Сите наставници и професори ќе одат на психо тест

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Потполно се согласувам, и не се само 60 годишните комунисти, туку речиси 90% од професорите се искомплексирани.
А тоа е многу лошо.

Ги мрзи да работаат, јас до сега сум немала професор во вистинска смисла на зборот, никогаш. Воопште не се активни и воопшто не се заинтересирани да те заинтересираат за материјалот, па после децата не чинат-па не чинат.
 
како ќе се одреди со психолошки тестови кој професор е педофил ... ако може да се одреди тогаш зошто со психолошки тестови не се одредуваа кој човек ќе стане убиец, на пример ...
 
како ќе се одреди со психолошки тестови кој професор е педофил ... ако може да се одреди тогаш зошто со психолошки тестови не се одредуваа кој човек ќе стане убиец, на пример ...

Па затоа реков дека сите ќе поминат. Ако еден човек има предиспозиции за убиец или педофил, во другите аспекти од животот е сосема нормална личност. Нема ништо да откријат со овие тестови ама ако, барем нека има работа за психолозите ако ништо друго.
 
Не е така едноставно :) Не сум сигурна каков тип на тестови ќе им прават, бидејќи ,,психолошки тест,, е многу широк поим.
Но, дефинитивно не е онака како што го замислувата - како математика тест, точен или неточен одговор нема. Карактерот на личноста се испитува преку настани од секојдневниот живот, тој колку и да сака да одговори ,,позитивно,, - сите одговори се позитивни. Треба самиот професор да е професор по психологија, или да е добро начитан за психолошките тестови, за да може да предвиди која е ,,позадината,, на прашањето. На пример, сите ние глумиме алтруисти, но на последното истражување во гимназиите што го направивме од факултет, излезе дека мал процент од учениците реално се алтруисти, а професорите речиси воопшто не се. Исто така, излезе дека професорите имаат малку повеќе искривени морални вредности. Кога ние како студенти успеавме да дојдеме до такви заклучоци (испитувавме професори) можам да замислам до какви податоци би дошле посериозни институции, далеку постручни и поопремени од нас, па и поискусни.

Не можеш да предвидиш дали е некој педофил или убиец, но колку има лабилна или цврста личност можеш да утврдиш.

Мене само ме плаши дека ние немаме обучен кадар кој може релевантно да ги направи овие тестови, не е тоа така едноставно - дека секој психолог може. Самите психолози мораат прво да поминат добра обука - некаде надвор, каде што ова се применува, па да ги испитуваат нашите професори. Иако јас би сакала некоја надворешна институција да ги спроведе тестирањата, некоја што го прави тоа и во својата матична земја.
 
Абе ова децава од драчево к*р вуста имале да кажа дека вакви работи прај професоро тулку време.Во време на дигитална технологија никој не го снимил со телефон да и го покаже на директорката.Мислам ова малце е чудна.Јас да сум еден состанок цел клас прајме и го решаваме проблемо,а не да седам и да гледам како некој дркул го дрка на мене!
 
секое чудо за 3 дена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom