ееее вакви случки еден куп имам за кажување....
одам кај еден роднина, прасе колеше и ајде за помагање ми се јави да сме го заколеле. Одам кај него и бидна работава, сега и вика на жена му да испржи од месото да пробаме (братов се курчи ко ќе ми се тупни нагости упм, 3 литра вино му се малку и без ручек досега тешко да излегол), чекам да донесат месото и носи жена му едвај 8 мевца малечки а на маса 5мина

, плус за со месото вадење едно бокле винце бело едвај 2 чаши да собира, се испи виново и друго не полни во бокалот. Видов не видов си кинисав...
случка 2
тураме плоча кај еден пријател, братов гради куќа и ме вика за да му помагам. Цел ден мамето ми се расплака од малтер влечење и едвај пола леб со посебна салама добив и сок од 20 денари. А батката изгради куќа од 260 квадрати и ја нареди ФУЛ за година дена.
случка 3
излегувам со една мома, таа вработена јас не минатата година. Ајде јас ко машко плаќам прв пат, плаќам втор пат, плаќам 3 пат за двајцата на момава не и текнува ич а се ме трти на кеј по 150 денари една пијачка. И една вечер излегуваме вкафана и пак врти сучи ме мести за да си платам јас, станав платив пак и за мене и за неа се поздравив и уште еднаш не ја побарав.
случка 4
Цимер пред 2 години имав, братот што понуди го зема, гледам еден ден си дошол од дома и си легнуваме всоба во студентскиот ама само јас и тој останати двајцата други дома си беа, лежам така неможев да заспијам и некаде по пола сат од ко легнавме слушам во темното отвара братов кутијата и од благото шо му го пратиле од дома јади втемница скришно


. Од една страна и да ми понуди не му земам благо бидејќи ретко јадам, од друга страна се крие ко некој глушец.
случка 5
прв братучед на мајка ми си иди од швајцарија (таму живее преку 20години) и иди кај нас, го најадивме, го напивме фамилијарно ко шо си беше дојден (3 дена поседалка ни отседи дома) и на крај на заминување вади мене и на сестра ми ни дава 10 франкови и ни вика да си ги делите внучиња да си купите нешто

незнаев дали да се смеам ко ми ги даде или да го отерам у три пичке материне бидејчи се испофали прво дека зема 4700 франци месецо, жена му 2900 франци месецо али мн скапија било и криза

Вакви случки имам еден куп искусено, во последно време народов се постипца и поскржав станува
