Швајцарците забрануваат минариња

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
А

Ајсшутер

Гостин
На референдум, мнозинството граѓани се изјаснија за забрана на градење минариња во Швајцарија. Досега има четири џамии со минариња во земјата. Владата стравува од надворешнополитички проблеми.

Референдумот во Швајцарија за забрана на градење минариња, потврдено е, неочекувано доби мнозинство, тоа изнесува 57 проценти. Претходно, според првичните прогнози, швајцарската телевизија соопшти дека на референдумот „за“ се изјасниле 59 проценти од граѓаните. Иницијативата на двете деснопопулистички партии, покрај потребното мнозинство од петте милиони граѓани, има мнозинство и од 26-те кантони.

Зад иницијативата стојат Швајцарската народна партија и деснопопулистичката Федерално демократската унија, кои побараа забраната за градба на минарињата да биде внесена и во уставот на земјата. Гласачките места беа затворени на пладне. Според дотогашните анкети, се очекуваше иницијативата да биде одбиена. Владата даде таква препорака заради, како што беше истакнато, можното штетење на угледот на Швајцарија во странство. Ваква забрана би била спротивна на човековите права и ги загрозува религиозните слободи, истакна министерката за правда Евелин Видмер Шлумпф. И црквите во Швајцарија застанаа зад забраната зџа градење минариња која ја бараше референдумот.

И еве се докажа уште еднаш Европската „демократија“ со правото лице, ова кај нас да се случеше до сега истите Европски „демократи“ ќе плукаа по нас први.
 
Па демократија е тоа,мнозината си изгласа дека не ги сака минарињата.
 
Држава која сака да се изолира од слободниот и демократски свет, држава која ги руши демократските европски принципи и држава која не е демократска, каде политичарот неможе да понесе одговорност, туку одговорноста ја пренесува на народот.
 
Па демократија е тоа,мнозината си изгласа дека не ги сака минарињата.

Каква демократија е тоа да не дозволува да изградат верски објект па макар и да имало 2% муслимани ?
 
Каква демократија е тоа да не дозволува да изградат верски објект па макар и да имало 2% муслимани ?

Никој не им забранува нив џамија да си градат,нека нема минаре само.Плус Швајцарија не е во ЕУ.
 
Мојот погоре пост беше ироничен ..
сепак Швајцарија не е во ЕУ (унијата) но е Европска држава со европска демократија нели :toe:
утре да побараат ќе ги примат во ЕУ ....

како и да е .. алал да им е :smir:

ПС: очекувам притисок од ЕУ(унијата) за овој став фашистички на Швајцарија :wink:
 
Никој не им забранува нив џамија да си градат,нека нема минаре само.Плус Швајцарија не е во ЕУ.

Тоа е исто како да направат црквата да не биди повисока од 10 метри, или пак на црквата да нема ставено крст, и Македонија не е во Европска унија па Европскине дебили цело време нешто зборат како ова како она ..
 
Епа гледај сега,ние бараме да влеземе во ЕУ и ако сакаме да влеземе таму мора да слушаме што ни попуваат.Додека Швајцарија не ни има некоја намера да влегува во ЕУ.
Иначе има доста џамии што немаат минаре.Плус од естетски причини не се ни за таму,а единствена цел им е звучникот што повисоко да се закачи.А ако сакаат толку да градат џамии по Европа,што не дадат да се градат цркви по муслиманските земји??
Во Рим,седиштето на католичката црква има џамии,додека во Саудијска Арабија влезот на католички свештеник е забранет.Во останатите арапски земји христијаните ако не ги отепаат,или ако црквичето не им го заплат се среќни,тука си прават што сакаат.Е неможе така.:nenene:
 
Па супер им текнало, овие минарињава ко балистички ракети се.
 
Не е толку битна одлуката против минарињата (сеако битна е), но сакам да посочам на референдумот како средство на демократија кое се почитува во Швајцарија, па дури и за вакви работи. Кога кај нас се спомене зборот референдум, како да се споменало некакво убиство од најтежок вид, кое веднаш се осудува. Ова е уште еден доказ дека сепак некој многу се плаши од вољата на граѓаните.
 
Се плаши од граѓаните, но не се плаши од политичарите!:toe:
 
Целосна поддршка за предлогот.
Минарињата и праксата на нив да се поставуваат звучки со огромна ватажа, е само начин на иритирање и потсвесно сеење страв кај немуслиманите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom