Очигледно критиките за овие новиве ги имаат резервирано за 2021 година или понатаму.
Баш типично македонски - 3 напред, 2 назад, но истовремено многу потсетува на пастирот и пвеводбениците, тие продаваа магла величејќи го минатото, а истовремено потсетувајќи ја јавноста на лицето Б.Ц. и неговите соработници.
Иронично, тие кои наводно ги нејќат пастирот и пвеводбениците, стануваат исти како нив, а за жал, токму благодарејќи на такви луѓе, пастирот и пвеводбениците можат да ни` се повторат, но не во 2021 година или подоцна, туку уште сега, бидејќи некако не делуваат заинтересирани за да ги критикуваат овие сегашниве кои сега се на власт.
Колку за споредба, во САД нема ден кога не му го потпалуваат огнот под нозете на Доналд Трамп, а истовремено нема ни к од критика за Барак Хусеин Обама - борецот за чиста околина кој го потпиша Парискиот климатски договор, а летниве горештини ги поминува разладувајќи се на јахта - дизелаш, а не електрична.
Ама Македонија не е држава кандидат за политички, економски или не знам каков сојуз со Русија, Индонезија, Куба и ФИФА, туку е држава кандидат за полноправно членство во ЕУ.
Преседанот кој ЕУ го прави со амнестирањето на терористите од 2001 година, ја отвора вратата за нови такви преседани во иднина.
Зошто ЕУ не ги охрабрува Франција, Белгија и Велика Британија да ги амнестираат терористите кои вршат терористички напади на нивна територија ?
Или зошто ЕУ не ја охрабрува Германија да ги амнестира силувачите од католичкиот Божиќ 2015 ?
Јас не негирам дека македонските политичари се виновници за амнестијата од 2002 и од 2011 година, но самиот факт дека ЕУ не се спротивставува на ваквите преседани - може да воведе дополнителен услов за членство да биде судска разрешница за злосторствата од 2001 година - говори дека на ЕУ не и` пречат нашите криминалци и терористи, а како што веќе спомнав, молчењето значи одобрување.