Собиранка 25+ The Sequel

  • Креатор на темата Креатор на темата rymz
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Откако помина некое време на првата собиранка од ваков тип, денеска со ВикторГГ се одлучивме да пробаме да собереме луѓе за второто продолжение од почнатиот натпревар.

Темава ја отварам за сериозни коментари, така да се молат тие што не го исполнуваат условот нека не се замараат да пишуваат на темата, дека истите коментари ќе бидат избришани.

Време на настанот 27ти Ноември 2008ма. Четврток. Време на злочинот, некаде после последните цртани на МРТВ1...20:00. Mестото на злочинот, некаде топло и тивко, за да можеме на раат да си ги кроиме плановите и да дискутираме за истребувањето на бенгалските тигрови.

Не го дрвете со муабети сакам ама не можам. Не не интересира. Не прашувајте дали можете да дојдете ако сте под 25. Не можете. Ако сакате да дојдете а не знаете никого, дојдете и понесете црвена ружа за да ве запознаеме.
 
Ооооо коорганизатор сум а? :jaj:

Туку, покрај свото потврдување, може и логичен предлог да се даде каде да одиме. Исто така, оние кои се мислат или имаат проблем од типот “шо барам“, нека знаат дека таа маса не може да биде тивка со Римз на неа, и да не ви се збори, ќе биде во ред. Докажано. :)
Ај да вииме.
 
Тивко - „Езерце“. Не е толку скапо како што го прават, а фино е местото.
Бучно - „Окарина“. Има музика, весеље, луѓе од 25-30 години...

Или „Златник“ во Аеродром. Онака, фино место за јадење, пијуцкање и музика доволно гласна за да се слуша, а доволно тивка за да се прави муабет. :)
 
Ооооо коорганизатор сум а? :jaj:

Туку, покрај свото потврдување, може и логичен предлог да се даде каде да одиме. Исто така, оние кои се мислат или имаат проблем од типот “шо барам“, нека знаат дека таа маса не може да биде тивка со Римз на неа, и да не ви се збори, ќе биде во ред. Докажано. :)
Ај да вииме.

Дупло потврдено, лично искусено и позитивно доживеано! :)
Бастумот под рака и таму сум (само што не знам каде е тоа таму :icon_conf). Али има време до четврток ќе смислиме нешто. Иако првичната идеја за викенд геријатрија беше поприфатлива пошто ќе беше порелаксирана.
 
Сега за сега читам дека само јас Мистичен, Виктор и Бетибуп ќе се дружиме, што воопшто не ми пречи.
Местото би било кај Македонска Куќа позади Рамстор каде што и бевме првиот пат, дека беше мирно, чисто и убаво. Кој сака да дојде, допишете се.

П.С Мистичен, дај ми број од местото за резервација по П.П
 
Македонска куќа кај Рамстор.. Не ја срушија неодамна?
 
Сега за сега читам дека само јас Мистичен, Виктор и Бетибуп ќе се дружиме, што воопшто не ми пречи.
Местото би било кај Македонска Куќа позади Рамстор каде што и бевме првиот пат, дека беше мирно, чисто и убаво. Кој сака да дојде, допишете се.

П.С Мистичен, дај ми број од местото за резервација по П.П
Срушена е.

Ама отворија нова, кај Алумина. Таман да видиме како ја направиле :)
 
Сакате у Бравос? :)

Ни две, ни три! :pos:
Стварно може да се лоцираме малку поблиску до центарот. И така сме малку, може да постигнеме договор. Мене ми е ок местото. :)
П.С. Сега видов дека коорганизаторот е online, значи може да се произнесе по прашањето. :)
 
Ќе резервирам во Бравос маса, нека биде за 6 души иако сме само 4ца сега за сега...нека има резерва.

Четврток, 20:00
 
Сеа решив да го прогласам петок за неработен ден. Че доам и ја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom