Што се треба да има вашиот велосипед?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ipsissimus
  • Време на започнување Време на започнување
Реално гледано секој кој вози велосипед треба да ги поседува овие работи секако за безбедност во сообраќај. Доколку возите автомобил и посебно ноќе а налетате на велосипедист кој не е соодветно означен поточно нема светла шансите да го лупне некој се доста големи правиме моабет за улици каде што осветлување и скоро да нема. За кацига во скоро сите европски земји мора да поседува секој велосипедит така да кај нас секој е научен како сака и како му текне да вози и затоа повеќето се смеат на ако пореално се погледне и подобро е што се донесува законов.

Брзинометарот кажи ми како ќе ти придонеси за безбедноста ? Или како ѕвони ѕвончето или останатите 10 глупусти. Гледаш сите се будат за непотребните работи, не за кацика, кочници и светло. Само глупости да се трескало.
 
Цикло...што? Што е ова жити се :facepalm:
Кога возиш да ти кажува просечна брзина, измината километража, временска прогоноза и моментално расположение на милиот ни наш лидер.

П.С. За мотори ќе треба и ворп драјв да се инсталира, штом за точак ова е потребно.
 
Реално гледано секој кој вози велосипед треба да ги поседува овие работи секако за безбедност во сообраќај. Доколку возите автомобил и посебно ноќе а налетате на велосипедист кој не е соодветно означен поточно нема светла шансите да го лупне некој се доста големи правиме моабет за улици каде што осветлување и скоро да нема. За кацига во скоро сите европски земји мора да поседува секој велосипедит така да кај нас секој е научен како сака и како му текне да вози и затоа повеќето се смеат на ако пореално се погледне и подобро е што се донесува законов.

Не треси глупости жити се
 
http://www.kozanostra.net/kazna-od-500-evra-dokolku-tri-mesetsi-po-red-ne-ste-dobile-nikakva-kazna/


Измените на законот предвидуваат и носење на болница у ранец, како и додатна опрема за возење на слонови, како што се ногари на предното и задното тркало, како и држачи за уши, во случај да полета слонот за време на возењето.
За клинои зимно време ич да не праиме муабет.
 
А ако не ти работат апаратчињата за брзините колку е казната ?
 
bike1.jpg


A тркалата панорамски да се?
 
Ова е закон направен со цел да се задоволат потребите на ромската националност, немале ќар само од крадење на велосипеди вака и опрема да зема некој денар плус :D
 
Нешто зимска опрема нема во барањата? Ланци, лопатче...

малку оффтопик


 
Последно уредено:
Ко мали знаевме да се собереме у населба со точаците и да праиме трки со цел да ни биде поинтересно ама ете и тоа не смеат децата да го праат повеќе пошо нашите некад едвај и точаците ни ги купувале а не пак купишта од додатни опреми....

Ваљда сега ако фатат група деца да го прават истото ќе следува прво опомена и линк од торент за некоја игрица со бицикли, вториот пат ако те фатат ти ја даваат игрицата изрежана на ЦД а веќе ако трет пат те фатат казна.
 
Тоа со кацигата е апсолутна глупост колку човек да не се качи на точак. Ако возиш точак државата нема никава придобивка од тебе, не плаќаш бензин, паркинг, технички преглед, регисрација и до скоро време казни.

Наместо да ја поправат инфраструктурата и да обезбедат патеки за велосипедистите, тие опнале кациги. Е маме му ебам не одам во втора свецка војна.

И јас сум велосипедист, а кацига носам само кога возам на долги релации, надвор од градот. Лудост е ако идам до пошта да одам со кацига.

Тоа со светлата треба да се формулира. Би го поздравил овој закон ако важеше само во одреден дел од денот, т.е. вечерните часови. Тоа задно светло многу помага навреме да те забележи возач на автомобил, пошо делиме иста лента бидеќи немаме вело патеки.

Звончето е глупост. Кога некој глуп таксист ми ја сече траекторијат и комплетно ме игнорира сакајки да паркира и да ме поткачи малце, тоа звонче ќе направи некоја разлика?

А тоа со брзинометрите е ставено во друга опрема и не е задолжителна, ама добро е за тролање :D
 
А шо да правиме ние кои имаме точаци кои фабрички се без светло, штоп, звонче, калници... и такви со години и децении ги возиме.
Јас имам Simplon од крајот на 70десети, тркачки точак без горенаведени работи, нема ни држачи за калници или светло - штоп. 30 и кусур години се вози така и сега одеднаш е нелегален???
Не може така
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom