Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Абе се плука на велико али од една страна целата економија заживна.. се вработија многу мајстори,се искористуваат домашните компании за бетон и сл. ствари.. пари се во оптег колку се вложи толку иде + во државата.. Башка нови туристи почнуваат да доаѓаат сакаат да видат нешто ново што значи ќе седнат негде ќе купат нешто ете + пари во Македонија..

Ма да премногу изнаставаа.. доволно беше само плоштадот да биде среден.. не им требаше споменици во сите општини..

што ќе биде откако ќе заврши сето тоа? Мене еден дечко ми кажа исто ваков градежен бум имало во бугарија, ама псоле тоа многу останале без работа, имало должење па додека се раздужат убиства и слично. Ќе видиме кај нас како ќе заврши сето тоа.
 
1 милион за осветлување на зградите лево од Вардар
250к за осветлување на мостовите
11 милиони за фасада и куполи на Собрание
20 милиони за фасади на зградите околу плоштад
4.4. милиони за Порта триумф на глупоста
2 милиона мост Око
8 милиони барокна катна гаража
10 милиони Коњ на магаре со фонтана
2.5 милиони за лавовите на мост Гоце Делчев
2 милиони за спомениците на Гоце, Даме и сесловенските просветители од карши

2.2 милиони евра за “дополнителни и непредвидени работи на зграда на Уставен“.
25 милиони зграда на Уставен суд
2 милиони ограда на мост кај Холидеј ин

Нека допише некој:
Театар
Музеј
Зграда на водостопанство
Финансова полиција
МНР
Пелените на Прометеј
Спомениците на Ченто, Самоил, Јустинијан, Чуповски, Карпош, ротондата...
Споменик на таткото на коњот на магаре “со придружните елементи“
Споменик на мајката на коњот на магаре
Споменик бранители
Споменик АСНОМ
Моста на уметноста...
340.000 евра споменик на Тодор Александров
67.000 споменик на Димитар Беровски
1.2 милиони споменик на основачите на историското ВМРО

Едит: Добро бе мајку му, нормално ли е овие одвратни скулптури налик на солунските атентатори да се толку скапи??? 1.200.000 евра?!
Untitled.png
 
dsc02356a.jpg

dsc02384hc.jpg

билд.мк
 
Абе зошто пишува таму само „Археолошки музеј“, нели требаше да биде и Уставен суд и некои други институции? Или после ќе го допишуваат тоа.

Во секој случај една од најубавите градби на Ск.2014, еден вид неокласицизам со елементи од 21 век (стаклата на зградата).
 
Има и модерни компоненти на зградиве..еве ти пример..

m73p1t.jpg

Соларни панели на МНР.
 
Добро сеа, таквите елементи, соларни панели, клими секако веќе мора да ги има по зградите без оглед на староста, ама на Уставниот суд стаклата кои зафаќаат значеаен дел од објектот ептен модерно делуваат.

Некое инфо Цитро оти не пишува Уставен суд на зградата, или ќе чекаат целосно да ја преземат контролата над него па да го напишат ;)
 
Немам инфо зошто само Археолошки пишува..нели 3 институции ќе се сместат таму.. археолошки,уставен и државен архив,а зошто како,немам инфо.
 
Скулптуриве на МВР како од бело чоколaдо да се правени :D
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 20:18 ---

Во истиот објект на музејот?

Не у музејот бе,на археолошки,6 поста погоре слика имаш..:) Саамо од позади,од кај Комерцијална банка.
 
Скулптуриве на МВР како од бело чоколaдо да се правени :D
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 20:18 ---

Во истиот објект на музејот?
Во објектот на Археолошкиот музеј на Македонија. Мислам дека затоа што нема напред натпис, а затоа што има влез и од задна страна на објектот дека таму ќе пишува архив и уставен суд.
 
Сепак, објектот е премногу мал за да може да го собере сето тоа што е предвидено...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom