Силен земјотрес го погоди Краљево-Србија

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Силен земјотрес ја потресе централна Србија ноќеска во 1 часот и 56 минути. Јачината на земјотресот била 5,5 степени според Рихтеровата скала. Засега се потврдени две жртви, а медиумите јавуват за околу 50-тина повредени лица.
Епицентарот на земјотресот бил два километри од Краљево каде пожарникарите ноќеска тешко се приближуваа до урантините.​
Потресот кој траел неколку секунди се почувствувал во сите поголеми градови на Србија.
Како што јави државната српска телевизија, најтешко е погодено Краљево каде се оштетени голем број куќи и други објекти, а од становите паѓале и делови од мебел. Многу граѓани по потресот се најдоа на улица поради страв од нов земјотрес.
Според дописникот на телевизијата, се слушнале и сирените на брзата помош. Во брзата помош се интервенирало главно на лесни телесни повреди предивикани најчесто од удар на предмети. За една жена, од брзата помош во Краљево потврдија дека загинала, но оттаму велат дека повеќе жртви очекуваат од руралните средини каде што има поголеми материјални штети поради старите објекти.
Во некои делови од Краљево нема струја и вода, а отежнати се телефонските врски. На улиците и тротоарите има шут од стакло и фасади од објектите.
Последниот ваков земјотрес во Србија е забележан во 1998 година во Мионица, а после еден ваков потрес се очекуваат и серија помали.
66FCBCD38F32844CB6A83985B8EC709D.jpg
Според податоците на Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 35 километри северозападно од Крагуевац, на два километри оддалеченост од Краљево, на длабочина од 27,3 километри.
Сеизмолозите велат дека овој земјотрес може да се смета за умерен. Неколку часа потоа, како што јавија дописниците на РТС од централна Србија се создадоа колони од возила со повредени граѓани или граѓани во паника, пред итната медицинска помош во населените места.
Огромен дел од жиителите каде се почувствува потресот, ја минаа ноќта на улица
 
така е кога го бркаат ратко младиќ...
 
Глеам и у Хрватска имало пред некој саат...СМАК СВЕТА ДОЛАЗИ:vozbud:
Can't Wait:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom