N
NikolaMKD91
Гостин
Не ми се верува кајгана да постои 8 години, а никој да не отворил гурманска тема за нејзиното височество СЛАНИНАТА .
Кажувајте како ја спремате и јадете сланината , на скара, печена, под вршник, во тавче. Мене како и да ми ја зготват секако ми е убава. Ама обожавам ленти сланина на скара со буковка, топло селско лепце и црвено вино. Исто јадам тазе топол ајвар со сланина Уффф
Знам дека темава е ептен гурманска, на сите ќе ни течат лиги. Исто така нека биде и за споделување на рецепти со сланина, добро ќе биде готвачите на форумот да се јават и да споделат со нас некои деликатеси од ова вкусно јадење. За почеток јас ќе споделам некои рецепти :
11 начини на спремање сланина
Факти за сланината :
1.Сланината помага при мамурлак подобро од кафето.
2.Се препорачува бремените да јадат сланина во текот на бременоста бидејќи сланината во себе содржи холин (Cholin) кој помага во развитокот на мозокот на бебето.
3.Сланината предизвикува зависност .
Бујрум гурмани навалете