Со пост-средно образование ќе се заменуваат некои факултетски дипломи

  • Креатор на темата Креатор на темата BOJ@N
  • Време на започнување Време на започнување
Абе бог да чува...со 12 години магистри ќе има....хахахахахаха:vozbud:
 
НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА РЕФОРМИ НА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НАИДЕ НА НЕОДОБРУВАЊЕ
Средношколците како заморчиња
Мими П. Шушлеска

Лош обид да се покрие грешката со воведувањето на задолжителното средно образование е најавата на министерот за образование дека од следната учебна година целосно ќе се реформира средното стручно образование и ќе се воведе едногодишно, двегодишно и постсредно образование, коментира поранешниот министер за образование, Ненад Новковиќ. Стручњаците од оваа област тврдат дека ова е сосема погрешен концепт што зборува дека Владата нема стратегија за развој на образованието во земјава. - Се потврди дека задолжително средно е голема грешка што мора некако да се исправи. По навршување на 16 години, според правната регулатива, секој може да работи и никој не може да го обврзува да учи. Ова образование што сега се промовираа воопшто не е средно, туку е нижо, некој вид курс - вели Новковски.
Катастрофално и неприфатливо, додава тој, ова да се нарекува средно образование бидејќи и со завршено основно може да се работи истото што и со овој курс.
- Конкретни обуки може да се прават, ама само на група луѓе за која однапред се знае дека има потреба да биде вработена во определена фирма - вели Новковски.
Тој додава и дека кај нас веќе постои стручно образование што може да се направи поквалитетно, па затоа и нема потреба од воведување некој нов концепт. Новковски објаснува дека во Германија паралелно со системот на средно образование постои и систем на занаетчиско образование. Но и таму во наставата на децата, покрај практичната настава, има и општо образование. Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити вели дека оваа идеја не е нова бидејќи е предвидена во концептот за развој на средното стручно образование што бил донесен пред неколку години. - Ова е можност да се научи некој занает и за пократко време да се излезе на пазарот на трудот, некој вид курс. Но, во никој случај овој концепт не може да се промовира како супститут на средното образование бидејќи со едногодишното не може да се полага матура, ниту, пак, да се запише на факултет - вели Рушити.
Славица Грковска од СДСМ вели дека оваа одлука е продолжение на хаосот што во образованието го создава оваа власт.
- Прво воведоа задолжително средно, потоа сите ги тераа да се запишат на факултет и сега наеднаш се вртат во друга насока, доволно било да се заврши и една година средно. Што покажува тоа ако не дека власта нема стратегија и концепт за развој на образованието - вели Грковска. Во Бирото за образование вчера објаснија дека едногодишното и двогодишното образование е можност стручно да се обучат оние што не сакаат да се запишат во тригодишното или во четиригодишното образование.
- Колку и да сакаме, некои ученици не може да се запишат во гимназиите и во другите тригодишни или четиригодишни училишта. Ова е шанса и тие да завршат задолжително средно, со една или со две години - вели Ласте Спасовски од Бирото за развој на образованието.
На овие нивоа редовно настава ќе може да следат децата што завршиле деветолетка, а возрасните што имаат завршено само основно образование, ќе може да се запишат вонредно.
- Ако децата се премислат и откако ќе завршат една или две години сакаат да продолжат во гимназија, ќе мора повторно да почнат од почеток. Но, олеснување ќе има ако сакаат да се надградат во истата струка, па така наместо во прва година од тригодишното стручно ќе се запишат директно во втора - вели Спасовски. И премиерот Никола Груевски вчера го пофали најавениот концепт за средното образование. - Ова е добар концепт кој овозможува образованието да одговори на потребите на стопанството - изјави премиерот.

ИЗВОР

Прво го девалвираа високото образование па сега на ред е средното!?
 
Какво е тоа средно образование со една или две години? Стручно средно образование? Добро досега го имаше она тригодишното, ама ова е мислам претеризам. Е некој ќе заврши средно образование со една година и ќе ми се пафка со диплома дека има средно образование! Страшно...Ах бе грујо, грујо...знаењето е сила, знаењето е моќ, но само ако имаш црвена партиска. Прво учете, факултети во секој град/ село, ама не оди домашниот есап на пазар!:nenene:

--- надополнето ---

НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА РЕФОРМИ НА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НАИДЕ НА НЕОДОБРУВАЊЕ
Средношколците како заморчиња
Мими П. Шушлеска
Стручњаците од оваа област тврдат дека ова е сосема погрешен концепт што зборува дека Владата нема стратегија за развој на образованието во земјава. - Се потврди дека задолжително средно е голема грешка што мора некако да се исправи. По навршување на 16 години, според правната регулатива, секој може да работи и никој не може да го обврзува да учи. Ова образование што сега се промовираа воопшто не е средно, туку е нижо, некој вид курс - вели Новковски.
Катастрофално и неприфатливо, додава тој, ова да се нарекува средно образование бидејќи и со завршено основно може да се работи истото што и со овој курс.

- Конкретни обуки може да се прават, ама само на група луѓе за која однапред се знае дека има потреба да биде вработена во определена фирма - вели Новковски.

ИЗВОР

Прво го девалвираа високото образование па сега на ред е средното!?

Уште кога го воведоа задолжителното средно ја направија грешката. Со сила убајна не бидува. Сега ајде да не го повлекваме законот ќе воведиме средно образование со една година.:nesvest:
Убо си кажале стручњаците...а за занаетот тој што сака да си учи занает постојат многу начини, и за тоа не ти треба никаква диплома.
 
Факт е дека мојата генерација испаднавме лабораториски заморчиња. Откако почнав на школо на нас испробаа еден куп реформи само да ни го "подобрат" образованието. Ни донесоа компјутери, 9 годишно основно, измени во предметите, во оценување..секакви к*рци и палци. Каша-попара не направија, ама тоа ни е кога сме се родиле во погрешно време. Колку и да плукаат луѓево по оваа нова реформа, ќе ви кажам дека има и некои позитивности, не е се така црно. Еве моменатлно сум во Австралија, и ако видите дека овде функционира еден сличен систем ќе ви стане јасно што мислам. Тука образованието (средно) трае до 12-та година (исто како кај нас, 8+4). Е сега, факт е дека не секое дете го бива за да учи. Средните јавни училишта се сите општи како гимназиите во Македонија, нема насочени стручни училишта и смерови (има по некое приватно или католичко школо, ама тоа е само ако вујко ти е владика па има да ти плаќа еден тон пари за ништо). Паралелно со средното, имаш и опција да одиш на TAFE, односно да завршиш курс за некоја област и не мора да одиш на факултет, имаш диплома за професија и можеш да најдеш работа. Исто, можеш и во 10-то одд, (2-ра средно) да си ги кренеш парталите, да заминеш засекогаш од школо и да си најдеш apprenticeship (баш тоа, да учиш за чирак), да изучиш некоја струка и барај таму работа после. Ова не е исто како факултет, ама може да ти најде добра работа. Поенатата ми е, мислам дека оваа реформа ќе им помогне на тие што не им се седи во училишните клупи, а сакаат да имаат диплома. Колку ќе функционира ќе видиме ама стварно премногу глупости направија зашто секој месец има по некоја голема смена во системот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom