Слободни работни места во преставништва на странски организации (ЕУ, УНДП)

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Во суштина луѓето се малку скептици за вработување на вакво работно место, но искрено јас знам многу луѓе што се вработиле преку оглас, па вреди да се проба.

Станува збор за работни места во Македонија и околината (најчесто Косово), а веб страните се следни:


  • Отворени работни место во ЕУ мисијата во Македонија-ТУКА
  • Отворени работни места во UNDP Macedonia-ТУКА
  • Отворени работни позиции во UNDP Kosovo-ТУКА
Станува збор најчесто за работни места во админстрација, работа на проекти и сл.
 
Несакам да ве разочарувам,но треба да се иде скептик по овие организации.Тоа е магичен круг,каде секогаш се знае кој влегува,а кој излегува.Ако почнеш како волонтер,имаш шанси,во спротивно шансите ти се 0,00009% без врски:)Потврдено,видено,докажано.
 
Ако е така, тогаш треба, односно МОРА правење медиумска и друга бука.

Треба дискриминацијата, непотизмот и другите видови корупција да се сведат на минимум. Посебно во ООН.

Затоа, нека не се биде апла скептик,туку нека се испочитуваат правилата и нека се тера правдата ако има потреба.
 
бидејќи работев како обезбедување на делегацијата на мисијата на еу кај нас ви тврдам дека они бараат максимално јако образование кое го тестираат самите странци е сега за оние позиции каде тестираат нашите е тука е проблемот а има и такви работни позиции али не е на одмет да си ја пробате среќата бар тука кај нас
 
Ако е така, тогаш треба, односно МОРА правење медиумска и друга бука.

Треба дискриминацијата, непотизмот и другите видови корупција да се сведат на минимум. Посебно во ООН.

Затоа, нека не се биде апла скептик,туку нека се испочитуваат правилата и нека се тера правдата ако има потреба.

Странци во овие организации се само во врвот.Конкретно во УСАИД,странец е директорот на мисијата кој се менува заедно со амбасадорот на Америка,потоа директорот за економски прашања,кој исто така се менува заедно со амбасадорот.Значи поставата на Американците не се остава овде,да не се зарази со некој наш вирус:).Оние останати странци во редовите на мисијата,се дојдени преку мировниот корпус.
Оние кој се поставени за менџаери на проекти се македонци и тука налетуваш на голата македонска вистина.Они вработуваат,луѓето од врвот не се замараат со интервју,туку ја гледаат исправноста на постапката која гласи:Јавен оглас 15 дена,тестирање на кандидати (нели тие што треба да влезат веќе ги имаат тестовите),интервју со најдобрите и прием.Препораките за местото се од нив самите:)
И така македончето се труду и труди да влезе некаде и на крај останува трудно:smir:
 
Јас сум вработен на парт тајм во странска организација без никакви врски и сл.

Мислам дека CVто и работно искуството се она што е пресудно да ја добиеш работата. Барем така говори моето искуство.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom