Не се сложувам друже со тебе тука. Збориме за поквалитетно, никогаш машинка за шишање, џојстик, машинка за фрапе и други тракатанци купени на пазар нема да бидат поквалитетни од машинка за шишање купена од Браун, Џојстикот земен во Сони а таа за фрапе купена исто од некоја брендирана фирма. Ете ја лично лани земав машинка за шишање од пазар (за брадата само ја користам), уште малце ке прави година и супер си работи ама ни случајно не можам да ја споредам со таа на братучед ми која веќе има 3 години и сигурно ушште толку ке остане во таа состојба. За џојстиците да не зборам, 3-4 игри изиграј со пазарските и копчињата ке се скријат внатре, од сони-кецот што го имав 5 години играв нон стоп и копчињата немаат попуштено ни милиметар.
Цената и те како го одредува квалитетот освен во случаите кога е вештачки напумпана-тука мислам да не биде истиот производ на две различни места по екстремно различна цена, тоа е веќе мижи да ти баам.