Скопјанки - спремајте бикини!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Плажа на Вардар?

  • Вкупно гласачи
    186
Се договоривте ли?
Што млеко за сонце да си носам?
Па... во зависност какво сонце ќе мава. За фактор 10 моеш и со маслиново масло да пројдеш. За фактор 30 земи си блек ап со баеги талк. За фактор груевски.... моли се да не настрадаш.
 
Кога ќе ми текне дека пред едно 10 години сум ловел риби во Вардар
sm_bigeek.gif
Ќути не спомињај, ја сум се бањал у Вардар:icon_eek:...кај циганско маало пред железничка. Ама тогаш кој знаел па за здрава храна, триглицериди, лајна...

Што млеко за сонце да си носам?
Пробај со Свидмилк-мултитан, 50-ка. Кад је бал...
 
Благодарам за советите.

Јас немам одено во Скопје, ниту на таа река што се вика Вардар која наводно била лековита, така ми имаат кажувано постарите во селото.
Сакам да прашам, нели кога ќе дојдам на одмор во Скопје, дали таму на таа река има пеано поп т.е. дали е крстена и дали може да си земам едно шишенце за дома, бидејќи секоја река која има плажа наводо била света, а јас не сум крстен и во скоро време сакам да дојдам и со поп да ме крсти оти имам слушнато дека сега кога ќе имало нова плажа сите ќе доаѓале да се крстат во Вардар а не во Јордан така да јас навреме да си фатам ред.
 
Зошто мислиш дека се гради таа црква на плоштад или се бара џамија?Ритуалот започнува од плоштад,таму ќе се чекаме,ќе не испеат и тргаме на сончање.По пат ќе застанеме кај влада да не допее и да ни каже дека таа плажа е нашиот сон во кој треба да веруваме,без неа сме никој и ништо.Така насмеани со ранците сув леб тргаме да се банкаме во прекрасниот ни Вардар и да погинеш колку моеш ќе се спасиш.
Џени јас сум за песочна плажа срцка,ќе ни организираат и одбојка,ќе си бркаме награди,Коце ќе ни пушти по една народна...ееее сета ни е наредена :)
 
Џени јас сум за песочна плажа срцка,ќе ни организираат и одбојка,ќе си бркаме награди,Коце ќе ни пушти по една народна...ееее сета ни е наредена :)
Нема веќе ТИ/НИЕ како сакаме, они веќе одлучиле дека ќе биде песочна :vozbud:
Викендов го сееја песокот (да не случајно на некого му се бутне некое камче у г'з):je: пошо работат според КОПАЧ систем.

За татковината се работи 24/7

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се пие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Пробудете се морни
копачки и копачи –
на трудот
црн
народ!

Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата paмни,
у вивналиов ден
да тprнeмe и ние
страдалници од век!
На деда Богoмил
земjата poвка, мека,
наба6рена за poд,
со страдна душа чека
ударите ни jаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!

На работа!
На труд!
Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.

И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.

На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен jад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!

Ораме со рало
но земjата ни златна
колку е богата!

На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јaд!

Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек
станал –
скот.

И в тaјa мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та биjат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јaд!
Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!

На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безброjни
милиони
на трудот
црн –
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне сонце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот -
ке л'сне живот нов!

И реки ќе потечат,
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земjа!

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!
 
Нема веќе ТИ/НИЕ како сакаме, они веќе одлучиле дека ќе биде песочна :vozbud:
Викендов го сееја песокот (да не случајно на некого му се бутне некое камче у г'з):je: пошо работат според КОПАЧ систем.

Јас и Џени па ама се преценивме,ние ќе им кажуваме каква да е плажата,ко да ние даваме даноци :)
 
Јас и Џени па ама се преценивме,ние ќе им кажуваме каква да е плажата,ко да ние даваме даноци :)
и тоа шо викаш, не работат кај тебе дома па ти да ги плаќаш :icon_lol:
 
и тоа шо викаш, не работат кај тебе дома па ти да ги плаќаш :icon_lol:

:pos2: :pos2: :pos2:

Сега кога ќе рипнат цените на чадорите за сонце и купачите, охооо на плоштад и такви тезги ќе се отворат :icon_lol:
 
Не кажувај бизниз идеи на форумов,туку пали патиките и правец во Шутекс да испазаруваме,па со едно тезгиче во песочето пари ќе правиме.Јас ќе продавам розови наочари,Македончич штипки за нос,а ти драга моја ќе бидеш маркетинг менаџер поткачена на една каросерија-пресно извадена од Вардар.
 
Абе не знам дали е паметно да сме против „плажава“. Слушнав Гроздан ќе наплаќал дупло на новиот шанк на „плажата“, за оние кои не работат на нејзиниот маркетинг.
 
Абе не знам дали е паметно да сме против „плажава“. Слушнав Гроздан ќе наплаќал дупло на новиот шанк на „плажата“, за оние кои не работат на нејзиниот маркетинг.

А ти што мислиш, зашо ја Македончич и Леа ја држиме активна темава? Маркетинг во модерната ера е ова :pos2:
 
Абе никој не е против...праат стратегија за бизнис, инвестмент
Ченка, пуканки, крофни :)
егзотика

65q0pe.jpg
 
Никогаш не би се сунчала тука ... тоа ќе биде сеир место и место за прц парада ... а јас едноставно не сум таква ... плус поглед снова ... депонија и шут од другата страна на Вардар ... и каде е тука уживанцијата ? Катастрофа проект ... !!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom