Слободно кампување - Тура за почетници ?

  • Креатор на темата Креатор на темата боокац
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Возраст
33
Локација
Skopje
Здраво, незнам нешто многу околу кампувањето али имам голема желба за кампување.

Ме интересира дали може некој да ме советува за некоја лесна и интересна тура за почетници. До максимум 3 дена низ Македонијава.

По можност да не биде камп.

Исто така места кои што се безбедни и достапни за кампување за почетници..

Фала многу.
 
Само еднаш иам кампувано, за една ноќ. Беше почеток на Јули, ланската година, на една ливада над с.Раштак (Скопска Црна Гора).
Од сиромашново искуство би ти дал совет :
-секад земи барем 50% повеќе од водата што мислиш дека ќе ти биде доволна (истото важи и за тоалетна хартија).
-тргни порано и одвој повеќе време за поставување на шатор и други логорски средства
-колку фин шатор да имаш, добро ќе ти дојде вреќа за спиење, посебно ако си на место каде што има константен ветер
-спреј против комарци

Местово го препорачувам бидејќи не е одалечено од население, а сепак е мирно, има убав поглед, а и убави шуми за шетање.
Друго би ти препорачал во близина на Марков Манастир (малку појужно по течението на реката), ама во период кога нема комарци, и ридовите околу Кожле (во близина на тврдината).
 
Фала многу за советите, мислам дека местава што ми ги кажа се одлични за почетници. Ќе ги земам во предвид за прво кампување.

Иначе вреќа за спиење планирав да носам во секој случај.

Ме интересира исто на овие места што ми ги спомна, како располагаат со диви животни и безбедност :)
 
Црногорието
Манастир Св.Архангел, 2-3км над село Кучевиште. Сум бил повеќе пати(но и на други релации таму)
како и Манастир Св.Никита и Манстир горни Св.Илија.Но за почеток бирај првиот или третиот се покрај река со студена вода.
Вода за пиење имаш чешми со природна вода таму.Ливади за камп покрај река.Места и дрва за скара има.
Од таму преку ден може да шеташ колку сакаш нагоре по реката,ќе видиш еден куп напуштени воденици.
Не му се плаши од диви животни,повеќе досаѓаат мушички ако ги има.
Китка
Едно место после Преслап,одлично за кампери-и обавезно да одиш после селата Количани патот те води право таму...
Кадина река - викенд населба,модерна со повеќе куќи,има и стални жители,ливади покрај чиста река,шума на сите страни,
Порано пред 20-30 години,патот на крај спуштањето до местото не беше асфалтирано,мала делница до 0,5км.
-
Марков манастир-не го препорачувам,освен за еднодевен излет што го практикувам цело лето и тоа над манастирот.
Има убаво место таму за поголемо друштво и добар викенд преку реката има мост.Но вода нема за пиење.
Досаѓаат мешатаните со паркирање-перење камиони или пуштени говеда-кози.
Оди сепак еден ден и појди по течението на реката угоре кој убавини ги има и мали корита во карпите за капење.
-
Ова за во близина на Скопје,а за низ Македонија имаш стварно еден куп „секаде“
На пример во Азот, покрај Бабуна, сигурно,чисто,мирно население,шума,река и се О.К.
Плачковица, од било која страна да фатиш, одлична релација за камп и питома планина.
Ама и Пониква или пак Кожув,може да одиш на три дена,кај смрдливата вода.
Таму летно време работеше и фурната. Ама тоа е веќе место со народ.
 
Последно уредено:
Ме интересира исто на овие места што ми ги спомна, како располагаат со диви животни и безбедност :)

Во Македонија не му се секирај многу за диви животни (освен се разбира, видот Homo sapiens).

Здрава пракса е да имаш основни средства за заштита, пепер спреј како прво, нож со добро сечиво како второ, пошто за кампување ќе ти треба и онака. Мало секирче е исто така корисно, и не само за припрема на дрва за оган (иако добар квалитетен нож може да ја заврши и таа работа).

Би го повторил советот од Анчо, дека населението окулу Бабуна е едно од најмирните најнормални луѓе во државава и на планетава воопшто. Велат дека изворите на Бабуна се прекрасни, планинарскиот дом Чеплес треба да е во близина. (планирам да го видам во скора иднина)


Секако, нека те посоветуваат вистински кампери за финесите и за неочигледните работи. Моето искуство се сведува на кампување во кампови.
 



Osnoven tutorial...izgledaj se
 
Последно уредено:
Bitola preku pelister do pretor! Razgledaj google maps
 
Фала многу за советите, мислам дека местава што ми ги кажа се одлични за почетници. Ќе ги земам во предвид за прво кампување.

Иначе вреќа за спиење планирав да носам во секој случај.

Ме интересира исто на овие места што ми ги спомна, како располагаат со диви животни и безбедност :)

Па види, имам кампувано само на првото место што ти го напоменав т.е. на Скопска Црна Гора.
Додека кампував не забележав диви животни, бидејќи бев релативно блиску до селото (300 метри над границата од селото).
Е сега бидејќи следниот ден шетав кози со еден од другариве (козар е чоекот) кучињата се стрчаа по нешто, а другаров рече дека најверојатно е волк или лисица - кои се појавуваат често околу козите т.е. му имаат лапнато неколку до сега.
Ние немавме никаков проблем освен недостаток на вода и преладени бубрези од потценување на временските услови
Околу безбедноста убаво е да знаеш дека има албански села во тој предел, и дека македонско против албанско село често има препирки, но не верувам дека некој ноќе ќе ти дојде до логорот да ти прави проблем за билошто, напротив неам слушнато за нешто такво од луѓето тамо (препирките се најчесто помеѓу млади тестостеронаши).

А другите места се прилично безбедни од што имам распрашувано.

Следно би сакал Кожле т.е. тој пределот околу Таорска клисура да го кампувам, од што имам гледано слики, изгледа прилично фино.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom