Скромност

Овде најверојатно во однос ги ставаш скромноста и фалбаџиството како одлика на определени луге. Еден мој професор велеше дека проблемот не е во фалењето туку во погрешната перцепција на лугето со македонски менталитет за тоа што претставува фалење. Повеќето луге би го перцепирале туѓото набројување на постигнатите успеси како фалење. Е, сега наводно според професорот тоа не било фалење туку себепрезентација и не било одлика на нескромни луге туку на луге кои имале што да кажат и кои воедно со тоа ги информираат другите за своето ,,дело,,.Или во некоја западна земја најверојатно она што нас би ни прозвучело како фалење во говорењето на другите луге за нив би значело запознавање. Меѓутоа изгледа најмногу зависи од пристапот тоест начинот на кој се кажуваат некои работи односно како тие ке прозвучат. Друг професор инаку прокапиталистички настроен, не посоветува дека скромноста и не е толку ин или пожелна особина од причини што скромниот човек почесто се задоволува со статус кво позиција, а тоа му одмогнува во процесот на напредување.Трудете се повеќе и сакајте повеќе за себеси-велеше тој.Значи тука проблемот нема да се јави кај нашата амбициозност туку можеби во начинот на кој доаѓаме до поставената цел. Со други зборови нема ништо лошо во тоа да си нескромен туку повеќе во тоа да си нечесен.
 
Глупости...какво викање на глас,ако сум подобар,подобар сум нема што да се фалам..
Се трудиш да бидеш подобар за лична сатисфакција. А ако никој не знае дека си подобар, нема ни да имаш задоволство од подвигот.
Сакам да кажам дека е нормално луѓето да знаат дека си подобар, само што ако човек не знае како да се презентира себе пред околината ќе направи сосема обратна слика. Потоа само по себе доаѓа и “летнувањето во облаци“... и од успехот ништо.

Скромноста е доблест која малку луѓе ја имаат. За жал.

Kvendolin напиша:
Со други зборови нема ништо лошо во тоа да си нескромен туку повеќе во тоа да си нечесен.
И со ова морам да се согласам. Ако имаш големи гради, нема ништо срамно да ги покажеш... Ама не ги користи за да ќариш пијачка...
 
Зошто да живеам скромно кога можам богато?
Зошто да се потиснувам себеси, да не се искажувам , кога има недокажани пред мене?
Зошто да бидам во подобрите, кога можам да бидам најдобра?
Стремежот кон подоброто ако не и најдоброто, е мотив на човековото живеење и одењето напред....
 
Зошто да живеам скромно кога можам богато?
Зошто да се потиснувам себеси, да не се искажувам , кога има недокажани пред мене?
Зошто да бидам во подобрите, кога можам да бидам најдобра?
Стремежот кон подоброто ако не и најдоброто, е мотив на човековото живеење и одењето напред....

Да ама сепак не мислиш дека во некои ситуации е подобро да си скромен.
 
Да ама сепак не мислиш дека во некои ситуации е подобро да си скромен.
Одсекогаш сум си замерувала за оваа моја особина, ама имајки прилика да се дружам со една искклучително нескромна личност се чувствувам убаво во сопствената кожа, така да нападен, нескромен, фалбаџија, распуштен од никогаш не биле позитивни атрибути, барем за мене.
 
Џабе му е ако е најдобар, ако нон стоп се фали. Со самото тоа ќе створи некоја негативна слика за себе и на крај за кого ќе биде најдобар ? Само за себе. Дали се исплати тој макотрпен пат до најдоброто, а да се изгуби со само три збора, што ќе ги каже - ЈАС СУМ НАЈДОБАР. Веднаш се враќа на почеток на истиот пат, но тогаш ќе биде сам.
 
Со самото тоа што збориме дека сме скромни ја губиме скромноста.Инаку да скромноста постои,но само како збор во речник и во нашите секојдневни разговори.Порано можеби постоела но денес тешко.
 
Jas mislam deka skromnosta i cesnosta se najdobri odliki na eden covek, niv najmnogu i gi cenam. Da bides skromen znaci i da bides pameten, nenametliv, DOBAR covek!!! Jas znam deka postojat i cesni lugje(za tie sto ne mislat take znaci deka seuste ne gi sretnale vistinskite)!
 
Дали во денешно време постои скромноста?
Дали некој ја има оваа доблест, или пак луѓето се се` повеќе алчни и желни за повеќе и повеќе..

Дали ве нервираат личности кои се прават дека се скромни а всушност нападно се фалат за нивние постигнати успеси?

Што кога сме подобри од другите? Дали тоа треба да се искаже, да се викне на цел глас, или пак, го чувате тоа, затоа што, ете сте скромни личности и не сакате многу да се покажувате пред другите.

Вашето мислење?

Шекспир вели:

„Да бидеме скромни после направените дела, а не кога тие се ствараат“.
Лош цитат си одбрала за доловување на поентата...Има разлика од скромност и скромност...Јас сум за оваа втората. :)
 
Па постои и секад ќе постои.
Дали од воспитание,култура,ајде еве и од карактерот на човекот,варира,но тука е.
Лажна сркомност никаде не проаѓа,а и незнам дали е можно да се изглуми.
Скромноста не го гуши потенцијалот,туку го експонира само таму каде што треба.Така да ако си подобар во нешто од другиот,нема да биде скромноста што ќе те остави позади него,туку несигурноста и стравот.
Инаку ,подобро да се прецениш него да се потцениш.
И јасно е дека има луѓе од збор,и луѓе од дела.
 
Лош цитат си одбрала за доловување на поентата...Има разлика од скромност и скромност...Јас сум за оваа втората. :)

А кој цитат ти би го одбрал, за да ја доловиш поентата.
 
Шекспир вели:

„Да бидеме скромни после направените дела, а не кога тие се ствараат“.


Да да, Шекспир најде да соли памет за скромноста....оној кој живеел во дворецот на царицата и кој пишувал трагедии по нарачка, за да ги наплати дебело???....Секоја чест за делата, ама неговиот пример па и не е баш соодветен за скромност...

А дали постои скромноста??...Во ваков суров капитализам онаа вистинската скромност е излишна. Во општество каде сите се борат за да опстанат, како е можно со скромноста да се живее?? Што значи сепак мора да постои некоја мутација на таа особина што би го задржала основниот мотив, ама прилагоден на денешни услови...Мразам што ќе речам дека мора да биде и испреплетена со малку лицемерие, ама тоа е тоа, подобро и лажна скромност одколку реална алчност, кај и да е на моменти ќе преовлада дел од она вистинското скромно...
 
Во денешно време делимично постои скомноста. Повеќето се скромни но има и исклучоци кои се многу алчни.Алчните луѓе не можам да ги поднесам
 
Хммм ... ептен скромни мислам дека нема, зашто секој пробува да постигне колку што може повеке, а не да се задоволи со тоа што има и ако има шанси да придобие нешто повеке би се откажал поради тоа што е само скромен...:toe:
Скромноста не можи да се држи на дистанца, зависи од ситуацијата, ако нешто сметам дека е по моја заслуга, а некој друг со тоа да покажува резултати, нормално е дека ке се обидам да го придобијам тоа што некој се гордее со несшто што е по моја заслуга и нормално нема да молчам само поради тоа што сум скромна:pipi::pipi::pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom