Skoda Yeti

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Најголемиот чешки производител на автомобили „Шкода ауто“, во својата фабрика во местото Квасиле, го создаде првиот модел „Шкода Јети“, но официјални лица од компанијата не сакаат да дадат никакви коментари.
„Шкода јети“ е првото чешко спортско-рекреативно возило, кое, покрај варијантата со погон на сите четири тркала, ќе има и варијанта само со предниот погон. Во него ќе се вградуваат познатите бензински и турбо дизел мотори на „Фолксваген“, што се веќе видени во претходните возила излезени од палетата на „Шкода“.
Сериското производство треба да почне кон крајот на првото полугодие. Првично се претпоставуваше дека долго посакуваниот новитет од чешката автомобиска индустрија ќе почне да се продава веќе во второто тримесечие од годинава.
Моделите од редовното производство не треба да се разликуваат од нулта серијата, која по правило е наменета за тестирање, фотографирање и реклама.
Во последно време во производството на „Јети“ се појавија противречни информации, од тоа дека производството ќе биде одложено, до оние дека сепак тоа ќе биде забрзано. Добавувачите, сепак, се подготвуваат сериското производство на деловите да почне кон крајот на мај 2009 година.



skoda-yeti-carideal.jpg

skoda-yeti-carideal-2.jpg

SkodaYeti-2.jpg

skoda-yeti-concept1.jpg



skoda-yeti-concept12.jpg
 
Фиат Панда, Берлинго, Ленд Ровер под знакчето на Шкода. Интересно и прилично убаво изгледа вака стокмено. Внатрешноста ми се свиѓа ама ептен
 
Нешто слично на пандата но во поголема изведба, само цената да е околу 12-13 000
 
Ме бендиса... Некако Шкода, се подобри и подобри дизајни смислуваат :)

Па и ако е 12.000-13.000 евра, ке биде без конкуренција, земајки во предвид дека останатите модели на Форд, Опел, Киа и тн се двојно повеќе од наведената.
 
Ме бендиса... Некако Шкода, се подобри и подобри дизајни смислуваат :)

Па и ако е 12.000-13.000 евра, ке биде без конкуренција, земајки во предвид дека останатите модели на Форд, Опел, Киа и тн се двојно повеќе од наведената.
Ако цената е во тој ранг дефинитивно ја давам фиестата :)
 
УУУу грдосија....:nesvest:
 
Yeti е многу стар концепт, сигурно е 3-4 години ама досега уште нема ништо излезено...

И да има сериски модел, значително ќе се разликува :) Особено футуристичкиот ентериер.
 
Фиат Панда, Берлинго, Ленд Ровер под знакчето на Шкода. Интересно и прилично убаво изгледа вака стокмено. Внатрешноста ми се свиѓа ама ептен

Ленд Ровер си е Ленд Ровер :)

Сепак за оној кој што сака поинакво чувство во возењето а нема намера за тешки офроуд сесии би му одговарала и Шкодава.
 
Каде фативте со Тигуан и Туарег па и Ленд Ровер да споредувате :) Чудовишта се за Шкодава, ова иде во класа (чак и една погоре) со Пандата, ако не и со Форд Фјужн.
Феноменална за нашиве патишта
 
Фиат Панда, Берлинго, Ленд Ровер под знакчето на Шкода. Интересно и прилично убаво изгледа вака стокмено. Внатрешноста ми се свиѓа ама ептен

E тоа што етен ти се свиѓа баш нема да биде такво :vozbud:
 
УУУу грдосија....:nesvest:
Ми го зема зборот. Штом прочитав Шкода, па уште и гадно име (Јети бе) знаев дека е нешто вакво. Никогаш не сум можел да ги сфатам луѓето што купуваат Шкода и Дачија.
 
Дачиа како и како... Ама Шкода? Може да се каже дека има поголем квалитет од сите корејци заедно. Не спомнувам за традицијата како најстара фабрика за автомобили во Европа на која реномето страшно и го уништија комунистичките влади.....

Шкода моментално со моделите Фабиа, Октавиа II, СуперБ покажува дека има потенцијал да се врати на старите патишта.
 
Само за точкест:helou:
carscoop_skodayetic_3_resize.jpg


@Acid
За дизајнот ствар на вкус, мене ми е ТОП. Споредбата со Дачија не ти е на место, како прво Дачија работи под лиценца на Рено а Шкода под Фолсваген. А и моделите и квалитет кој го вади Шкода е далеку пред Дачија
 
Дачиа користи мотори стари 10 години (од претходните генерации на Рено), а Шкода актуелните мотори од VW. Плус тоа во директна споредба Фабиа против Поло сегогаш е подобра Фабиата така да оваа Дачиа да се рамни со Шкода е апсурд.

Интериерот најверојатно нема да биде таков бидејќи ова се слики од КОНЦЕПТ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom