Што за тебе претставува љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nuke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Секој и секого си има различно сваќање и свои критериуми за љубовта. Заради таа причина навистина сакам да прочитам какви мислења и сваќања имате за љубовта.

Пример за мене вистинска љубов е да сакаш безусловно и да не очекуваш за возврат ништо, па дури ни да ти биде возвратена љубовта.

Кое е вашето...?

белешка до администраторите/модераторите:
Можеби ова тема требаше да ја отворам во Философија но ете, сепак се одлучив тука бидејки многу луѓе не го посетуваат под-форумот Философија а се редовни кај Љубов и секс, верувам многу би сакале да прочитат/дискутираат.

Поздрав ;)
 
Сигурно се работи за љубов меѓу партнери. Ако е пак за љубов кон татковината, постојат многу условувања. За љубовта кон децата нема збор, а кон парите...отсекогаш сум ги љубел.
Се надам дека мислиш на љубов кон партнерот.
Можеби ова тема требаше да ја отворам во Философија
темава е тачно за љубов и секс пошто многу многу филозофии за љубов нема. Или постои или не постои.

Пример за мене вистинска љубов е да сакаш безусловно и да не очекуваш за возврат ништо, па дури ни да ти биде возвратена љубовта.
На кој начин безусловно? Секогаш било кое свесно суштество бара нешто за возврат у врска...физика, емоција.

Доколку си убеден дека можеш да опстоиш без услови, дали безусловно би љубел некоја дури и кога би морал да ја делиш нејзината љубов со друг...на крај свет, кога всушност и нема да ја делиш нејзината љубов со друг затоа што целата ќе е насочена кон тој друг? Дали си спремен на таква љубов?
 
Не е важно на што сум јас спремен (не сум, не баш :) )но тоа е моето мислење за вистинската љубов, ако вистински сакаш. И да, станува збор за љубов помеѓу партнери.
 
Според мене љубовта помеѓу партнери не може во никој случај да биде безусловна.Сите ние сакаме/љубиме некого , но бараме за возврат и тие да не сакаат нас.Е тоа е веќе услов.

Ако не добиеш ништо за возврат , односно ако љубовта не ти е возвратена од одредена личност, нема долго да потрае ни љубовта од наша страна и е бескорисна зошто ние луѓето имаме потреба да сакаме , но и да бидеме сакани.
 
„Пример за мене вистинска љубов е да сакаш безусловнои да не очекуваш за возврат ништо, па дури ни да ти биде возвратена љубовта“
Ова во мојот речник спаѓа во патетика и го има само на филм. Додека се продаваат овие приказни ќе се продаваат пуканки. Ти го сакаш,он е среќен со друга и тоа е љубов,ма дај молим те.
 
Пример за мене вистинска љубов е да сакаш безусловно и да не очекуваш за возврат ништо, па дури ни да ти биде возвратена љубовта.

Кое е вашето...?


Тоа што ти го пишуваш ми личи на платонска љубов, го мислам ова во контекст на невозвратената љубов. Љубовта е да даваш, но и да земаш, да ја почуствуваш, да ја вкусиш.. Точно дека има многу видови на љубов, различни гледишта во врска со неа, но јас ја признавам таа љубов што ја споменав погоре.
 
љубов, постои ли такво нешто ? ?!?!?!?
љубовта не е илузија за среќа?
љубовта не е опсесија ?
љубовта не е љубомора?
посесивност?

љубов.. доминација ?
потчинување?
контрола ? хм , однос, игра? ривалство :\
не не , лудило ! чекај игнор
омраза, его
одмазда , деструкција, корист
ебате љубовта

сите живееме со илузија за љубовта, насекаде пеперутки
По цел ден мислам на неа, ми фалат тие моменти што биле "прекрасни" , ќе се жртвувам за неа и пак не го нарекувам тоа љубов во таа смисла на зборот како што сите ја замислувате.
 
За мене досега љубовта е пропаст...
 
Lily & Marshall - HIMYM
Тие за мене се пример за љубов. Кој за гледа серијава знае на што мислам.
 
Љубовта е свирче, или ќе свириш или ќе ти свират, мелодија која е пострашна од дет металот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom