S
Shellshock nam67
Гостин
Средношколка во Битола по чаршаф се спуштала преку прозорец за скришум да оди кај пријателот, завршила в болница
Средношколка која престојувала во Интернатот во Битола, вчера со чаршаф се обидела од погорните катови на Интернатот да се спушти на вториот кат и да оди кај нејзин пријател.
Но чаршафот ненадејно се скинал и таа, сосе него, паднала на платото пред Интернатот и си ја скршила левата рака, па место кај пријателот, завршила во болница каде што лекарите констатирале сериозни скршеници на раката, по што била задржана на понатамошно лекување.
За инцидентот била известена и полицијата, која извршила увид и работи на целосно расветлување на случајот.
Како што успеавме да дознаеме, несреќата се случила доцна синоќа. 19-го дишната средношколка која престојувала во Интернатот, била сместена на погорните катови. Таа, за да не биде забележана од воспитувачите, завчера се обидела скришум да се спушти на вториот кат и да го посети нејзиниот пријател кој, исто така, бил сместен во една од собите на Интернатот. Без да биде забележана од никого, зела неколку чаршафи од креветите, ги врзала една со друг, ги префрлила преку прозорецот од нејзиниот кат и почнала да се спушта по импровизираната скала. Но во еден момент, еден од чаршафите се скинал и таа, сосе него, паднала на платото пред Интернатот. Од ударот и падот девојката почувствувала силни болки во левата рака и почнала гласно да вика и да бара помош, по што притрчале останатите средношколци, кои повикале Брза помош, и повредената средношколка била пренесена во бол ни ца.