Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Попис нема никаква врска со било што од тоа што си го набројал. Најмалку има врска со избори.

Попис треба да направиме како што прави секоја нормална држава. И тоа нема никаква филозофија, нит пак употреба на фенси технологии, давање днк, отпечатоци, закани со ликвидации и слични дистописки глупости. Со форсирање на истите не се станува држава, туку се покажува дека се нема конекција со реалноста.
Во земја каде е подмитено се од најнизок слој до највисок нема никогаш да имаш правилен и чесен попис, како сакаш собирај го на друг начин немаш гаранција дека навистина се попишани само тие што живеат тука, ретардосите МВР штанцаат фејк документи повеќе и од мафијата. Тоа што го спомнав погоре е нешто кое го дозволува технологијата и за ситни пари повеќе од старовремскиот метод ти дава комплетна слика на секоја единка која е член на оваа држава, ајде со ДНК можеби е нексте левел, али со отисоци на рацете е најбанално нешто, а ќе ти гарантира дека нема да ти ја наполнат документацијата со духови.
 
Попис нема никаква врска со било што од тоа што си го набројал. Најмалку има врска со избори.

Попис треба да направиме како што прави секоја нормална држава
Со купени и продадени политичари бутнати во дебелите црва на ш.иптариве,е чист ризик да инсистираш за попис.Освен ако не ти се стануе малцинство у своја држава.
 
Во земја каде е подмитено се од најнизок слој до највисок нема никогаш да имаш правилен и чесен попис, како сакаш собирај го на друг начин немаш гаранција дека навистина се попишани само тие што живеат тука, ретардосите МВР штанцаат фејк документи повеќе и од мафијата. Тоа што го спомнав погоре е нешто кое го дозволува технологијата и за ситни пари повеќе од старовремскиот метод ти дава комплетна слика на секоја единка која е член на оваа држава, ајде со ДНК можеби е нексте левел, али со отисоци на рацете е најбанално нешто, а ќе ти гарантира дека нема да ти ја наполнат документацијата со духови.
А што има врска кој ќе се попише на пописот? Каква разлика тоа прави на избори побогу?
 
Излезеноста ти зависи директно од реалниот вкупен број на полнолетно население, дај му простор да направат фејк попис ќе имаш пак грешен репер за процентот на излезеност и успешност/неуспешност на изборите.
Минатиот референдум според едните беше неуспешен затоа што не излезе народот, според другите успешен, ако знаеш точна бројка на население и имаш цврсто дефинирани правила што значи успешност/неуспешност на некакви избори нема да имаш такви дилеми и циркузи.
 
Маинд сетот ни е проблем не државата ама ај.

Па баш ради тоа...

А кој не води сега?
Кој не водеше сите овие 30 години?
Кој го води цел Балкан?

Зарем мислиш дека ЕУ немале сила да му се спротистават на Бранко во деведесетите да не ја направи таа смешна приватизација или пак на Грујо да не направи режим со кој ја зароби цела држава и направи од неа своја сопсвеност и на неговите братучеди?

Па они ги носат на власт.

Освен партиските полтрони кои се радуваат на оваа или претходната влада(кои си мислат дека им е добро но е далеку од така) други кои не сакаат да се смени овој систем се токму ЕУ.Придобивките од ваквите владеења на владите од Балканот нема шанси да си дозволат да ги изгубат.

Друже мешаш баби и жаби. Ја викам да не водат официјално. И да не водат стручњаци, професори, еминентни личности во нивните конкретни области. Министерства, надзорни одбори, инспекции, судии, обвинитиели. Тоа не штима кај нас.

Не ми кажуј сеа ти тука Бирократи ко Хан, Блер, Удба, дип стејт. Тоа е политики и преку таквото од политика, тие увек ќе не водат и нас и државишта ко Турција, Холандија и сл. Така било од п.н.е така и ќе си остане. Јас за друго водење зборам, менаџирање, професионално, од стручни лица у конкретни области.
 
