Што предвидува балканската пророчица Клеопатра за новиот шеф на државата

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ШТО ПРЕДВИДУВА БАЛКАНСКАТА ПРОРОЧИЦА КЛЕОПАТРА ЗА НОВИОТ ШЕФ НА ДРЖАВАТА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ни клониран Киро Глигоров не ве спасува[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За време на претседателските избори ќе има мали испади и нереди, но се ќе биде под контрола, вели Клеопатра[/FONT]

%7B365CB1CB-BAB1-466A-A547-4B67BE3DFEC8%7D_kleo-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Од сите кандидати за иден претседател на Македонија ќе останат само двајца. Тоа се двајца професори, од кои во вториот круг ќе биде избран новиот шеф на државава. А тоа значи дека новиот претседател на Македонија ќе биде професор", прорекува балканската пророчица Клеопатра два месеци пред претседателските избори.
Клеопатра во Скопје работи хуманитарно за помош на доизградба на музејот на Есма и Стево Теодосиевски. Кралицата Клеопатра, како што ја нарекуваат, тврди дека веќе на следните претседателси избори Македонија ќе ја поведе жена.
- За време на претседателските избори ќе има мали испади и нереди, но се ќе биде под контрола. Изборот за шеф на држава е сериозна работа, но, во целата оваа ситација смешно е што се кандидираат еден куп луѓе и сите типуваат дека ќе победат. Сите мислат дека се најдобри. Не се реални. Советовам, а ова Македонците ако сакаат нека го сватат како виц, на следните претседателски избори да се направи кандидатура за претседателство на Македонија, вели Клеопатра.
Пророчицата додава дека не мора да се биде пророк, односно не е потребна визија за да се види колку Македонија се наоѓа во катастрофална политичка, финансиска и безбедносна ситуација.
- Како кога црв гризе јаболко. Од авион се гледа дека досега сите шефови и премиери на државата не биле кадри нешто да направат за да се подобри и статусот на државата и животот на народот, За странските набљудувачи кои ќе се појават на изборите и ќе ја оценуваат состојбата во државава би сакала да кажам дека Македонија е доволно демократска земја и дека ЕУ и НАТО не треба да зборуваат за тоа каква е Македонија туку да извршат притисок на Грција зашто е глупаво што македонскиот народ трпи дискриминација. За жал морам да кажам дека за многу работи виновни се и вашите политичари. Затоа на Македонија ништо не и значи и кога би ја познавале Хилари и Бил Клинтон. И Обама. Не би и помогнало и кога би го клонирале Киро Глигоров на 27 години. Бидејќи државата долго време ви се наога во позиција на статус кво и никако да мрднете, вели пророчицата.
Според Клеопатра на Македонија ќе и треба уште долго време за да влезе во ЕУ. "А во НАТ ќе влезете сакале или не. А проблемот со името со Грција нема брзо да се реши. Грција се повеке ќе биде зависна од своите соседи, па и од Македонија. Па веројатно ќе и дојде памет ", прорекува Клеопатра.
В.Миленковска

***

Македонија ќе ја води челична лејди

Балканската пророчица вели дека на следните претседателски избори на политичката сцена ќе се појави жена која ќе го превземе кормилото на државата.
-За жал на овие избори жените кандидатки нема да имаат среќа, но на следните ќе се појави жена. Гледам отмена и образована професорка. Стручна и паметна, која го познава правото. А на државава и треба жена која го познава правото. Да ги испоапси сите политички дилетанти и битанги и конечно да направи ред. Таа ќе биде како челичната леди. Како Маргарет Тачер. Нема да прости политички криминал и ќе даде слобода на медиумите. Мислам дека само жена Макеоднија може да ја внесе во ЕУ, вели кралицата Клеопатра.

***

Љубомир Фрчковски

Нека си се држи до катедрата

Како хороскопски знак тој е добар. Како интелектуалец е солиден. Нема да кажам дека е врвен. Ниту дека толку го познава меѓународното право , ниту уставното право ниту пак криминалистиката. Без оглед на сите негови титули, од министер за внатрешни работи, до министер за надворешни и разните титули на факултетот. Тоа нема врска. Мојата визија зборува дека нема да пројде на претстојните избори, бидејки до толку не е омилен кај народот . Како карактер тој е добар. Но, тој нема доволно силна харизма и доволно силна личност со која себе си може да се претстави и во медиумите и на кампањата. Затоа сметам дека треба да си остане до катедрата, подобро му е таму. Тој и да стане претседател не гледам дека би бил добар шеф, бидејки како што го гледам, веднаш би им се реванширал на неговите противници. А штом оди со намера да враќа реванши тоа не е добро.

***

Ѓорѓи Иванов

Постојано го гледам до Груевски

За него можам да кажам дека е човек кој ветува. Мислам дека е личност со ауторитет и харизма и што е најважно ќе има поддршка. За него радо ќе се даде глас и по мојата визија тој е најперспективен политичар. Вистина сметам дека тој е најперспективен во однос на сите други кандидати. Не само затоа што е универзитетски професор, туку затоа што е и ќе остана човек со позитивна енергија и дека ќе се грижи за сите граѓани и за државата. Сметам дека искрено ќе се бори за Македонија во однос на проблемите што ги имате. Него постојано го гледам до премиерот Груевски. А искрено само нив двајцата ѓи гледам како сигурни луѓе кои за Македонија би се спротивставиле не само на Грција туку и на светот.

***

Нано Ружин

Жал ми е ама за овој човек ништо не гледам. Како да е роден на погрешен датум или запишан на погрешен датум. Како да паднал од Марс.

***

Имер Селмани

За него можам да кажам само дека е човек кој има добра позадина и репутација, особено кај Албанците во Македонија. Ќе постигне солидни резултати на претстојните претседателски избори, но не гледам дека ќе има шанса да стане претседател на Македонија.

***

Љубе Бошковски

Џабе му е патриотизмот

Тој на правда на Бога си одлежа во Хаг и за него искрено сметам дека е голем патриот. Среќа што докажа дека не е виновен. Но, за жал нема да победи и покрај патриотизмот. Тој вистина има желба да ја оддржи цела Македонија и да бидат заедно сите граѓани во државава. Но, јас гледам дека Љубе нема да победи, но ќе кажам дека ќе има прилично јако и добро бирачко тело. Ако тоа му нешто значи. А знам дека нему ке му значи. Иако, сметам дека не би требало да му се верува на ниеден поранешен министер за внатрешни работи кој сака да стане претседател.
[/FONT]


извор http://vest.com.mk/default.asp?id=162942&idg=9&idb=2588&rubrika=Makedonija
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Јас само би кажал дека како тргнале работите не е потребно да си видовит за да воочиш кој е главен фаворит и какво сценарио ни се пишува за прецедателските избори...
[/FONT]
 
Темава е повеќе за чек дис аут!

Не сме повеќе во времето на Љубчо коаг државната политика се креираше согласно предвидувањата и пророштвата на некојси јасновидци.
 
Не сме повеќе во времето на Љубчо коаг државната политика се креираше согласно предвидувањата и пророштвата на некојси јасновидци.

ХАхАХА!!! Како се викаше таа???? Мирјана?? :))))) Каков крш еј.....
 
И што? пророчицата пророкува или ги читала постовите овде на форумов и ја следи анкетата па врз основа на нив дала свое видување. :pos2: Ништо ново од нејзина страна. Тоа и баба ми го знае. Ако зела на некој пари за ова пророкување јас можев без пари да му кажам :pos2:
 
:pos2:

Многу тешко да предвидиш вакво сценарио
 
Оф леле без везе. Последните 2ца професори па колку е само тоа очигледно дека ке биде така. И јас го можев ова. :jaj:
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Според Клеопатра на Македонија ќе и треба уште долго време за да влезе во ЕУ. "А во НАТ ќе влезете сакале или не. А проблемот со името со Грција нема брзо да се реши. Грција се повеке ќе биде зависна од своите соседи, па и од Македонија. Па веројатно ќе и дојде памет ", прорекува Клеопатра.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]В.Миленковска [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]***[/FONT]
оваа стварно ме збуни.
ме збуни делот каде што пишува дека дека грција се повеќе ке биде зависна од соседите, ме интересира стрикно делот за македонија.
Од што грција ке биде зависна од нас?
 
Клониран Киро... ЛОЛ ЛОЛ ЛОЛ уште тоа ни е кусо, па и уште да не спасел, заушки ќе добијам од помслата дека негов кло(в)н би не спасувал.
 
100% се има утепано од баење... него стварно оваа била машко на времето?
 
Клониран Киро... ЛОЛ ЛОЛ ЛОЛ уште тоа ни е кусо, па и уште да не спасел, заушки ќе добијам од помслата дека негов кло(в)н би не спасувал.

За се си во право, но со заушките внимавај има епидемија:smir::helou:
 
me iznasmeja gatackava kako znae deka samo 2 ke pominat atesko e toa da se pobedi plus kako ke ima dvajca ptofesori vi vtor krug koga veli deka frcko i taseva ke ispadnat
a be ubo vikat starite ne pitaj gatalec pitaj patalec
 
Леле оваа гатачкава е стварно крш. „Твоја је мајка - женског пола - јел тако?“ “Тако је“ - одговара гледачот кој се јавил Клеопатра да му пророкува, воодушевен што гледачкава „му погодила“. А броилото на телефонот врти ли врти.
 
Do you really beleive in this stuff?! Лол, преку глава од вакви квази пророци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom