Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.351
- Поени од реакции
- 12.364
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
Што означува „Адам“? Човештво нели? Ха-Ева секако е име што „Адам“ и го дава... кој знае зошто!
На еврејски Адам е A(leph)D(alet)M(em)
DM e крв.

А крвта никогаш не прекинува, кај човештвото иако има сказни и во грчките митови и во еверјските учења дека имало „прекин“. Секогаш некој преживува за да може да преживеат и учењата

И пак учењата се уништуваат од оние кои неповикани - одеднаш одлучуваат да бидат „толкувачи“ на тајните учења предавани со еони на човешвтото.
Затоа и во религиите имаме нелогичности во однос на „пишаниот збор“, во однос на слободата помеѓу луѓето и божественоста!
Постојано „јаз“ се копа и се омаловажува човекот, наместо да се бодри да биде подобар во однос на божественото - бидејќи во неспремен храм - ниту глувци не се доселуваат не пак бог да заседне и да се извршува неговата волја!

Во источните философии животот е еден и единиствен - непрекинат! Тоа што не се сеќаваме на претходните искуства - е наш проблем, не на универзумот.
Затоа и запаѓаме во постојани исти борби и слични искушенија, можеби малку посилни за да ја скршат обвивката подобро.
На добар пат сме да ја доживееме судбината на глувците во експериментот ама да се надеваме дека разумот ќе победи и дека сепак не сме само глувци!?