Слатка лага или горка вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Возраст
36
Локација
Битола
Што е според вас подобро..

Лага која носи насмевка и која на некој начин некој ќе развесели..
или пак, горчлива вистина која ќе донеси само огорчување и солзи?

Доколку морате да бирате, што би избрале?
 
Што е подобро?Според мене ни едното,ни другото.Лагата е сепак лага,која на крајот може да се дознае и кога ќе дојдеме до вистината да ни донесе болка и разочарување.Но сепак,треба да се внимава и кога се кажува вистината,да се одбере момент и време,кога и како да се каже и на кој начин за да не би ја повредиле,навредиле личноста на која и ја кажуваме.
А доколку би морала да бирам,би ја одбрала сепак вистината,каква и да е,бидејќи неа можам да ја кажам и на начин кој нема да донесе само солзи и разочарување:pipi:
 
Вистината дефинитивно...каква и да е колку и да боли тоа е факт,вистина:toe:
 
Што е според вас подобро..

Лага која носи насмевка и која на некој начин некој ќе развесели..
или пак, горчлива вистина која ќе донеси само огорчување и солзи?

Доколку морате да бирате, што би избрале?
Лагата само ќе не развесели во тој момент. И потоа ќе се каеме зошто сме поверувале во нешто во кое не требало. Па ќе ни биде уште потешко.

Сепак некогаш ќе мора да се каже вистината каква и да е. Болна или не, ќе мора да се соочиме со нејзе порано или подоцна. Подобро тоа да биде во истиот миг, отколку по некое време повторно да се навраќаме на она што поминало.
 
Вистината колку повеќе се оддолжува,толку повеќе е болна и носи огорченост и солзи.
Преферирам да ми ја кажат директно вистината во лице.Првите моменти ќе ми бидат болни,но како и за се во животот ќе продолжам понатаму.
 
Преку к*р со тие глупости,вистината била најдобра,секогаш ја кажувам само вистината и ништо друго,ај да не се лажеме.Секој од нас некогаш излажал нешто за да помогне некому...некогаш мала ситница може да помогне и да извлече некого од бездната
 
Па сега зависи за каква лага станува збор.Има безопасни лаги,мали лаги кои ако се скријат не менуват ништо,а има и такви кои можат животот да ти го сменат.Ако е некоја банална,небитна работа,тогаш бирам лага која носи насмевка,ама ако се работи за нешто крупно и големо тогаш ја кажувам вистината по секоја цена.
 
pa lagata moze u momentot ke naprai da se cuvstvuvam podobro ama so tek na vreme se se doznava i togas koa ke doznaam ke mi bide beter...taka da mislam deka e bolje vistina
 
Леле мн тешка тема.Без двоумење вистината,колку и да боли тоа би го одбрал.Лагата само на кратко ќе не развесели.И многу е потешко после одкога ќе дознаеме дека било лага.
 
ех сеа .. дилема .. точно дека со лагата ќе живеам некое време и ќе ми биде ок, ама мислам дека коа ќе дознаам повеќе ќе боли отколку одма да ми ја кажале вистината .. :)
 
Зависи од то од каква важност се и зависи за шо се работи. а бе се е релативно :) То шо не го знајш,не можи да те повреди. Макар шо мразам да ме лажат(а кој сака?!). Ама ете пак ќе речам...зависи за шо станва збор.
 
Тоа обично го викаат бела лага. Лага која е кажана со цел да не се повреди некоја личност, а не за лична корист. Мислам дека во некои ситуации подобро е да се излаже, иако генерално сум за вистината.
 
Па сега зависи за каква лага станува збор.Има безопасни лаги,мали лаги кои ако се скријат не менуват ништо,а има и такви кои можат животот да ти го сменат.Ако е некоја банална,небитна работа,тогаш бирам лага која носи насмевка,ама ако се работи за нешто крупно и големо тогаш ја кажувам вистината по секоја цена.

Да. Зависи за каква лага.
Ако е ситна, мала, небитна, да, бирам лага..
А ако е крупна, голема..Јас би играла на..Прво лага, за да се смират страстите во стресната ситуација...Па после кога ситуацијата ќе биди поопуштена, вистината..
Така помалце би болела..
 
И мене ми е тешка темава и се мислев како и цел живот што како. Сите избравте вистина. Ама во даден момент гледате да угодите на соговорникот, другарката, партнерот било кој и сакате да е среќен истиот. Е сега различни мислења. Ми се десило и то и тоа. Ми се десило да прекрија м не излажам само да не пати и тагува мојот близок. Ама пак од друга страна, колку порано се открие значи каже вистината толку порано таа рана ќе заздрави и ќе се учи од грешките, таа особа ќе биде појака. Се ставам на такво место и би сакала да ми се каже вистината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom