Абе дaј вие кoи се рaзбирaте пoише вo нaдвoрешнa пoлитикa,aмa oзбилнo ве прaшувaм.Штo aкo сегa у 5 зa 12 кoгa веќе мoрa дa гo смениме иметo,имaме ли силa некaкo дa ги уцениме сo кoнкретен дaтум чaс пoскoрo дa не примaт вo Нaтo и Еу.Имaме ли некaкви шaнси дa ги услoвиме бaрем дoбрo дa гo нaплaтиме или не?Дa им oпнеме услoв у 5 зa 12 дoдекa е тoплo?
Ма какви уцени, ние не сме во позиција да уценуваме, па и да сме, дали некој мисли дека оваа владеачка гарнитура го има тој дипломатски капацитет тоа да го изведе како што треба?
Еве ги веќе шест месеци глумиме преговори, грцине не вртат како што му одговара, се што имаа на маса се им помина.
Тоа времената спогодба, Грција не требаше да го блокира нашето членство во меѓународните организации, па газот си го избришаа со нејзе додека меѓународната заедница стоеше од страна и немо посматраше. Не обвинуваат за иредентизам а во Грција има малцинства на кои што во 21 век основни права не му се признаваат, па никому ништо.
Добивме меѓународна пресуда во наша корист па никому ништо. Тоа меѓународните судови се за вукојебини како нашата. Што рекле: пред сила нема правдина.
И да има договор, ако се вистина шпекулациите во медиумите, таквиот договор за името е најнеповолниот договор кој што можеме да го направиме. Тоа "ерга омнес" налага внатрешни промени, официјалното име ќе ни биде променето и ќе треба да се придржуваме до тој договор. Уште сега ги гледам Грците како не обвинуваат за непридржување до договорот. Нашето членство во ЕУ по тој основ можат да го блокираат до недоглед. "Ерга оменс" е џокер во ракавот за Грција. Наивно е да се мисли дека откако ќе го смениме името нашите проблеми со Грција ќе завршат. Ваквото решение ќе отвори нова низа на спорови кои што само ќе се мултиплицираат во иднина.
Да не го споменувам и лошото расположение во ЕУ за проширување со нови членки. Во НАТО можеби и ќе влеземе, тоа во суштина е и целта на големите сили, геостратешка позиција. Економскиот аспект не ги интересира. Што се однесува до нив ние можеме да тапкаме во место уште 100 години, се додека сме под нивна чизма.
По се изгледа дека предавничките изроди, корумпирани политичари ќе им го овозможуваат тоа уште долго време.