Што значи да се биде Христијанин?

  • Креатор на темата Креатор на темата Maksimilijan
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно дека „Членот на раководството” не ме разбрал. НЕ зборам дека војните се водат заради религијата или биле религиозни, туку КОЛКУ ЛУЃЕТО СЕ ПОГОЛЕМИ ВЕРНИЦИ ТОЛКУ СЕ ПОЛЕСНИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА= ОДАТ ВО ВОЈНА СО „БОЖЈА БЛАГОСЛОВ” , СЕ САМОУБИВААТ ЗАДАРИ АЛАХ... ПРЕКУ РЕЛИГИЈАТА ГИ УЧАТ ДА МРАЗАТ ДРУГИ ЛУЃЕ(пр. КОМУНИСТИ). ДЕНЕС РЕЛИГИЈАТА Е НАЧИН НА КОНТРОЛА НАД ШИРОКИТЕ НАРОДНИ МАСИ, НИШТО ПОВЕЌЕ.
 
Член на раководството напиша:
Троиството подразбира Отец, Син и Дух Свети и сите се едно. (Откровение 5.7) Значи Исус е бог, не е посебно одделен спрема христијанството од отецот (иако за ова има многу да се дискутира) значи имаш ли верба во горенаведеното?

Да прашам може ли тројството да се објасни... да се разбере????????????

Мистичен напиша:
Да немав, немаше да кажам за себе дека сум христијанин.

Прашај се дали она во што веруваш (тројството) е христијанство!
 
Vikto[R]ebel напиша:
Очигледно дека „Членот на раководството” не ме разбрал. НЕ зборам дека војните се водат заради религијата или биле религиозни, туку КОЛКУ ЛУЃЕТО СЕ ПОГОЛЕМИ ВЕРНИЦИ ТОЛКУ СЕ ПОЛЕСНИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА= ОДАТ ВО ВОЈНА СО „БОЖЈА БЛАГОСЛОВ” , СЕ САМОУБИВААТ ЗАДАРИ АЛАХ... ПРЕКУ РЕЛИГИЈАТА ГИ УЧАТ ДА МРАЗАТ ДРУГИ ЛУЃЕ(пр. КОМУНИСТИ). ДЕНЕС РЕЛИГИЈАТА Е НАЧИН НА КОНТРОЛА НАД ШИРОКИТЕ НАРОДНИ МАСИ, НИШТО ПОВЕЌЕ.

Т.н. религиозни војни, самоубиства во името на религијата, убиства во името на религијата итн, значат само едно: искривена религија во политички и други недуховни цели. Во тој контекст, вистинските верници не се подложни на манипулација зашто им е јасно дека секоја религија, во основа, е мирољубива.


Kiko напиша:
Да прашам може ли тројството да се објасни... да се разбере????????????

Појаснувања околу Светото тројство има во догматските расправи за религиите поместени во "Философија".
 
Член на раководството напиша:
Денес повеќе штета на светот може да му нанесе CNN или BBC отколку еден куп муфтии и имами во џамии, така да... мислам дека медиумите се тие кои се користат за подбуцнување а не религијата, па и Кореја и Виетнам, 2рата и 1вата не биле буцкани или распламени на верска основа.
Тука веќе стануваш пристрасен.

И не се само 7-8000 илјади самоубијци, исламски екстремисти има милиони низ целиот свет. Нели?

Само, подобро да не ја вртиме темава така компаративно, сосема друга поента има. Христијанството.
 
Член на раководството напиша:
Самото христијанство е ”апдејт” на јудеизмот, верата на Еврејскиот народ. Христијанството опстана и се прошири затоа што ги асимилираше народите нациите и племињата и во голема мера ги прилагодуваше, примаше асимилираше па и прилагодуваше своите (старозаветни) закони. Христијанството е ”нова вера” (релативно нова) 2000 години но во контекст на Египетската, Будизмот, Хиндуизмот.... е сепак помлада или во некој случај по”кратка”

Грешиш,друже.Не е update него исполнување на стариот завет,уствари тоа е една целина,така да едно без друго не иде, во историски контекст.И во секаков.
Така да почетокот на Христијанската порака е на самиот старт на 1.Мојсеева 1:1:wink:
 
Член на раководството напиша:
Јудаизмот и понатаму си опстојува како своја посебна религија и не го прифаќа Исуса како месија. Си има своји закони, правила кои пак не важат во Христијанството. И Исламот е темелен на стариот завет и е вера чии темел како и христијанството го зема од стариот завет но продолжува со свој сопствен развој. Зошто е update? Од крута и уска религија во коа имаше место само за избраниот народ, се трансформира (христијанството) како вера и религија за сите , за цело човештво, Нови ликови, нови прописи, нови закони, нови симболи, нови институции. Јудаизмонт не престана да постои па да кажиш дека ”се исполнил” а христијанството не остана верно на се од јудаизмот за да кажиш дека не еволуирало.
Не е баш така.Правилата на кои ти мислиш тои во јудаизмот(оној старозаветниот)наоѓаат смисла само во исполнувањето на новиот завет,односно,откупителната жртва на Христос.
И не би рекол дека и тогаш "Јудаизмот" бил теснограда религија.Баш напротив...преку тој народ да се навести спасителот(од Давидовото колено...),оној што треба да дојде како искупител за целото човештво.И така и би.
За жал тоа многу Евреи не го видоа,како и многу пати во нивната историја(со пророците)
 
Slow down

Дечки, баталте теологоја, ај малку на стварна вера, ок? Поентата не е кој колку знае како настанал Јудаизмот, што е запишано во 1ва Мојсева или слично. Темава е: “ Што значи да се биде Христијнин. “ Значи, дали верувате дека Исус Христос е Бог? Е сега ако верувате дека е Бог, што Тој бара и очекува од нас? Има многу обичаи кои Црквата со време ги наметнала на народот, има исто така кои се пренесени од паганството, ( не знам колку знаете дека сме биле пагански народ, се додека Апостолот Павле не дошол во Филипи - првата Македонска покраина во времето на апостолите ), но тоа не е ни најмалку важно, доколку се декларираме како Христијани ( а што друго значи тој збор, освен следбеници на Христос (грчки збор што на Еврејски значи Месија а на Македонски = Одбран, Помазан, Избран.)“ Значи, ништо не е толку важно освен нашиот живот, дали ние сме стварни и вистински следбеници на Хритос или само се нарекуваме.
Ке ви казам еден пример за Александар Македонски ама во следниот пост.
Ви благодарам за учтивоста што го читате мојот пост и исто така за вашето разбирање.
Исто така сакам да се извинам на сите што се негативно расположени и допрени од мојот пост.
За сите оние кои се заинтересирани малку повеке за оваа тема, утре, наспроти MecDonallds i Vero vo Taftalidze, ima predavanje. Dokolku ste zainteresirani, pisete mi ili javete e na tel. 070/649 391
Ве молам само искрени пораки. Јавете се до 12х на пладне, за да резервираме место на време.

Поздрав,

Марјан
 
Ја мислам дека треба ти да правиш update на информациите,другарче.
Си смешал многу работи.Ако земам да те коригирам за се,ќе се отиде ван топик ептен.Целата Библија е една целина.
Кус одговор тешко дека ќе може да се даде на темава.
Матеј 5 глава е мој фаворит.Проповедта на гората.
 
Znes, uredniku ili kako veke se nrekuvas. Celta ne mi e da mudruvam, kako sto drevnite Grci imale obicaj, tuku da pobudam razmisluvanje kaj nasiov narod, (dokolku Bog gi dopre ) da se svretime kon vistinska i iskrena vera vo Nego.
Dobro e sto imas poznavanje od nekoi raboti, no od mnogu nemas, toa go gledam, samo nem vrska.
Zaprasaj se: " Dali Bog bi bil zadovolen so tvojata vera vo Nego? " i " Koga sega bi otisol pred Nego, dali bi bil spsen ili ne? " Inace zborot Mesija ti kazav kakvo bukvalno znacenje ima, no toa e i poentata, deka Bog go izbral Isus da bide Toj sto ke go spasi svetot. Messiah znaci "Anointed One".

Pozdrav.
 
Абе члену,многу работи си смешал,најверојатно затоа што си чул ама не си ја разбрал поентата,онака ко целина.Ме мрзи стварно да то објаснувам од почеток се.Као прво надвор од тема ќе отиде.А као второ,тоа што не го сваќаш не значи дека не е така.Нема апдејт.Така ти изглеа само(кажи аргумент а:icon_lol:)
А ако баш мора и би се потрудил.
Проповедта на гората е моделот по кој Христијанинот треба да се води.
 
Член на раководството напиша:
Тогаш само кратко прашање на кое може кратко да се одговори:

Дали за денешните Христијани важат, треба да ги почитуваат како и дали ги почитуваат и применуваат: законите, правилата и прописите дадени во стариот завет?

И да и не.
 
Член на раководството напиша:
Тогаш само кратко прашање на кое може кратко да се одговори:

Дали за денешните Христијани важат, треба да ги почитуваат како и дали ги почитуваат и применуваат: законите, правилата и прописите дадени во стариот завет?

Вака.... Христијанинот не е под Мојсеевиот закон... но тоа не значи дека законот не чини за христијаните. Законот ги кажува Божјите барања за човекот и човештвото кои btw ниту едне човек не може да ги одржи во потполност, и така преку законот еден христијанин може да види што е прифатливо за Бог. Значи е корисен но во секој случај со смрта на Христос овој закон престанува да важи. Значи за еден христијанин важат начелата на Христос кои пак се поголеми а сепак се темелат на законот.

пр. Не убивај - Вистина ви велам секој кој го мрази својот брат е убиец!
 
Член на раководството напиша:
Toa и го велам, од Јудаизмот настана Христијанството, отфрлајќи као непотребни или небитни старозаветните закони и си продолжи да се развива на свој специфичен начин

ааааа... не би рекол дека се небитни.
Тој закон е барањето на бог значи тоа нешто нема да се промени никогаш што значи дека христијаните ако сакаат да му угодат на Бог треба да ги разгледаат тие барања. Поентата е во тоа што ниту еден човек не може да оди според законот....всушност дури и кога би одел повторно не би бил прав пред Бог заради наследениот грев. Но бидејќи Христос >> влезе еднаш за секогаш во Светото место, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп. 13 Зашто, ако крвта на јарците, биковите и пепелта од јуница, со која се попрскуваат осквернетите, осветува за чистење на телото, 14 колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бог, без недостаток, ќе ја исчисти вашата совест од мртвите дела, за да Му служите на живиот Бог!<<(Евреи 9:12-14)

Значи секогаш кога ние христијаните ке му згрешиме на Бог(прекршиме тој закон) тука е Христос да моли за нас.
Бидејќи тој не купи со својата смрт.
 
Член на раководството напиша:
така да Христијанството осем во некои делови е одвоено и тоа доста јасно од Јудаизмот и преставува нова и “модифицирана“ вера

Може да се каже.....
Јудаизмот во тоа време не бил тола што требало да биде, ниту пак денес христијанството е тоа што треба да биде.
Во идеални услови христијанството би било замена(upgrade)за Јудаизмот.
ватевер...

ај ја да прашам нешо сеа...кога веќе сме кај жртвите.

Зошто Израелците морале да жртвуваат животни а христијаните не?
 
Kiko напиша:
ај ја да прашам нешо сеа...кога веќе сме кај жртвите.

Зошто Израелците морале да жртвуваат животни а христијаните не?
Стариот Завет барал принесување КРВНИ ЖРТВИ. Последната КРВНА ЖРТВА е Исус. Потоа нема АПСОЛУТНО НИКАКВО ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ. Никој не бара во Новиот Завет од Верните принесување на жртви
- Палењето на свеќи не е ниту 0,1% потребно за спасение
- Оставање пари на икони е непотребно
- Оставање кошули на икони, зејтин на икони како жртва на светецот или на Бог е непотребно
- Колењето на јагне и ставањето на главата во темелите на куќа е погрешно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom