Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Без НАТО и ЕУ неможеш да го решиш стандардот. Само ке претураш од шупливо во празно и ке се задолжуваш за да поделиш плати и пензии.
Нешто како Грција, на пример, која претура од шупливо во празно и досега се има задолжено 315 МИЛИЈАРДИ евра за делење плати и пензии.
 
Не, ние немаме мака, грците имаат мака што живеат во антика и се националисти и фашисти. Има области во други држави во светот кои го носат името (Macedonia) но истите не се проблем ама затоа ние сме проблем. Што К.Р им е битно како ќе се викаме, дали ќе имаме споменик по некој лик во историјата и дали ќе се декларираме како Македонци или Северно Корејци тоа е најбитното прашање !!! Што е тоа што нив им смета и нека се изјаснат зашто за да знаеме дали ние грешиме или античкиве грци живеат во фикција дека е 2000 пне.
Имаме мака. Очајно ни треба брз влез во НАТО и ЕУ ако не сакаме да се распукаме по сите шавови и да се распаднеме како држава. Грците ич немаат мака, можат вака засекогаш.[DOUBLEPOST=1517567235][/DOUBLEPOST]
Нешто како Грција, на пример, која претура од шупливо во празно и досега се има задолжено 315 МИЛИЈАРДИ евра за делење плати и пензии.
Кој им беше стандардот на грците пред влезот во НАТО и ЕУ? Како Грција од една шутка држава стана пристојна држава откако влезе во НАТО и ЕУ? Како Бугарија по влезот во НАТО и ЕУ не престигна со стандардот и сега тие не ебат за една червена? Како Албанија има повисока (нето) просечна плата од нас? Зошто ние се такмичиме во стандардот само со Косово, Србија и Босна (сите не членки ниту на еу ниту на нато)?
 
Последно уредено:

И нас да ни подари некој 315 милијарди евра, и ние би ебеле за една червена. Добро, можеби не за една, но за две сигурно.

Одговорот на останатите прашања го имаш погоре, друг член го напиша. Додека не го решиме проблемот во главата, не помага ни решавање проблем со име, ни ништо.

Инаку, да нема забуни, и јас сум за влез во ЕУ и НАТО, но немам некој дециден став. Можеби би сменил мислење доколку наидам на добри аргументи.
 
Имаме мака. Очајно ни треба брз влез во НАТО и ЕУ ако не сакаме да се распукаме по сите шавови и да се распаднеме како држава. Грците ич немаат мака, можат вака засекогаш.
Очајно ? Од кои причини очајно ?
1. Да се спасиме од мршојадците околу нас ? Членките на нато и еу ? Зашто ? Таква политика водат ЕУ и Нато кон сите кои не се нејзини членки. Демократија ?
2. Да се спасиме економски за подобар живот ? Подобар живот нема ни случајно да не чека кога ќе влеземе во ЕУ и Нато ? Напротив ќе си остане се исто, и ќе си продолжиме да се давиме во исти проблеми. Неписмена багра ќе продолжи да ја води државата, неписмена багра ќе продолжи да купува дипломи на приватни факултети, неписмена багра ќе продолжи да наметнува не-демократски политики и така натака. А да и племето ќе си остане племе.
3. Единствена опција за спас со влез во ЕУ и НАТО е трајно иселување од Македонија и да живееме како жители од 10 категорија во некоја европска држава со солидна заработувачка.
 
Ајде да видеме што за нас како форумџии би било разумно решение на спорот со Грција. Секој нека напише што за него би било прифатливо решение, освен Република Македонија со сите нишани како досега. Што мислите дека е разумно решение и за двете страни имајќи во предвид дека треба и двете страни да бидат подеднакво незадоволни или задоволни. Ставете се во улога и на Заев и на Ципрас. Еве за мене разумно би било решението во договор кој би звучел вака некако:
- Името да биде со географска одредница од типот: Република Вардарска Македонија, Горна, Северна, Словенска или додавка од типот Скопје, со превод на Англиски. Ерга омнес.
- Промена на уставот и внесување во него на договореното име;
- Народот да се ословува како Македонци со словенско потекло;
- Јазикот да се ословува како Славомакедонски или друга кованица која ке имплицира дека се работи за друг јазик кој е од словенско потекло а не е јазикот кој го зборувале Македонците од времето на Александар Македонски;
- Историјата која ке се учи да биде со акцент на словенските корени и да прави јасна разлика помеѓу Македонија на Александар Македонски и државите и борбите за независност по доаѓањето на Словените. Темел на истата да бидат св. Кирил и Методиј, Климент, Наум......
- Менување на сите називи на улици, институции и објекти кои се крстени по Филип, Александар и останатите антички имиња.
- Тргање на сите споменици кои имплицираат антика и нивно подарување на градот Александрија.
- Грција го трга ветото за наш влез во Нато и ЕУ и било која друга организација или сојуз.
Се на се, ке треба да се потприме на нашите словенски корени.
Мислам дека вакво решение треба да е прифатливо за нас а и за грција.
Ние може да се потпреме на словенските корени, но е неточно дека немаме ништо со античките Македонци.

Од друга страна, крајно смешно и наивно делуваат антиЕУ и антиНАТО муабетите за пред кооперација, кои никогаш не нудат ама баш никаква реалистична алтернатива.
 
Тоа е компромисот. Не велам дека немаме ништо заедничко со античките македонци но ете како компромис да прифатиме дека немаме ако Грција прифати дека сме Македонци со словенско потекло. Компромис баш затоа што за НАТО и ЕУ немаме алтернатива.
 
Нато и ЕУ се не-демократски организации и ги заштитуваат своите членки по секоја цена, и функционираат како демократијата на САД односно по една бомба за секого !!!
 
Ние сме Македонци со словенско потекло, но не може едноставно да прифатиме дека немаме ништо со античките Македонци, затоа што тоа научно и фактографски и историски не е така. Не е до нас, дали ние сакаме или неќеме.[DOUBLEPOST=1517569207][/DOUBLEPOST]

Ако им е тоа услов на грците, мене ми е прифатливо (иако историски, научно, фактогравски не е точно) да прифатиме дака немаме врска со античките македонци. Да занемариме дали е точно или не од научен аспект и од политички аспект да прифатиме дека немаме врска со АМ. Тоа е компромисот. Науката не зависи од нас, ама тоа што ке потпишеме зависи од нас.[DOUBLEPOST=1517569930][/DOUBLEPOST]
Ако им е тоа услов на грците, мене ми е прифатливо (иако историски, научно, фактогравски не е точно) да прифатиме дака немаме врска со античките македонци. Да занемариме дали е точно или не од научен аспект и од политички аспект да прифатиме дека немаме врска со АМ. Тоа е компромисот. Науката не зависи од нас, ама тоа што ке потпишеме зависи од нас.
Исто како кога сакаш да ќариш некоја и и делиш комплименти меѓу кои и такви за кои знаеш дека не држат вода ама ја убедуваш во истите оти знаеш дека те водат кон целта...
 
Не, ние немаме мака, грците имаат мака што живеат во антика и се националисти и фашисти. Има области во други држави во светот кои го носат името (Macedonia) но истите не се проблем ама затоа ние сме проблем. Што К.Р им е битно како ќе се викаме, дали ќе имаме споменик по некој лик во историјата и дали ќе се декларираме како Македонци или Северно Корејци тоа е најбитното прашање !!! Што е тоа што нив им смета, и нека се изјаснат зашто, за да знаеме дали ние грешиме или античкиве грци се тие кои уствари не се во право. Факти, аргументи и се останато на маса па после поставувај услови.
Види чии пиунчиња се тие екстремни десници и кој ги организира тие националисти и јасно ќе ти е. И зошто имаше на протестот во Аустрелиа и срби со грците? Десницата во Елада е про руска од таму дува овој ветер што не гуши. Еве и на Коцијас му се заканувале по живот. Директно ради друга сила не сме во ЕУ и НАТО не ради Грција они се само извршители.
 
Ние сме Македонци со словенско потекло, но не може едноставно да прифатиме дека немаме ништо со античките Македонци, затоа што тоа научно и фактографски и историски не е така. Не е до нас, дали ние сакаме или неќеме.[DOUBLEPOST=1517569207][/DOUBLEPOST]
Од друга страна, крајно смешно и наивно делуваат антиЕУ и антиНАТО муабетите за пред кооперација, кои никогаш не нудат ама баш никаква реалистична алтернатива.
Истото го викаат и државите кои завршија со наметнатата демократија од ЕУ и НАТО односно со бомбардирања, војни и милиони жртви.
 
Види чии пиунчиња се тие екстремни десници и кој ги организира тие националисти и јасно ќе ти е. И зошто имаше на протестот во Аустрелиа и срби со грците? Десницата во Елада е про руска од таму дува овој ветер што не гуши. Еве и на Коцијас му се заканувале по живот. Директно ради друга сила не сме во ЕУ и НАТО не ради Грција они се само извршители.
Настрана тие екстремни десници, поголем проблем прави тоа што Неа Демократија е на страната на тие екстремни десници. Ако Неа Демократија по проблемов е на иста страна со Ципрас тогаш многу полесно ке се најде решение. Сега да не си во кожата на Ципрас. Од друга страна, независно од тоа што ке се договориме со Ципрас, најверојатно ратификацијата на договорот за наш влез во НАТО ке биде во време кога Неа Демократија веке ке биде на власт и низ таков состав на собранието тешко дека ке помине ратификацијата. Исто и за влез во ЕУ. Ке излезе дека независно од тоа што сме се договриле со Ципрас, пак да се соочиме со вето.
 
Без НАТО и ЕУ неможеш да го решиш стандардот. Само ке претураш од шупливо во празно и ке се задолжуваш за да поделиш плати и пензии. Инвестициите кои ке ти доаѓаат ке бидат от типот дај ни 50 мил за да дадеме плата од 200е и разни хоштаплери како Субрата Рој, Свид милк.... и други ,,бизнисмени,, кои не доаѓаат да работат ами да те закрпат и да му ја здувнат.

Како неможеш да го решиш стандардот без НАТО и ЕУ? Па 20 миљарди евра наши пари се украдени од мала група криминалци, со тие пари инвестирани како што треба и стандард и име ќе средиш. Со сите фабрики затворени у време транзиција денес друга песна ќе се пееше, со сите фирми затворени у време на Грујо друга песна ќе се пееше. Со сите млади умови што избегаа од државава ќе имавме песна за на Сан Ремо.

Да протестиравме како народ за економски и социјални проблеми во државава како што протестираме за името идентитетот, до сега ќе издејствуваме нормално општество, и влез во НАТО и ЕУ под Република Македонија. Ама...на овие што исполапаа миљарди народни пари не им одговара социјален немир и економски прашања кои ги водат директно во затвор и ако даде Господ конфискација.
 
со

со мала исправка (@Let 3 ) 900 миљарди евра и уште 100 катаљарди украдени за кои допрва треба да слушаме.
 
Не бе и тоа шо викаш, дај за името ќе збориме, тоа леб на маса ќе донесе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom