Да си кажам и јас моето мислење за темата за Словените
По археолошки и лингвистички податоци нема сомнение дека Словените потекнуваат од културата Прага - Корчак на територијата на денешна западна Украина, Молдавија, источна Романија, Чешка и јужните делови на Полска. На север древните Словени граничат со балтски племиња, на запад со германски, на исток со ирански, на југозапад со илирски, а на југоисток со тракиски. Ова е потврдено од јазичните контакти и од странските зборови во словенските јазици.
На оние кои разбираат руски им препорачувам да ја прочитате оваа книга на светски познатиот археолог Марија Гимбутас за Словените. Напишана е на релативно достапен јазик без многу тешка научна терминологија.
Словени. Синовите на Перун.
http://historylib.org/historybooks/Slavyane--Syny-Peruna/
Што вели лингвистиката за прататковина на Словените ? Несомнено Словените пред да се поделат на различни групи се наоѓале меѓу германски и ирански племиња и во исто време се почувствувале силно јазично влијание од Келтите.
Само неколку кратки примера :
Словенското Бог доаѓа од иранскиот збор baga (God), старословенскиот израз ''Бога ради'' доаѓа од иранското bagahya rādiy, словенското мир (peace) од иранското mivr<индо-ирански. *mitr(a) - 'Митра, бог на договорите, чувар на правдата и вистината. Словенското раj (paradise, heaven) доаѓа од иранскиот збор rāy- богатство, среќа.
http://www.philology.ru/linguistics3/ivanov-88a.htm
Популарното словенско окончание на личните имиња - мир (Добро
мир, Стани
мир, Владимир ... ) веројатно доаѓа од стариот ирански збор मर्य marya (a man, a male)
http://dsalsrv02.uchicago.edu/cgi-bin/philologic/getobject.pl?c.4:1:3524.apte
Зборови во прасловенскиот јазик навлегле од келтските јазици
Праславовенскиот збор *korva крава од келтското car (a) vos елен (deer). Праславовенското *kon (horse) влегува во словенските јазици од келтското *kanko-/*konko отскокнување.
http://philology.ru/linguistics3/trubachev-82b.htm
Германски зборови во прасловенски
Праслав. *меч (sword) од готскиот збор *mekeis (sword), шлем (helmet) од готскиот збор *helm, словенското лихва (dividend) доаѓа од готското *leihve со истото значење.
Заклучок :
Прататковина на Словените не е на Балканот и тоа се докажува од археологијата и лингвистиката.
Втор заклучок :
Нема таен светски заговор на Илуминатите против словенската историја ! Ова го велам специјално за такви како
@Кариес.