Слободната воља и религиите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ipsissimus
  • Време на започнување Време на започнување
За да се дојде до религиско поимање на слободната волја можеби е потребно да се направи еден поширок осврт од неколку аспекти.

На пример од еден генерален академски аспект би можело на следниов начин да се постави дилемата.
Слободната волја е способноста на поединецот да донесува одлуки за неговото однесување. Хуманистичките психолози тврдат дека луѓето имаат свесна контрола врз сопствениот живот и дека и покрај биолошките фактори, луѓето можат да направат значајни избори во ограничувањата на биолошките влијанија.

Од друга страна, Детерминизмот е кога човековото однесување е контролирано од внатрешни или надворешни фактори кои дејствуваат врз поединецот.
Постојат многу различни видови на детерминизам, вклучувајќи: биолошки, еколошки и психички.

Биолошкиот детерминизам се однесува на влијанието на гените врз однесувањето, околинскиот детерминизам е кога однесувањето е предизвикано од претходно искуство преку класично и оперативно условување, додека психичкиот детерминизам, предложен од Фројд, е кога однесувањето на возрасните се определува со комбинација на вродени нагони и рани искуства.

Накратко кажано за двата поима, слободна волја е кога поединецот е способен за самоопределување но оваа теорија е доста критикувана од научната заедница и се верува дека претставува само една илузија.
Детерминизмот е ставот дека секое однесување е контролирано од биолошки или фактори на животната средина што делуваат врз поединецот, иако одредени истражувања покажуваат дека однесувањето не е 100% одредено од гените.
Ако се анализираат животите на многу луѓе, може да се најде објаснување на нивните постапки и ставови во искуствата, т.е. екологијата и генетиката која влијае на психологијата т.е. личноста.
Јас може за себе да кажам најголем дел од делувањата ми се или научени или вродени предиспозици, ретко што ми е необјаснето или сосема мое. За себе најдобро си знам...
 
Слободната волја е исто така особина на човекот, како и разумот..., биолошките особини, особините на природата се детерминанти кон кои човекот свесно и слободно одлучува како ќе се однесува не исклучувајќи го нивното влијание, тоа од почеток ти го нагласувам. Никако да влезеш во муабетот.
Која глупа логика е човекот СЛОБОДНО и СВЕСНО да направи десна и лева патика, потоа наопаку да ги носи, за да докаже дека особината на природата т.е. материјалот од кои се направени патиките се пресудни ?!!!

Освен некреативноста за ваква дискусија, само заглавуваш дополнително во простаклук и некултура.
Затоа те посоветував да се воздржиш од коментари, а повеќе да следиш, читаш можеби нешто ќе разбереш. :misticen:
Која легенда си ти човече.... Слободната волја е можност да бираш, што ќе биде избирот, одлучува особината! Треба посебно ниво на глупост да не го разбереш примерот со патиките, екстремно ниво на глупост....
 
...
Ако се анализираат животите на многу луѓе, може да се најде објаснување на нивните постапки и ставови во искуствата, т.е. екологијата и генетиката која влијае на психологијата т.е. личноста.
Јас може за себе да кажам најголем дел од делувањата ми се или научени или вродени предиспозици, ретко што ми е необјаснето или сосема мое. За себе најдобро си знам...
...тешко е да се направи такво разграничување
...човекот е интерактивно битие
...или ако милваш попластично,функционира како систем на врзани садови :)
 
Човекот е треба да се учи дека е далеку послободен од она што зборуваат старите религии и како богот кој што знае се, може се, и нормално 0 казнува се бидејќи не е по пишаниот и толкуваниот збор во светите книги на старите религии.
Човекот има слободна волја да биде што сака и што може во животот, онаа највнатрешна потреба за исполнување на сопственото битие и за тоа не постои религија, бог, богови или универзум што ќе го казни во овој живот, после смртта, после не знам која смрт по ред итн итн...

Човекот треба да се учи дека е тука за човештвото, така ќе нема луди идеи како некој би имал слободна волја да силува, да убива, да наштетува на било кој начин на другиот...
Затоа со слободната волја доаѓа и должностите кон себе си и другите - и не може поинаку.

P.S. Негирањето на слободната волја кај другиот, ја истиснува и вашата слобода! Двајца робови... за каде се?
 
Човекот е треба да се учи дека е далеку послободен од она што зборуваат старите религии и како богот кој што знае се, може се, и нормално 0 казнува се бидејќи не е по пишаниот и толкуваниот збор во светите книги на старите религии.
Човекот има слободна волја да биде што сака и што може во животот, онаа највнатрешна потреба за исполнување на сопственото битие и за тоа не постои религија, бог, богови или универзум што ќе го казни во овој живот, после смртта, после не знам која смрт по ред итн итн...

Човекот треба да се учи дека е тука за човештвото, така ќе нема луди идеи како некој би имал слободна волја да силува, да убива, да наштетува на било кој начин на другиот...
Затоа со слободната волја доаѓа и должностите кон себе си и другите - и не може поинаку.
Чуден пост...Хепта ти ли си!??????
 
Слободната волја е можност да бираш, што ќе биде избирот, одлучува особината!
Море космонаут еден, се разбираш ли воопшто што вртлог те дави цело време?!

Да ти ја преведам сопствената небулоза: си викаш дека можеш да избираш со слободната волја, но особината не ми дава да изберам, одлучам?!!! А, слободната волја е истовремено особина на човекот да одлучува?!!!
Премногу си трагичен лик човек да ти се смее, критикува...., Господ напомош!:popce:
 
...

...тешко е да се направи такво разграничување
...човекот е интерактивно битие
...или ако милваш попластично,функционира како систем на врзани садови :)
Во последно време се повеќе луѓе стануваат креатори на "своја" реалност. Нешто мислат и читаат самоистомисленици и стануваат се поубедени во своите ставови. Циркулус вициосус го викаат тоа.
 
Тоа нема врска со слободната волја, штом има казна...
Казна мора да има затоа што ако нема казна тогаш ќе настане башибозук,првата Божја казна е совеста после си има степенувања на казните,слободната воља ја има човекот тоа е точно,ама дали еден човек може а распознае правилно од неправилно и сходно на тоа да презема чекори е друга работа,тука се и искушенијата така да слободната воља е поврзана и со други работи
 
Интересно што сметаш дека совеста е казна, а како второ дека е „божја“ православна казна... и има степенување во казнување на човекот. Инквизиција на небото!
Слободна волја отиде во неповрат бидејќи сезнаен бог, кој што знае дека ти утре ќе згрешиш - сепак ќе те казни со „втора смрт“.

П.С. И не треба да има концепт на казна од страна на боговите, тоа е... не знам, апсолутно непотребно и некако како силување на човештвото.
 
Море космонаут еден, се разбираш ли воопшто што вртлог те дави цело време?!

Да ти ја преведам сопствената небулоза: си викаш дека можеш да избираш со слободната волја, но особината не ми дава да изберам, одлучам?!!! А, слободната волја е истовремено особина на човекот да одлучува?!!!
Премногу си трагичен лик човек да ти се смее, критикува...., Господ напомош!:popce:
Не реков дека особината не ти дава, туку дека таа е клучна, одлучувачка, тоа што дава насока на волјата. Ти можеш да ги игнорираш особините, да носиш одлуки спротивно на нив, бидејќи имаш слободна волја, не си робот, но тоа ќе повлече последици. Поентата е дека слободната волја сама по себе не е причина што ќе биде некоја наша одлука, тука одлучувачка улога имаат особините на човекот што го дефинираат неговиот карактер, што ја дефинираат неговата личност. Ти не дека не го знаеш ова, ама мора со сила малоумен да се правиш за да не се најдеш во конфликт со своите верувања.
Нема поголема иронија од тоа човек што како причина за хомосексуалност наведува пари, да ми кажува дека мојот став бил небулоза а јас трагичен лик....

П.С. Не ми одговори - Дали Фреди Меркјури, Џорџ Мајкл, Елтон Џон, Версаче биле хомосексхалци поради егзистенција? За пари?
 
Во последно време се повеќе луѓе стануваат креатори на "своја" реалност. Нешто мислат и читаат самоистомисленици и стануваат се поубедени во своите ставови. Циркулус вициосус го викаат тоа.
...не знам дали воопшто е потребно да одговорам на ваков пост,но ете заради мојот став спрема претенциозноста како нуспроизвод на едно површно размислување
...човечкиот мозок,сетила и душа не функционираат како "еднонасочна улица"(иако кај некои желбата за што поголем комфор ги прави такви) :)
...во нашата внатрешност се случуваат мала милијарда процеси за кои не сме ни самите свесни,а го менуваат нашиот комплетен ментален и душевен склоп
...не постои матрица,нема дефиниција
...се е флуид
 
Не реков дека особината не ти дава, туку дека таа е клучна, одлучувачка, тоа што дава насока на волјата. Ти можеш да ги игнорираш особините, да носиш одлуки спротивно на нив, бидејќи имаш слободна волја, не си робот, но тоа ќе повлече последици. Поентата е дека слободната волја сама по себе не е причина што ќе биде некоја наша одлука, тука одлучувачка улога имаат особините на човекот што го дефинираат неговиот карактер, што ја дефинираат неговата личност. Ти не дека не го знаеш ова, ама мора со сила малоумен да се правиш за да не се најдеш во конфликт со своите верувања.
Нема поголема иронија од тоа човек што како причина за хомосексуалност наведува пари, да ми кажува дека мојот став бил небулоза а јас трагичен лик....

П.С. Не ми одговори - Дали Фреди Меркјури, Џорџ Мајкл, Елтон Џон, Версаче биле хомосексхалци поради егзистенција? За пари?
Фала на Бога, ми ги услиша молитвите, почна да “ легнуваш на брашното“, иако е сеуште прилично конфузно има извесно покајание (преумување,морам да ти го преведам зошто и тоа пежоративно го разбираш) кај тебе, само продолжи така Господ е голем ќе ти се отворат многу хоризонти(y).

Суштинско, егзистенцијално важно прашање е слободата и слободната волја за смислата и начинот на постоење на човекот, затоа толку се "измачувам" со тебе по оваа проблематика, за општо добро на сите овде што потчитнуваат, обременети со логиката на овој свет, актуелната политика, веќе т.н. "корона религија", и мноштво тривијални "проблеми"....

Татковски совет: не го повторувај "хомосексуалново прашање" осолободувај се од безвезности...:)
 
Ај сега одговори ми штом ти биле услишени молитвите, како може да постои слободна волја, ако господ го знае крајот на секој исход уште на почетокот?
Еве што пишува во Исаија 46:
10.Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сè што Ми е по волја.’
 
25 пати ист или приближно исти резултат.

Кој "Адам" е по ред што го живее човекот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom