- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.620
- Поени од реакции
- 18.649
Ако е ова вистина тогаш Рускоска е барем индиректно вмешана во Рекет 2.
www.mkd.mk
„Тогаш ми беше речено, ако навистина ја зборувам вистината, да им дадам половина од колачот, во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене“, го пренесува Плусинфо сведочењето на Вера Иванова, сопственичката на „Диамед“.
Кривичната пријава против Ден Дончев од вчера е проширена со ново име - Зоран Милески Кичеец. Во пријавата, Иванова тврди дека од неа било барано да ја запре продажбата, но таа одговорила дека тоа веќе не е можно, бидејќи договорот е потпишан.
Парите од легалната продажба на „Диамед“ на светски познатиот провајдер на услуги на полето на дијализата, компанијата „Диаверум“ од Шведска, се блокирани во банка во Монако.
Иванова тврди дека Дончев и министерот за здравство Венко Филипче ја злоупотребиле својата службена положба и презеле дејства со цел да се спречи странската инвестиција, што резултирало и со блокирање на нејзината сметка во Монако. На оваа сметка Швеѓаните легално префрлиле околу 8 милиони евра од вкупно 11,5 милиони, а Иванова тие пари, како и парите „легнати“ на сметка на една домашна банка, уредно ги пријавила во УЈП.
По објавувањето на првата кривична пријава од Иванова, Дончев на 20 септември на конференција за медиуми изјави дека не било вршено никакво влијание врз Иванова, но призна дека ја предупредил шведската фирма, дури и писмено, преку Амбасадата на Шведска, дека имаат намера да ги испитуваат околностите под кои компанијата „Диамед“ ја добила концесијата за дијализа во дел од земјата. Тоа предупредување било упатено во период кога немало истрага, а најверојатно ни предистрага. Но, подоцна, шведската компанија била известена дека има истрага.
Дончев се товари како поттикнувач на кривичното дело уцена, за кое се товари Зоран Милески - Кичеец.
„Скандал! Блиски соработници на левичарскиот северномакедонски премиер Заев, добар пријател на Тања Фајон, обвинети за вршење пртисок на угледна меѓународна здравствена компанија“ е насловот на прилогот на словенечкиот медиум Нова 24 ТВ.
Словенечката телевизија јави дека Дончев ја изманипулирал јавноста кога на конференцијата за медиуми на 20 септември изјавил дека директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, Зоран Милески-Кичеец го познавал само од телевизија.
Но, словенечкиот новинар Рајко Голоб, авторот на текстот, тврди нешто сосема друго.
„Зад сето ова очигледно стои желбата на македонската влада за преземање профитабилни компании. Откако сопственичката на „Диамед“ на 25 октомври минатата година го потпишала купопродажниот договор со шведската компанија, добила повик од озлогласениот Зоран Милески, кој е близок со македонскиот премиер, но и со локалното подземје. Тој побарал од неа веднаш да го повлече потписот, а доколку не го стори тоа, ѝ се заканил на Иванова дека против неа ќе биде покрената кривична истрага. Без оглед на сè, Иванова го отфрлила барањето на Милевски. Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на „Диамед“. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на „Диамед“ стекнати од продажбата на шведскиот стратешки партнер“, пишува новинарот Голоб и тврди дека имало докази дека Милески присуствувал на најмалку три состаноци во канцеларијата на Дончев.
„Освен тоа, најспорно е што предметот ѝ е доделен на Рускоска, која е позната по контроверзните одлуки на штета на опозицијата и во корист на македонската влада. Благодарение на неа, членовите на македонската влада се практично недопирливи за судовите“, се тврди во текстот.
Според словенечката Нова 24 ТВ, тврдењето на Дончев дека две фирми сега имаат целосен монопол во земјата за вршење дијализа, претставува намерно лажење на јавноста.
„Деталното испитување на состојбата покажува дека има најмалку пет други субјекти за дијализа во земјата. Треба да се потенцира и дека реномираната шведска компанија е под постојан притисок за изнуда од страна на државата откако е влезена во 'Диамед'“.

Нова кривична пријава против Ден Дончев, Зоки Кичеец замешан и во случајот „Рекет 2“
Зоран Милески-Кичеец во името на директорот на Фондот за здравствeно осигурување од сопствениците на компанијата „Диамед" побарал 6 милиони евра, половина од парите кои оваа фирма ги добила од продажбата на на шведската компанија „Диаверум". Словенечката Нова 24ТВ јави дека Дончев сепак многу...