Излезеноста ти зависи директно од реалниот вкупен број на полнолетно население, дај му простор да направат фејк попис ќе имаш пак грешен репер за процентот на излезеност и успешност/неуспешност на изборите.
Минатиот референдум според едните беше неуспешен затоа што не излезе народот, според другите успешен, ако знаеш точна бројка на население и имаш цврсто дефинирани правила што значи успешност/неуспешност на некакви избори нема да имаш такви дилеми и циркузи.
Ама не е точно. Десет пати тоа ти викам, десет пати се фаќаш за детали што не се поврзани. Избирачкиот список има нула врска со попис. Може да си непопишан и да гласаш. Кога се прави списокот, никој не го гледа пописот, ниту па било каков податок од државен завод за статистика.
 
Мислам дека тоа нема врска со пописот, туку со избирачки список.
 
Па баш ради тоа...

Друже мешаш баби и жаби. Ја викам да не водат официјално. И да не водат стручњаци, професори, еминентни личности во нивните конкретни области. Министерства, надзорни одбори, инспекции, судии, обвинитиели. Тоа не штима кај нас.

Не ми кажуј сеа ти тука Бирократи ко Хан, Блер, Удба, дип стејт. Тоа е политики и преку таквото од политика, тие увек ќе не водат и нас и државишта ко Турција, Холандија и сл. Така било од п.н.е така и ќе си остане. Јас за друго водење зборам, менаџирање, професионално, од стручни лица у конкретни области.
Не мешам баби и жаби тие се тие луѓе.Ако сами не го смениме тоа никој од нив нема да го направи тоа затоа што нив не им одговара нормален и силен Балкан.
Те разбирам што сакаш ти да кажеш но тоа не е можно ниту пак некој од запад сака да го направи тоа само од таа една причина што ќе им наштети.Кога би го направиле тоа би изгубиле многу зошто човек со таков среден систем почнува да размислува поинаку од сега.Ќе изгуват ефтина работна сила што ќе оди таму и интелегентни умови од овие простори кои ги зимаат како "јаничари" а во исто време ќе изгубат и нивните фабрики кои овде буквално добиваат работна сила за џабе.
Нема да можат да ги контролираат и купуваат добрите работи кои ги имаат во овој дел од светот и ќе ја избегнат нивната сопсвеност.

Ако направиме систем како нивниот кого ќе имаат да изманипулираат да војува кога некој нов Турчин ќе им дојде до портите на Виена или пак кого ќе натераат да пука во својот комшија затоа што се вика Асан или Мирко за да оној кој ќе преживее утре да им ја поправа струјата,вози камионот или косе тревата во дворот во нивните држави.Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам.

Имаме и ние стручњаци,професори и еминентни личности но што мислиш ако овде на форумот ние кои сме обични луѓе знаеме како да постапиме за да го средиме системот зарем тие не знаат?
 
Ама не е точно. Десет пати тоа ти викам, десет пати се фаќаш за детали што не се поврзани. Избирачкиот список има нула врска со попис. Може да си непопишан и да гласаш. Кога се прави списокот, никој не го гледа пописот, ниту па било каков податок од државен завод за статистика.
Ни едното ни другото не се чисти тоа е проблемот, избирачкиот список сам ќе си дојде ако имаш чист попис и редовно ажурирање на истиот. Ако имаш централна база во која запишуваат и преземаат информации сите институции со едно квери имаш колку од нив имаат право на глас, колку од нив се во мкд, колку се надвор и тн.
Ние тука не знаеме ни колку народ ни живее тука, ни кои националности, ни колку се пишани како бугари, колку имаме на привремена работа надвор, колку иселени засекогаш и најтажното еден куп умрени кои уште се водат и како граѓани и како гласачи.
 
Ајде за последен пат. Избирачкиот список не се пополнува од информации од попис. Информациите од попис не се релевантен правен документ.
 
Не мешам баби и жаби тие се тие луѓе.Ако сами не го смениме тоа никој од нив нема да го направи тоа затоа што нив не им одговара нормален и силен Балкан.
Те разбирам што сакаш ти да кажеш но тоа не е можно ниту пак некој од запад сака да го направи тоа само од таа една причина што ќе им наштети.Кога би го направиле тоа би изгубиле многу зошто човек со таков среден систем почнува да размислува поинаку од сега.Ќе изгуват ефтина работна сила што ќе оди таму и интелегентни умови од овие простори кои ги зимаат како "јаничари" а во исто време ќе изгубат и нивните фабрики кои овде буквално добиваат работна сила за џабе.
Нема да можат да ги контролираат и купуваат добрите работи кои ги имаат во овој дел од светот и ќе ја избегнат нивната сопсвеност.

Ако направиме систем како нивниот кого ќе имаат да изманипулираат да војува кога некој нов Турчин ќе им дојде до портите на Виена или пак кого ќе натераат да пука во својот комшија затоа што се вика Асан или Мирко за да оној кој ќе преживее утре да им ја поправа струјата,вози камионот или косе тревата во дворот во нивните држави.Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам.

Имаме и ние стручњаци,професори и еминентни личности но што мислиш ако овде на форумот ние кои сме обични луѓе знаеме како да постапиме за да го средиме системот зарем тие не знаат?

Е за ова си у право, само не верувам до толку длабоко да идат и да размислуваат за милион луѓе :) .Ете им ги филипино, паки, индии. Од др страна па можда и би им одговарало да иаме поголем стандарт и да сме барем близу како нив, нови ЕУ аута, скапи ЕУ брендови од храна до козметика, облека, туризам...

А ова дека кај нас има стручњаци, има. Ама кога ќе видат колку е саат тука за брзо си идат. Неможе некој со просек 10 и докторант да не го есапат, а некој од ВМРо, СДСМ или Дуи со средно да биде на негова по струка позиција. Знаеш, и самиот мајнд сет шо би рекол @StefusRefus им е друг на овие од партииве, знаеш како е кога се зачленуеш у партија идеш у старт од корист. А тој професор, интелектуалец не би ни идел у партија, не му треба. Ама пошо не е у партија нееема баце работа или пак таква битна позиција за тебе...

Затоа пр министер за животна средина Швед, незз Пољак, заменици, директори на држ претпријарија, одбори, инспектори исто. И да видиш после воздухов како ќе се опраи за една година и како ќе биде чисто низ градов. Нема циментара после фрлила паричка па горела радиоактивен отпад или дрисла, па фрлале ѓубре фирми депонии правеле, па истурале отрови у реките, па се до обичен народ шо фрла ѓубре, пали дома гуми, прозори и врати... а сеа министерот ВМРО да речеме, фирмата "вмровска" -газдата, инспекторот вмроец и сеа, чист воздух ?
И сегде така треба, образование, МВР, здравство, финансии, локална самоуправа за општиниве... баш сите.

А веруј сеа у моментов да ни се понуди таква опција, пола милион гласови ко ништо ќе има. Гарантирам
 
Ајде за последен пат. Избирачкиот список не се пополнува од информации од попис. Информациите од попис не се релевантен правен документ.
Не се затоа што уште од самото потегнување на пописот се оставаат дупки за да се штелуваат резултатите како што им одговара на политичарите, нека воведат и отисок од прст како што ти пишав ќе бидат поверодостојни и од сметката во банка.
Баш ме интересира по која логика го средуваат списокот сега?
Ненормално е да имаш во денешно време 100 различни бази за овие работи, особено помеѓу државни институции, сите системи треба информациите за лицата да ги влечат од една централна база, информациите за адресата на живеење исто да се полнат и преземаат од една база. Затоа во моментот имаме еден куп умрени што сеуште примаат пензија, имаме уште држава во која поголемиот дел на куќите немаат адресни броеви, дупли улици, нема да ми падне чудно ни ако почнале да ги дуплираат и ембг како што се ажурни.
 
Од книга на државјанства. Единствената законски веродостојна база. Те има таму, државјанин си, имаш право на лични документи, имаш право на глас. Те нема, немаш. Поедноставна работа од тоа здравје. И поверодостојна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom