Скопје ќе добие нова универзална сала

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување
Шо бе, не ќе е у барок? Ќе цркне некое магаре.[DOUBLEPOST=1446137615][/DOUBLEPOST]

Тужно е што колку и да кошта, точната цена никад нема да ја дознаеме...

И боље да не знаеме..
 
Да си јајте ушите Скопјани. Дај напрајте една сала обична во Битола се распадна.
 
Имаше ваква тема, но сепак ќе останам на истото мислење. Ваквиот надворешен изглед на Универзалната сала ќе биде атрактивен и нешто како освежување ќе дојде во Скопје, но се надевам дека внатре ќе направат и модерни добро опремени сцени. Но од сликата погоре колку што гледам, од внатре ќе личи на новиот театар што смисла нема. Што се однесува до името според мене најдобро е да се вика Универална сала или Сала Јајце, зошто нема смисла име на човек да даваат. Но ако не друго бар ќе има сала за концерти.....:)
 
Не е дека не е убав овој надворешен дизајн, убаво изглеа ама шо знам некако поише би сакал пример да има нова сала ама изгледот да биде ист како сегашниот изглед на Универзална, зошто некако многу ми се смени градов у последниве неколку години па немаше да биде лошо нешто бар исто да си остане.
Пак ќе кажам убаво е и не го критикувам, ама ете има некоја желба во мене да остане нешто со стариот изглед.
 
Убаво е да се реновира и да се направи ваков објект, но зошто да се руши Универзална како симбол на Скопје по земјотресот, и хуманоста.Колку знам Универзална е градена со пари од повеќе земји.Прашање е колку е добро што Скопје губи цел дел од својата историја по земјотресот.Како и да е, Скопје е ваш град, и вие си знаете што е најдобро.
 
Универзална сала ако добро се сеќавам била од времен карактер, у никој случај не било предвидено таа да биде фунционална до ден денешен. Требало уште многу поодамна да биде изградена нова.
 
Redno beshe. Posledniot pat krovot koa padna chista sreka shto nikoj ne beshe povreden!
Samo enterierot da bide "futuristichki" t.e. moderen, kako eksterierot i nema utka! A za imeto...realno, kako i da ja krstat taa e i ke si ostane UNIVERZALNA barem za Skopjani.
 
Ако споменикот на плоштадот го нарекоа воинот на коњ, требаше барем едното топче да го наречат мадето на воинот на коњ. Инаку фино што ќе се гради нова сала, само да не заборават на бесплатен паркинг простор под неа.
 
Имаше ваква тема, но сепак ќе останам на истото мислење. Ваквиот надворешен изглед на Универзалната сала ќе биде атрактивен и нешто како освежување ќе дојде во Скопје, но се надевам дека внатре ќе направат и модерни добро опремени сцени. Но од сликата погоре колку што гледам, од внатре ќе личи на новиот театар што смисла нема. Што се однесува до името според мене најдобро е да се вика Универална сала или Сала Јајце, зошто нема смисла име на човек да даваат. Но ако не друго бар ќе има сала за концерти.....:)
Пример ак ја викет Сала Јајце мојт и на ден Велигден да ја отворет.
 
А бе има пари народот дури и над просек, универзална ни фали, него чекам некој нов споменик да излезе празен плоштадов некако. xD
 
Кој објект со поспецифична изградба кај нас е ист со рендерот? Кога ќе видат дека некои изведби си бараат стручност и поголеми финансии ќе речат заеби, дај направете ја квадратна. :D

И каде бе нов проект без купола, тоа кај николче не поминува.
 
И утре гледаш „Концерт на Тајзи во Конгресен центар Александар Македонски, сала ВМРО“

Веќе го промениле името www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk (недај Боже да ти затреба нешто да провериш ке се заборавиш пишувајќи)

Али ова е добро за аудио и видео реклами ,, Билетите за тој и тој настан во таа и таа сала може да ги набавите и на билетарниците на Конгресниот центар Александар Македонски" Oхоо + 10 секунди по реклама ете взаемен ќар :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom