Според мене, не се има ништо сменето суштински, само некоја информација е пуштена во оптек... Не е случајна средбата меѓу Мицковски и Заев...
Иначе на Америте генерално им одговара нестабилност, па така и нестабилноста во Македонија би ја дочекале со радост.... „Незадоволството“ на Албанците од словенските угнетувачи ќе биде тригер за да пробаат прекутрупа да донесат дефакто федерализација на државава... која би значела само по себе и промена на име, химна, устав, знаме, грб... како предпоследен чекор до целосно одвојување... Кој е повозрасен ќе направи паралела со протестите за „Косово Репубљик“, кога во раните 80ти се бараше подигање на Косово на ранк на седма република во федерацијата, која дефакто уште во 91 ќе станеше независна држава, доколку и дозволеа...
Е сега можеби Заев гаел илузии за соживот, но на крај увидел како стојат работите и еднставно бара помош од бившиот режим... ете го му попушти на Мијалков и му го врати пасошот (крајно лош потег по неговиот рејтинг)...
Од друга страна војската на Илрида, одговорна за случувањата во 2015 година повторно се јави со конкретна закана да го поткрепи ултиматумот на командант Форина... и башка оставени минофрлачки гранати во двор во Арачиново, може да биде само опомена или закана ....
Од наше гледиште, во моментов тешко е да се поврзат нештата, бидејќи немаме доволно информации но како и да е меѓуетничките односи се далеку од релаксирани, поготово во власта....[DOUBLEPOST=1520493820][/DOUBLEPOST]
Не мислев на Евреите....[DOUBLEPOST=1520494424][/DOUBLEPOST]Кого не мрзи, нека чита, кој читал, нека повтори:
https://forum.kajgana.com/threads/Беса-во-отворен-протест-за-федерализација-на-Македонија.78388/