Signal - Private Messenger

Член од
4 мај 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Signal Private Messenger
PlayStore
AppStore

Историја на Signal најбезбедната апликација за размена на пораки, говорни и видео повици, ова е вовед за корисниците кои не се запознаени да се зближат со апликацијата.
Приватноста пред се. Очекувајте надополнување на темата и објаснувања во следниот период до најситни детали за Signal.
-


2010-2013 година: Потекло
Signal е наследник на апликацијата RedPhone за криптирани гласовни повици и апликацијата TextSecure за криптирани текстуални пораки, двете апликации обезбедија шифрирана комуникација од крај до крај за Android. Бета верзиите на RedPhone и TextSecure за прв пат беа лансирани во мај 2010 година од страна на Whisper Systems, почетна компанија ко-основана од истражувачот за безбедност Moxie Marlinspike и роботистот Stuart Anderson.
Во ноември 2011 година Twitter ја купи компанијата Whisper Systems, финансиските услови на договорот не беа објавени од ниту една компанија.
Twitter ја објави апликацијата TextSecure како слободена и софтвер со отворен-извор под лиценца GPLv3 во декември 2011 година, RedPhone апликацијата исто така беше објавена како слободна и софтвер со отворен-извор под иста лиценца во јули 2012 година. Moxie Marlinspike во 2013 година го напушта Twitter и го основа Open Whisper Systems како проект со отворен-извор за да го продолжи развојот на TextSecure и RedPhone.

2013-2018: Open Whisper Systems
Open Whisper System интернет страницата беше создадена во јануари 2013 година.
Ви февруари 2014 година, Open Whisper Systems ја престави втората верзија на нивниот TextSecure протокол (сегашен Signal протокол), со кој додаде од крај до крај криптирани групни разговори и можности за инстант пораки. Кон крајот на јули 2014 година, ги објавија плановите за обединување на апликациите RedPhone и TestSecure како Signal. Програмерите велеа дека следни нивни чекори ќе бидат да обезбедат можности за инстант пораки на TextSecure за iOS, да ги обединат апликациите RedPhone и TextSecure на Android и да отворат веб-клиент.
Неколку големи платформи пристапија кон Open Whisper Systems за интегрирање на Signal протоколот во нивните платформи за пораки. Сепак тие го имаат имплементирано протоколот на свој начин.
Facebook започна да ја користи функцијата Secret Chat во Facebook Messenger која го користи Signal протоколот од јули 2016 година.
Апликацијата Allo на Google објавена во септември 2016 година го користи Signal протоколот .
Microsoft воведе приватни разговори во Skype во јануари 2018 година исто така користејќи го Signal протоколот.
Секоја од овие апликации бара разговорите да бидат вклучени како „Приватно“ со цел да се криптира од крај до крај.
Од главните играчи само WhatsApp го додаде Signal протоколот во април 2016 година и обезбедува стандардни разговори со криптирање од крај до крај.
Од неговото создавање во мај 2010 година до март 2015 година, Signal верзија за Android (тогаш наречена TextSecure) вклучуваше поддршка за криптирани СМС / ММС пораки. Од верзијата 2.7.0 па наваму, апликацијата за Android поддржива само испраќање и примање на криптирани пораки преку каналот за податоци (интернет). Причините за ова се безбедносни недостатоци на СМС / ММС пораките и проблеми со размена на клучеви. Ова ги натера некои корисници да создадат апликација наречена Silence (првично SMSSecure) која е наменета само за размена на криптирани СМС и ММС пораки.
Во ноември 2015 година, апликациите TextSecure и RedPhone на Android, беа споени во една апликација Signal. Еден месец подоцна, Open Whisper Systems објави Signal за Десктоп, Chrome апликација што може да се поврзе со Signal мобилен клиент. При стартувањето апликацијата можеше да се поврзе само со Signal за Android. На 26 септември 2016 година, Open Whisper Systems објави дека Signal за Десктоп може да се поврзе и со Signal за iOS. На 31 октомври 2017 апликацијата за Chrome е затворена. Во исто време тие најавија самостоен Десктоп клиент за Windows, MacOS и одредени дистрибуции на Linux.
На 4 октомври 2016 година, American Civil Liberties Union (ACLU) (Американска Унија за Граѓански Слободи) и Open Whisper Systems (OWS), објавија серија документи кои откриваат дека OWS добил покана во која се бара од нив да обезбедат информации поврзани со два телефонски броја за истрага на Федерално Биро за Истраги (FBI) во првата половина од 2016 година. Само еден од двата телефонски броја бил регистриран на Signal, поради тоа како е дизајнирана услугата, OWS можеше да обезбеди само „датумот кога е креирана сметката на корисникот и последен пат коа бил поврзан со Signal серверите” и ништо повеке. OWS тврди дека неговите производи се фокусирани на приватноста, зачувуваата минимални лични информации и дека благодарение на енкрипцијата од крај до крај не можат да прстапат на никаков начин до пораки или датотеки испратени меѓу корисниците дири и ако се обидат. Заедно со поканата, OWS доби наредба за замолчување со која се бара од OWS да не кажува никому за поканите во период од една година. OWS соопшти дека тоа е прв пат да прими покана и дека се обврзани да постапуваат со „какви било идни барања на ист начин”.
Во март 2017 година, Open Whisper Systems го преусмери Signal системот за разговори од RedPhone во WebRTC, додавајќи и можност за остварување на видео повици.

2018-до денес: Signal Messenger
На 21 февруари 2018 година, Moxie Marlinspike и ко-основачот на WhatsApp Brian Acton, го објавија формирањето на Signal Foundation, непрофитна организација чија мисија е „поддршка, забрзување и проширување на мисијата на Signal за приватната комуникација да стане достапна и попристапна”. Фондацијата е започната со првично финансирање од $50 милиони американски долари од Brian Acton, тој го напушти WhatsApp на матичната компанија Facebook во септември 2017 година. Според најавата, Brian Acton е извршен претседател на фондацијата и Moxie Marlinspke продолжува како извршен директор на Signal Messenger.
Помеѓу ноември 2019 и февруари 2020 година, Signal додаде поддршка за iPad, функција за преглед на слики и видео по што се бришат, налепници и реакции.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
1.696
Поени од реакции
2.218
Како за Прајвет Месинџер некако многу чудни App Premissions има...
Изгледа Сигналов сака да стане нов, Вибер, Снепчет или Вацап...
 

Govinda

Божански Магарац
Член од
20 април 2014
Мислења
3.618
Поени од реакции
3.967
Treba da se naprave neki red.

U ponedelnik - mesingser.
U vtornik - Viber.
U sreda whatsup.
U cetrvtok instagram.
U petok Dual,.
Za zabota moze da go probame taj tvojo Signal dali ke dobie signal?
U nedela ke odmarame . Ne ne zanima nisto, ni korona, ni zemjotres, ni asteriod nista.Nada.
 
На врв Bottom