Што ви недостига од детството?

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Орешката што си ја имав пред куќа
Другарчето што ми замина австралија
BMX -
Крадењето патлиџани од кај мира
и многу други работи а најмногу годините
 
ах да се вратам во 8мо оделение.
Многумина викат ајде да искарам школо после е најдобро но не е така, и јас сега викам ајде да поминат уше овие 2 години ке се ослободам малку сфатив дека едно време многу ке ти недостига школото ете сега многу сакам да се вратам на старите другари во 8мото оделение но тоа е тоа.
Најмногу ми недостига ЗАБАВИШТЕТО. :):)
 
безгрижноста, неодењето во школо, играњето со барбики по цели денови:pipi:
 
најмногу ми недостига дворот пошо живеев у куќа, и по цел ден бев надвор,пролет играње на трева, у зима снег.....убавини....и ми недостигање играњето жмурка со цело маало...
 
Море цело детство ми недостига...
Моментите кога си шетав со баба и дедо по парковите, кога одев да ловам со чичко ми, па моите играчки количиња,вовчето,мечето...:smir:
Ај доста е ќе се расплачам :)
 
Летата жими све.Нема да ги прежалам никогаш тие лета,сабајле баскет,на вруќините Лолипоп или Руменко од по 10че,поручек фудбал,вечер жмурка и граница.Онака многу просто и задоволувачки :)
 
Многу работи ме недостасуваат;
Играњето фудбал во пожарната, гаѓањето со чатали, звонењето по врати и бегање, летањето змај, пентарењето по дрва, тепачките, играчките... :(
 
Седењето низ градинката во школски
 
играењето пред мала комити и џандари....
шетањето у село кај баба со другарите...
дружењето со школските шо бев до 8одд
 
Ми фали станувањето во 9 саат...појадок набрзина...и цел ден низ мало со другарите...Те фудбал...те правиме бункер...леле луге темава е ептен осетлива...ко уште да ги памтам гласовите на нашите коа не прибираа дома...најубав дел од животот дефинитвно...к*р те болеше за све.Едини проблем на паметот ми беше како да ги спасам сите кога играфме жмурка или граница...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom