Маце, воопшто ништо не е скандалозно - гуглни - ќе ја најдеш Рада на страната на Тафтс. Тафтс, е дел од американски образовен систем, и има програми за кои не ти треба диплома од истата струка (за разлика од затупената ЕУ) за да можеш да се запишеш. Ти треба доказ дека нема да поминеш (година, две, колку год е програмата) за да само си ја окачиш на ѕид, туку дека си човек кој има капацитет, можност да она кое ќе го научиш утре го аплицираш во пракса - значи веќе си професионалец.
Ако удриш еден гугл, ќе видиш што и како има завршено Шеќеринска - специфична програма креирана за баш ликови како неа - не е администрација, туку глобални интернационални соодноси (бизнис наспрема политика). Специфична програма со предмети кои се дизајнирани за да такви како неа да го научат и посуптилно го осознаат целиот однос на интернационални бизнис организации, невладиниот сектор и ВЛАДИ. Со оглед на тоа што е политичка фигура, била и најверојатно ќе биде дел од ВЛАДА се` што и требало како предуслов да се запише е познавање на англискиот јазик и професионален ангажман.
Не би шкодело покрај Рада и сите останатите наши популичари да присуствуваат на вакви предавања, можеби конечно ќе научат дека политичкиот успех не се базира на 4 годишно изигравање монархија... туку од многу што друго.