Social Page Evaluator

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.353
Поени од реакции
34.898
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ве интересира колку вреди Фејсбук страницата на вашата компанија? Еве една бесплатна алатка која би требало да им помогне на компаниите да ја сфатат својата позиција во друштвените медиуми.

eval-t.jpg

Vitrue


Компанијата за управување со друштвени медиуми Vitrue разви бесплатна апликација за оценка на вредноста на Фејсбук страниците на компаниите. Веб апликацијата е наречена Social Page Evaluator, a откако ќе ја внесете адресата на вашата Фејсбук страница, ја проценува нејзината вредност според факторите како што се бројот на дневни посети, бројот на фанови, количината на интеракција со фановите...

Што друго нуди оваа апликација?
Во апликацијата можете да ја споредувате вашата страница со страниците на другите, како и да прочитате совети за постигнување на максимални резултати со вашата Фејсбук страница.

Алатката е прилично прилагодлива и во неа можете да поставувате разни почетни услови и да гледате како влијаат на резултатите. Можете и да си фантазирате - односно да видите колку би вредела кога би имале некој замислен број на фанови, или кога би имале одреден број на интеракции дневно.

Колку е веродостојна?
Апликацијата функционира на база на алгоритам кој минатиот месец компанијата Vitrure го развила со цел да ја процени вредноста на фановите на големите компании. Колку е прецизна е тешко да се каже, но е добар старт за вработените во маркетинг одделите на компаниите кои почнале да размислуваат на нивната Фејсбук страница како на алатка за промоција на брендот.
Ние си поигравме малку со апликацијата анализирајќи ја нашата Фејсбук страница. Кога сме веќе кај неа, можете да станете фан на Kajgana.com на нашата Фејсбук страница која постои од пред три седмици, со клик - тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom