Скопско лето 2012

Сношти го проследив концертот „ Вечер на Бужаровски “
Многу успешен концерт. На концертот присуствуваше и Маестро Бужаровски и тој беше видно воодушевен.
Не знам што има вечерва на програмата на Скопски лето 2012?
Најавено е Емитер Скопје, ама не знам штое тоа
Повели
http://issuu.com/skleto/docs/sk_leto_2012?mode=window&pageNumber=1 (y)
 
Дали некој знае нешто за балетот Самсон и Далила во МОБ кој ќе се одржи во петок? Се наплаќа или не?
 
Дали некој знае нешто за балетот Самсон и Далила во МОБ кој ќе се одржи во петок? Се наплаќа или не?
Веројатно се плаќа... Најдобро прашај на билетарницата на МОБ ...3118 - 451
Вечерва во 21,30 на Плоштад ќе има „ Инсталација - Дрво на животот “
Што е тоа - незнам...
 
Вечерва во 21 часот на Плато пред Универзална настап на групата Маракеш
Интересна најава, сигурно ќе одам
Инаку синојќа бев на Плоштад и немаше ништо освен пренос од фудбалски натпревар.
 
MARRACASH ORCHESTRA,
го гледав вечерва. Искрено не беа лоши, Концертот траеше од девет и пол до речиси единаесет. Се изненадив од слабата посета. Едвај дали имаше стотина гледачи.
За вечерва во 20 балет Самсон и Далила во МОБ, ама тоа веројатно ќе се плаќа.
 
MARRACASH ORCHESTRA,
го гледав вечерва. Искрено не беа лоши, Концертот траеше од девет и пол до речиси единаесет. Се изненадив од слабата посета. Едвај дали имаше стотина гледачи.
За вечерва во 20 балет Самсон и Далила во МОБ, ама тоа веројатно ќе се плаќа.

Да, многу слабо беше посетено:( Додека не заврши фудбалов, изгледа така ќе биде. Потоа ќе видиме дали стварно луѓево се толку незаинтересирани и повеќе сакаат турски серии отколку да слушнат или видат нешто ново:)
Балетот се плаќа. Се јавив во билетара, картите се движат од 200 до 400 ден.
 
Денес на програмата на Скопско лето нема ништо, а утре има само отварање на изложба на фотографии во Чифте Амам во 21
 
Kонцертот на Васко Серафимов траеше саат и петнаесет минути. Ме изненади малата посетеност. Јас дури најдов место за седење. Свиреше Васко и еден многу помлад по име
Мартин.
За вечерва има театарска представа на Театарот од Битола. Битола има извонреден Театар, но таму веројатно ќе се плаќа влез.
Но бесплатен ќе биде концертот на Танец, кај споменикот на Мајка Тереза во 20, 30 часот
 
Како Ви се допадна концертот на Танец? Јас не сум љубител на таква музика, но ми се чини дека кратко траеше- ниту еден час.
За 05. 07, има најавено Со-облекување. Знае ли некој што е тоа?
 
За 07, 07, ( Иванден ) не е најавено ништо на Скопско лето.
Вечерва шетав и поминав покрај универзална сала. На платото свиреше рок група Хај - контрол.
Дали сте слушнале нешто за овие момци?
 
Вечерва, 08. 07. 2012 концерт четворачно пијано, почеток во 20,30 часот, Музеј на град Скопје, Влезот е слободен.
Наместо покана погледајте како Том и Џери, четворорачно ја исполнуваат Унгарската Рапсодија од Франц Лист. Инаку овој цртан филм е добитник на оскар.
http://www.youtube.com/watch?v=KNE5C0X7Fzs
 
За 09. 07. 2012, на платото пред Универзална сала, со почеток во 21 часот е предвиден на група од Унгарија Fabula rasa.
Пребарував по интренет и колку што најдов се работи за група која дејствува од 2006 и негува музика со балкански мотиви.
Мислам дека ќе биде настан кој ќе се памети и кој треба да се види.
Погледнете на интернет:
http://www.passiondiscs.co.uk/e_pages/balkan_e/fab001.htm
Погледнете на YouTube:
http://www.youtube.com/watch?v=aZAdlZg0dsQ&feature=related
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom