Слаб карактер

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Возраст
33
Што подразбирате под она - личност со слаб карактер? Што е за вас слаб карактер уствари? Што мислите за таквите луѓе?
 
Човек со слаб карактер за мене е чоек шо нема свој став или не може да застане зад својот став.Нема свое јас во општеството и опкружувањето,најчесто е управуван од другите.

Имам некои шо ги познавам вакви никој не ги почитува сите си играат со нив си прават шо сакаат со нив.Секако дека се на потсмев на другите.
 
Според мене луѓето со слаб карактер не ги бранат своите ставови,кои е прашање и дали ги имаат,лесно потпаѓаат под туѓи влијанија,лесно го менуваат мислењето под дејство на другите,не се борат за докажување на правилноста на нивното мислење туку го менуваат.
Добро сега зависи,може да се смени мислење ако другото е навистина подобро,или ако не си ви право,меѓутоа доколку јас сум во право нема што да потврдувам туѓо мислење или да го менувам моето.
Пробувам да го избегнам дружењето со вакви “газолижачи“,бидејќи најмногу од се ме нервира некој кој знае дека е во право, молчи и го потврдува спротивното,односно мислењето на соговорникот,се улижува и потврдува се што ќе кажеш,од страв да не се искара со тебе случајно.Абе ајде...
 
Според ова погоре кажаново.. најверојатно јас имам слаб карактер ..не дека немам став , имам и не го менувам истиот под влијание на други , ама најчесто не го кажувам тоа што мислам , затоа што не знам каква ќе биде реакцијата на другите ..затоа си ќутам ..па така , тоа на некој начин ме прави со слаб карактер ..

Јбггг !
 
Човек со слаб карактер.Па веројатно човек кој своите ставови ги менува како ветар,неговите постапки се исклучиво според тоа како другите ќе кажат.Мислењето го креира исклучиво по тоа како му е кажано и едноставно не ја користи својата глава,него тоа што го слуша од околу.
 
не се вреднува себеси,тој нема самодоверба и неговата моќ е еднаква на нула
 
не се вреднува себеси,тој нема самодоверба и неговата моќ е еднаква на нула

Не значи некој дека ако нема самодоверба дека има слаб карактер.:smir:
Има луѓе кои немаат самодверба,но така страшно глумат дека ја имаат,никогаш не би познал дека ја немаат.
 
Ај и јас да пишам..
За мене човек со слаб карактер е пред се како што кажавте сите погоре.. Некој што не стои цврсто позади својте ставови кои прашање е и дали ги има, човек без изградена теорија за животот пред се, без некои конкретни цели, без доволно одлучност, и пред се некој што не се бори за тоа што го сака.
Исто за мене се слаб карактер и оние што секој пораз ги крши целосно, ги враќа на дно, од кое претходно се измачиле стварно да излезат.
На темава можам со векови да дискутирам.. Ама не е тоа фората.. Вака е доволно кажано :->
 
Па најчесто тоа се наивни луѓе што внимаваат да не му згрешат на некој ако му се спротистават, се плашат да ги бранат сопствените ставови и се согласуваат со останатите дури и кога не мислат така само за да не настане конфликт.
Човек со слаб карактер може да биде и оној што не размислува доволно за себе и не се ангажира да пронајде против аргументи за да го брани својот став, а не ретко и нема сопствен став туку само ги слуша мислењата на другите и ги пренесува како што ги слушнал без да се обиде нешто да измени и да размисли околу тоа.
 
Постовите ви се супер. Што да се додаде? На таквите луѓе конфронтацијата со другите им изгледа како акт на непријателство, затоа обично се повлекуваат. Но можно е да се покажат во некоја ситуација која бара вистинска храброст и сила, онаму каде што сите стабилни ќе застанат. Некои несвесно и од себеси кријат тигар во себе, или подобро - змев. :)
 
човек со слаб карактер... се’ што досега набројавте е точно, ама таквите луѓе имаат и друга карактеристика. некои од нив и немаат способност да истраат до крај во остварувањето на некоја цел, а најчесто цел која самите си ја поставиле. штом ќе излезе и најмал проблем, тие се откажуваат и таквата реакција е дел од нивниот слаб карактер. Или, на пр., човек кој решил да се откаже од некоја своја лоша навика или пак да се промени себеси во било каков поглед, а по извесно време се откажал од таа решеност, е исто така човек со слаб карактер...
 
:helou: Лесно даваме дефиниција на слаб карактер. Ајде да погледнеме од друг агол.Да се обидеме да разбереме дека секој вреди толку колку што вреди она кон што тежнее.:smir: :smir: :smir:
 
Covek so slab karakter e nekoj shto pravi neshto shto ne mu odgovara za da postigne nesho za koe, koga drugite se obiduvaat da go postignat, nikogash ne pravat nesho sho ne im odgovara za da go postignat.
 
Гласноговорништвото не те прави задолжително човек со јак карактер, нити молчењето (или не бранењето на своите ставови) те прави задолжително човек со слаб карактер. Јас дури и не верувам во луге со слаб карактер. Верувам во пубертет, верувам во ослабен карактер, ама во слаб- не. Карактерот како и се друго во животот се обликува, се гради се менува се редефинира... Затоа не постои конечна категорија слаб или јак карактер. Повеќе би се задоволила со термините послаб или појак карактер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom