Mirjana Najchevska
15 January at 15:32 ·
Е Беса, Беса, правото е сериозна работа, а човековите права можат да бидат заштитени само во услови на владеење на правото. Се друго е драга моја политички волунтаризам спакуван во националистичка обланда која ги затвора очите.
Или се држиш до правото или го прилагодуваш на сопствените предрасуди. Трето нема.
А правото вели: кога во закон ќе ставиш услов тој услов треба да се почитува.
Многу ме разочара дете, ама изгледа национализмот е преголем залак кој тешко се голта.
Прашањето е до кога ќе се одложува пописот и до кога ќе се прават стратегии во државата без да се знае точниот број на население затоа што некој сака ди си игра со балонот на национализмот?
И дете, оди прочитај ја Повелбата пред да застанеш пред студентите.
Таков е редот.
А кога се повикуваш на историјата имај трошка доблест и препознај ги сите оние кои тогаш застанаа не во одбрана на Албанците туку во одбрана на еднаквоста и вредносниот систем на човековите права.
И да дете се срамам од себе. Се срамам заради тоа што сум те учела а не сум успеала да те научам.
Тоа ти е.