S
silmarillion
Гостин
По објавените разговори напишав, не пред. Мислата ми е, да скратам, ЕУ и САД не му го свртеа грбот на Грујо поради економската соработка со Кина и Русија. Криминалот, корупцијата, приватната држава итн. беа причините.
Камо среќа корупцијата во државата да почнела со Грујо. И уште повеќе камо среќа ЕУ и САД да имаат искрени намери во расчистување со корупцијата. Тогаш може прво би прочепкале во споствените дворови па после ќе продужат да бидат суперхерои во светот. За корупција во ЕУ сум лично сведок на моја кожа и тоа директно поврзана со една нивна амбасада тука, ама не би на форум за тоа.
Кога збориме за ЕУ и САД не збориме за држави, него за поединци кои се силом прилике нивни претставници. Секој од нив има и личен интерес, (Хан пример), првиот момент кога ќе се загрози личниот интерес, или кога ќе те свикаат од дома да удриш камшикот пошто не играат по твој ќејф онда распалуваш и критикуваш ко мислиш од вчера почнале да крадат овие а ти не си ни знаел.