масло, така ќе ти ја обнови кожата со здраво квалитетно ткиво.
 
рибина маст е спасот.
остај она кисело млеко потрес на мозок да не фанеш.
 
Да, се согласувам со тоа дека пред да почне да се лупи кожата не треба да се користат масти и било какви кремови, но треба да се користи хидратантен крем или млеко за тело од алое вера поради одржување на влажноста на прегорената кожа!
Како и да е, пак ќе спомнам, најдобро решение е да пиеш многу течности, да си земеш еден ладен јогурт, намачкај се , остави го да отстои 20тина минути и резултатите ќе бидат веднаш видливи.
А да, ако болките ти се многу големи можеш да се напиеш аспиринче , нормална доза го облажува воспалението и ги намалува болките.
 
Јас чинам пред три години беше, се бев забораила на тоа сонцето, не да бев изгорела лелее се исплашив кога се видов, ме жежеше,печеше, неможев да се трпам. Друштвото што беше со мене се ставија во акција да ме опорават, прво ставав кисело млеко ама немаше фајде којзнае колку, но рибината маст сполај му на бога ми помогна. Една другарка инсистираше да се мачкам со неа, јас несакав стварно непријатен мирис има ама кога ќе дојде не се гледа на тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom