А дали било кој овде реално на земја како што е Македонија сега би и дал пристап до било каква унија?
Пародија од држава каква што сме моментално, со смкнати гаќи, обезличена и понижена од секој, каде
скандали со тендери и корупција се секојдневие - не ѝ е место во никаква унија.
Пародија од држава во која
власта протестира сама против себе, автобуски постојки
се пуштаат во употреба со DJ и диско музика, малоумни идиоти се
влечени за уши да одат на прослава на која не знаат за што прославуваат - не ѝ е место во никаква унија.
Пародија од држава во која
чипирани идиоти и
покондурена авангарда, во севернокорејски стил, со однапред научени патетични текстови, креираат култ на личност и глорифицираат политички кловн и meme лик чие место е на 8Shit и 9GAG а не на премиерска позиција, лично одликуван со
орден за глупавост од принцот на Македонија и Црна Гора - не ѝ е место во никаква унија.
Пародија од држава во која сервилниот ќерамидокршач и самопрогласен генерал - стојанче Ангелов, претседател на партија со име Достоинство, кој за 500 евра плата и 100гр сончоглед прифати да биде дворски шут во владата, достоинствено им го брише газето на random сограџани кои на Самоиловата тврдина во Охрид поставиле
20+ метарско знаме со двоглав петел, велејќи дека знамето било фотомонтажа - не ѝ е место во никаква унија.
Пародија од држава во која Дотраки од Кондово, во 2019та, се уште
каменуваат возови - не ѝ е место во никаква унија.