Собранието го усвои законот за стечајците

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Веб-сајт
sportdenes.com
Собранието денеска го денесе законот за финансиско обештетување на стечајците, кои биле вработени во државни претпријатија, приватизирани во периодот од 2000 од 2004 година.
Од присутните пратеници 71 гласаа “за“ предлогот на владата. Со усвојување на овој закон се решава прашањето на околу 6.000 стечајци.

Конечно и стечајците да добијат нешто.

Извор: Нетпрес.
 
Дали ова значи дека нема више да го нагрдуваат градот со нивните празни шатори, кои ги чува по 1 човек на смена?

Јееееееееее. Фала богу.
 
E, брао бе ACID, тебе појке ти беше гајле за градот како изгледат или за нечиви судбини?
 
Судбината сама си ја кројат луѓето бачко :toe:
А градот го прават луѓето.

Во секој случај, среќен сум што конечно се мрдна работата од мртва точка.
Околу стечајците, моето мислење веќе го имам дадено тука. Да не се повторувам.
 
Си држи до зборот.
Алал да ти е земјак.
 
Градот ќе продолжи да се “нагрдува“ затоа што се опфатени само стечајците од 2000-2004 година.Законот лесно паѓа и на уставен суд зошто се прави невидено обесправување на граѓаните со ограничување на годините за важност.
 
Епа тогаш нека донесат закон цела држава под стечај, да се обесштетат сите со месечни надоместоци и топ. Ќе работиме, ќе се заебаваме, не сме будали. Ајде, сите во жена парк.
 
Знае ли некој какво обештетување е предвидено со Законот ?
 
Епа тогаш нека донесат закон цела држава под стечај, да се обесштетат сите со месечни надоместоци и топ. Ќе работиме, ќе се заебаваме, не сме будали. Ајде, сите во жена парк.

Она погоре само го кажав од правен аспект,после разговорот со еден навистина реномиран познавач на правото,кој си кажа што е исправно а што не е,немав никакви зли намери.Како правен совет човекот предложи да се прошири целната група за да законот има поголеми шанси па да профункционира,иииии,тоа е.:toe:
 
Дали ова значи дека нема више да го нагрдуваат градот со нивните празни шатори, кои ги чува по 1 човек на смена?

Јееееееееее. Фала богу.

Тоа бидејќи градов ни е толку прекрасен Ацид? па само стечајците квареа од естетиката иначе се блескаше..колку длабоко :-?
Ало! на сред плоштад ќе градат црква, на Тереза се гради палата за Мајка Тереза која е комплетно беспотребна, градот врие од ѓубриња и циганчиња шо дуваат лепак али те стечајците ти биле баш фуј, ти загрозуеле бидејќи се бореле за свои права..
инаку у врска со темава, конечно, браво...еднаш да се чуе и народот во државава
 
Ти си атеист претпоставувам :(

Од каде толкав гнев према црквата и Мајка Тереза? :(

Океј, сега не мешај баби и жаби и назад на темата. Види погоре и прочитај го претходниот мој пост, во кој има линк до мое мислење напишано одамна, во врска со стечајците кои со години дремат пред собрание. Објаснето е зошто не ги имаат моите симпатии. А тоа дека попатно придонесуваат за нагрдување - придонесуваат.
 
Цркви не е лошо секогаш да се градат и што е можно повеќе,таму се сплотува народот Македонски кому му фали единство.Само плоштадот не е секогаш најпогоден за цркви,а место има во Скопје.Вака само ќе се силува народот со референдуми,со избрзани одлуки на неколкумина нарцисоидни и помалку луцидни “фактори“ кој абер немаат од архитектура и урбанистички современ начин на живеење.Накратко речено дури и ваквите промашувања предизвикуваат стечајци во Скопје покрај промашувањата во криминалната приватизација.:toe:
 
Циганчиња дувале лепак.. од оној натписон ејј. ај и за случајот Бекири нека спомне некој.
Убаво е што се реши статусот со луѓето.
Што сдс зезна на времето, којзнае колку време ќе треба за да се оправи. ако се.
 
Законот е за поздравување , па и да се работи и за цифра од 100 а не од 6000 луѓе.Убаво е и тоа што нема да има индијанска населба во паркот ,дел од она што го грдеше Скопје. А моабетот околу црквата на оваа тема е чиста глупост , ама некој не може да не стави вегета во секоја манџа. Со волку големи „експерти„ по све и сешто , може да размислуваме за следните избори да кандидираме представник од кајгана ,со лого „еден човек влада„ , уствари:toe: , мислам на :toe: , т.е.:toe::toe::toe:

%7BD90881B6-B630-4BF2-A57D-AF872EF8F0F7%7D_azbuka-2.jpg
 
Па во овие 2 години навикнавме во Македонија да се носат закони кој важат само за еден човек,а владата ни функционира според тој “тертип“ што го споменуваш.
Гвујо=Влада=Никола,или по обратен редослед,ако ти е посимпатично и не ти изгледа толку “бушаво“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom