Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И Грујо на времето мафташе со популистички изјави, памфлети и себевоспевања, се расфрлаше со бројки од ракав во неговите бескрајни набројувања на странски компании кои што наводно ќе инвестирале. Ако само некој челник на некоја странска компанија му намигнеше на некој од неговите роудшоу покемони, уште наредниот ден свикуваа владина пресконференција со хвалоспеви за мега успехот.

Во конкретниов случај, лани економскиот раст беше средно мизерен, со едвај нешто над два насто, чинам. Еден од најниските во регионот. Вистина е дека ефектот од странските инвестиции се чувствува долгорочно, но цифра од скоро една милијарда евра како што тврдат не може да не биде забележана во економијата лани, а ланските економски проекции по сите параметри, и домашни и странски говореа за мизерна економска година. Патем, никаде не е споменато потеклото на тие пари, кои се тие компании што инвестирале а овие лани пропуштија да се пофалат за тоа.

И што к*р се крстат во тие странски инвестиции јас не знам, само знам дека 'рбетот на секоја стабилна економија е домашното стопанство, странските инвестиции се само надополнување.
И за кој стручен кадар зборат со вакво мизерно образование, се понашаат ко да сме Ирска па сме мета на високо технолошки компании. Сами велат, цитирам: "шест компании соопштиле дека донеле одлука за инвестиции во земјава, а последна е од фабрика за производство на кабли" за после тоа Муртињо Северџански да потенцира дека голем број од нив биле многу квалитетни, што само по себе е контрадикција и по автоматизам го наметнува прашањето: Што ги спречуваше тие "многу квалитетни" инвестиции да дојдат во текот на Груевизмот? Што толку Кочо и Заев направија изминативе 2 и кусур години, што завидоа толку во нас баш сега?
А, да! Оти името го сменавме и со една нога во нато сме биле. Баш економски причини се ова.
Без странски инвестиции ние сме осудени на пропаст.Само како пример, ако VW не инвестираше во Шкода од Шкода ќе останеше само Ш.Истото важи и за романска Дачија која сега е под закрила на Рено.Словачка стана пријатно место за живот само поради инвестициите од страна на КИА ,Самсунг и др.Домашно стопанство имаше едно време ама го разграбија олигарсите.Камо во текот на 90 тите фирмите да ги дадеа на странски фирми под услов да не ги испуштаат вработените.Животот кај нас ќе добиеше сосема друг тек.
 
Последно уредено:
Се шушка дека Шарениве што протестираа ќе лапаат казни за фрлање бои... какви кондомчиња, за еднократна употреба. Северxhанчиња најмили бе, aww :love:
Ако не ги казнеа, обратната песна ќе се пееше - зашто не ги казнат.
и така...
 
[/QUOTE="Makaron, post: 8614429, member: 74342"]Па нели сакавте правна држава.

Како би изледало да не се казнат?

Лошо или?[/QUOTE]

Правна држава? :icon_lol:
Ај за момент стави се во кожата на Шарените, секојдневно бојадисуваа и јадеа ќотек од Полицијата, се менува власта, не носи ни П од правна држава, си ги вработуваат синовите и ќерките, а Шарените си лапаат казни за тоа што ги донеле на власт. Трагикомедија...

Ако не ги казнеа, обратната песна ќе се пееше - зашто не ги казнат.
и така...

Што се однесува до мене слободно нека ги казнат, малку им е... кога ќе почнат да квичат сега како свињи пред колење ќе биде интересно, ене ја Мирјана Најчевска веќе почна тоа да го прави за казна од 200 евра

Види ја како хистериша...
 
Последно уредено:
Без странски инвестиции ние сме осудени на пропаст.Само како пример, ако VW не инвестираше во Шкода од Шкода ќе останеше само Ш.Истото важи и за романска Дачија која сега е под закрила на Рено.Словачка стана пријатно место за живот само поради инвестициите од страна на КИА ,Самсунг и др.Домашно стопанство имаше едно време ама го разграбија олигарсите.Камо во текот на 90 тите фирмите да ги дадеа на странски фирми под услов да не ги испуштаат вработените.Животот кај нас ќе добиеше сосема друг тек.
Да ама и еден куп помали домашни фирми кои орбитираат околу тие големи странски инвестиции. А ние што искористивме, странските инвестиции си работат скоро самостојно. Превозниците само користат од тие странски инвестиции.
Не е да се донесат странски инвестиции само колку за фалење, и да се вработата 10-20к луѓе. Туку и домашната економија покрај тие странски инвестиции да зајакне.
Овака они си изнајмија земјиште и работна снага и се друго сами набавуваат
 
Одличен текст за Западен Балкан...
Во однос на Србија, ова скратено би било - "... бате, бате, доста ме браниш ..."

„Србија заглавена меѓу лажните пријатели Русија и ЕУ“
Најголем чекор е решението на името на Македонија, но има знаци на поместување и меѓу Белград и Приштина, пишува одличниот познавач на Балканот Андреас Ернст за Ное цирхер цајтунг.


https://www.mkd.mk/svet/analizi/srbija-zaglavena-megju-lazhnite-prijateli-rusija-i-eu

„Заглавен меѓу лажни пријатели“ гласи насловот на текстот во угледниот швајцарски весник, кој зборува за позицијата на Западен Балкан меѓу Западот и Истокот.

„Од една страна стои Русија, чијашто улога сè повеќе се сведува на тоа како партибрејкер да го подрива или барем да го забавува врзувањето на регионот за Западот. Од друга страна, Европската Унија со бескраен, мошне формализиран процес на интеграција, симулира интересирање за регионот, кое веќе одамна не постои“, пишува во овој текст одличниот познавач на Балканот Андреас Ернст, кој со години беше дописник од Белград.

Фатени во таа меѓусостојба, општествата на Балканот изгледаат парализирано. Под туторство на авторитарни водачи тамошните економии стагнираат, а образованата младина масовно се иселува на Запад.

Албанскиот интелектуалец Ремзи Лани саркастично поентираше: „Транзицијата е готова. Не како што се надевавме, од диктатура во демократија, туку од репресија во депресија.“

Ернст понатаму пишува дека најголем чекор е решението на името на Македонија, но дека има знаци на поместување меѓу Белград и Приштина. Основа за тоа е начелната согласност на двајцата претседатели, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, дека одржливото помирување меѓу Србите и Албанците е подобро од замрзнатиот конфликт. За таа цел, пишува понатаму во швајцарскиот весник, Вучиќ и Тачи „пуштија пробен балон: идејата за размена на територии“, која на Запад наиде на поделени реакции.

Но за авторот интересна беше реакцијата на Москва. „До скоро Путин имаше обичај на своите српски соговорници да им вели дека ‘тој не може да биде поголем Србин’ од нив самите. Со други зборови: тој гарантира дека ќе се противи на косовската независност само додека се противат и Србите. Но тогаш минатата есен во разговорот во четири очи со Путин пропадна идејата на Вучиќ за територијален компромис. Путин, како што пренесува Максим Саморуков од московскиот Центар ‘Карнеги’, одбива трговија на чиј крај стои признавање на независноста на Косово.“

Зад тоа, пишува Ернст, се крие намерата на Русија Србија – а особено Вучиќ – да останат во прегратките на Кремљ. „Српското раководство стана заложник на проруската еуфорија, со која од деведесеттите се слави пријателството со поголемиот словенски брат. Ниеден српски политичар во својата татковина не е ни одблизу толку популарен како Путин. Вучиќ ризикува конфликт со Кремљ ако без задршка тргне по курсот на помирување (со Приштина). А тоа со голема кампања брзо може политички да го докрајчи. Кај српската Црква и во голем дел од националистичката јавност какви било попуштања во косовското прашање и без тоа важат за предавство на државата.“

„Но зошто Европејците, пред сè Германија, му се противат на договорот на Тачи и Вучиќ?

Бугарскиот политиколог Иван Крастев има одговор: ‘Никаде Европа не се однесува толку идеолошки како на Балканот’.

Тоа, смета Крастев, има врска со самосвеста на Европејците. ‘Југословенските војни го одредија идентитетот на Европејците повеќе од сè друго по паѓањето на Ѕидот’. Милошевиќ и другите националистички политичари од југословенските простори со опседнатоста за етничка доминација и борба за територии станаа симбол на ‘Европа каква што повеќе не сакаме’.“

Ноје цирхер цајтунг пишува дека по победата над Србија во 1999 година изгледаше дека национализмот и промената на границите засекогаш се поразени. „Европска Унија се градеше како лидер на мултиетничката демократија на Балканот. Тие идеи во некои држави на ЕУ се држат по секоја цена, дури и во случајот на Косово каде што таа идеја е фикција. Не е лесно да се објасни оваа идеолошка тврдоглавост. Кога би се откажале од неа заради пореална процена, тоа би било признавање дека проектот пропаднал.“
 
Дали лани ги сетивте инвестициите од 600 и кусур милиони и зошто да?

Годинава има најава милијардиче билиончич, кој не верува ќе следува реедукација во кампови наменети специјално за тоа :icon_lol:.
 
Глеам у Црногорски парламент,Џафери лом го направиле .....Предавнок,убиец,терорист .... Референдумот е фијаско ..... Лелллееееееее ги убија комуњариве .....Црногорциииии. ПРИЈАТЕЛИ ЗАУВЕК НА МАКЕДОНИЈА:oeoeoe:
 
Заев и Ахмети на кој јазик си разговараат меѓу себе? Дека нели двојазична држава сме.
Постојано на тв ги даваат како си шушкаат нешто меѓусебе, па ме интересира на кој јазик е тоа.
Заев го видовме и слушнавме дека за странски јазици е антиталент, се обрука со англискиот, Ахмети мислам нема проговорено македонски јавно, па можно ли е на македонски јазик да се договараат.
Балкански есперанто[DOUBLEPOST=1551459497][/DOUBLEPOST]
Глеам у Црногорски парламент,Џафери лом го направиле .....Предавнок,убиец,терорист .... Референдумот е фијаско ..... Лелллееееееее ги убија комуњариве .....Црногорциииии. ПРИЈАТЕЛИ ЗАУВЕК НА МАКЕДОНИЈА:oeoeoe:
Пушти линк
 
ВМРО-ДПМНЕ:
Минатата година се реализирани 624 милиони евра странски директни инвестиции или 5.9% од БДП, од кои 405 милиони евра се реинвестирана добивка на веќе постоечки претпријатија, кои се инвеститори во ТИРЗ, како резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Вистинската вредност на СДИ е само 219 милиони евра или 2.1% од БДП.[DOUBLEPOST=1551449709][/DOUBLEPOST]
А зошто не и двете работи? Зошто мора да е само едното?[DOUBLEPOST=1551450049][/DOUBLEPOST]
А како заклучи дека лажеа? Постојат официјални податоци од соодветните институции. Или мислиш дека тие институции лажеа? Во корист на другите кои лажеа?[DOUBLEPOST=1551450161][/DOUBLEPOST]
А што да се мисли на нив? Исти права за секого. А в кревет нека си прави кој што сака. Што се овие глупости со разни „права“?

Абе мене забелешката ми е со олку пилешко со хормони се повеќе мажи ќе бидат ЛГБТ. Не е само до перцепцијата, мажите се повеќе имаат естроген.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom