Што може да ве разочара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.927
Поени од реакции
20.723
Значи јасно и гласно, искажете си што е она од кое можете крајно да се разочарате, и од кое подоцна ќе ви е потребен долг период за да ги составите коцките?
Или па секогаш сте силни и покрај големото разочарување имате своја сила која ве турка напред, а може сте и таква личност, силна, со цврсти заби и доста јасен разум, со кој си искажувате себеси дека и покрај се разочарувањата се дел од животот, како што има среќа има и тага, како што има восклик, подем има пад и разочарување..

Јас лично, да се разочарувам од луѓе во кои сум можела да очекувам поддршка, од истите тие на кои сум можела да кажам се, а ете се докажало обратното, дека не е се така, ме разочаруваат и зборови кои ни на крај памет не сум очекувала да ги чујам, арно ама мило ми е барем ќе знам на што сум и каков е оној кој веќе ме разочарал, ме боли потиштена сум, арно ама поминува и сум многу посилна, за да некој таков понатака залсужи да сменам мислење за него, треба многу да стори и некое време да ми стои понастрана, за да не дај господ да се сопнам на него.

Какви сте вие, што вам и кој се може да ве разочара, и како го доживувате сето тоа?
Ајде бујрум..
 
Може да ме разочараат "блиските" луѓе, попрецизно - оние луѓе кои сум ги сметал за најблиски и на кои сум им кажувал се'.
Но најлоша варијанта во сценариото е да се разочараш од самиот себеси. Тогаш ќе ти треба малку подолг период за да си ја составиш слагалицата.
 
најголемо разочарување ми е кога во оние 5 мин кога имам голем пад, никој да не е околу мене, а јас секогаш да сум околу оние мои блиски кои имаат проблеми.
за жал ова се случувало и почесто, но никако да ми дојде паметот.
 
Можат да ме разочараат моите најблиски.. Кога ќе ја срушат сликата што ја имам изградено за нив...
Најмногу можам да се разочарам самата себе... Е тогаш знам дека сум го допрела дното..:toe:
 
Значи јасно и гласно, искажете си што е она од кое можете крајно да се разочарате, и од кое подоцна ќе ви е потребен долг период за да ги составите коцките?
Имам тенденција претежно да се разочарувам од сама себе, многу поретко од луѓето кои што ме опкружуваат, но во последно време, кога почесто почнав да молчам и да набљудувам што се случува околу мене почнав да се разочарувам од малите моменти кога се испуштаат тие малечки призраци на вистинското лице или напротив да се воодушевувам.
Но сепак, покрај она предавство кон сама себе, најмногу би ме болело, иако веројатно ќе го издржам, она на моите најблиски, нешто слично на тебе, оние на кои сум цврсто уверена дека можам да им верувам и дека секогаш ќе бидат тука за мене.

Среќна сум што барем до сега, не ме изневериле, предале, разочарале, се надевам дека нема.Тие луѓе ми го обликуваат животот со дополнителни бои и нијанси и се оние што ми даваат поттик да продолжам да живеам и да се борам.:smir:
 
Крајно можат да ме разночараат само оние луѓе кои сум ги сметала за ''блиски'' , а ти цело време ми забодулале нож во грб.
 
После ова лето..после се што се случи....тешко некој да ме разочара. Едноставно не очекувам од никого ништо добро да направи. Многу помалку нервози имам сеа....кога не им верувам на луѓево околу мене како што им верував порано. Животот е суров....зашто да не бидам и јас?
 
Разочаран сум од луѓе што се со тебе само од корист,а кои зад грб те оговараат и ти завидуваат за се и сешто. Незнам дали таков е ментелитетот само во Македонија но во животот заклучив дека има многу падови кои мораш да ги надминеш и да продолжеш понатаму.Се разочарувам и од тоа што не се ценат вистинските вредности на човекот,моралните вредности туку глупоста со која се пробиваат но таков е животот,животот е борба...
 
Од моите "најблиски" односно од тие што сум ги сметала за такви. Кога ќе сфатим дека не са такви како што сум мислела.
 
Можат да ме разочараат секојдневните лоши оценки.Да ме разочараат пријателите со нивната лицемерност.Можат да ме разочара се што е лошо..!! :pipi:

И ме разочаруваат луѓе кои се прават големи за да направат некој друг на пониско ниво од нив. :nesum:
 
Се разочарувам најчесто од сама себе, ама тоа беше почест случај порано, сега не се случува. Потоа се разочарувам од омразата и лицемерието околу мене, односно се разочарувам од светот, затоа што не сакам да биде таков каков што е. Може дечко да ме разочара, нормално (пу пу скраја да е). Може да се разочарам ако не ме сфаќаат најблиските за некоја работа и не ме поддржуваат во нешто кое што силно го посакувам и останам сама.

Многу работи може да ме разочараат и ме разочарале, ама јас сум таков емотивен тип, заради ситници се разочарувам од големите работи и пред да дојдат. Ама после разочарувањето наоѓам некоја друга ситница за да и се радувам и да заборавам побрзо на претходното.
 
Се разочарувам од таканаречените 'пријатели' , и се разочарувам од самата себе што сум толку наивна што им верувам, зошто очекувам искреност, ама ништо се е лицемерие, од тоа најмногу сум разочарана во животот, од малограѓанството од подсмевањето, од луѓето генерално земено.:tapp:
 
Се разочарувам кога ќе видам дека трудот не ми се исплател. и кога некоја „другарка“ ќе ме остави на цедило.:nesum:
 
Ме разочаруваат луѓе. Такви што мислам дека ги познавам, што се силни, исправени, коректни, а одеднаш почнуваат да се модифицираат ко камелеони, па морам да ги гледам како лазат и се рушат пред мои очи.
Такви кои сум ги мислела за големи луѓе, а испаднале плачипички.

Ме разочаруваат уште едни луѓе, од тие што продаваат морал на битпазарска тезга, што ми се пријатели и ги сакам и им верувам, ама ме разочарува фактот што секој момент може да ме продадат мене место моралот им.

Се разочарувам од самата себеси кога гледам дека падовите стануваат почести од подемите, кога немам моќ да променам, кога се откажувам пред стартот на трката и кога си дозволувам нечии влијанија да ја оформат мојата волја.
Се разочарувам кога ми се рушат соништата ко кула од карти, истите соништа во кои претходно ко дете сум верувала, и кога ќе сфатам дека на крајот се се сведува на план и тактика, не на идеали.

И најпосле, се разочарувам кога ќе застанам збунето пред светот и-нема ништо. Никаква посебна иднина, никаков концепт, нацрт-план, некоја замисла, ништо. Само еден голем, преполн, празен, застрашувачки свет.
 
Многу ретко се разочарувам, затоа што во се што правам во животот навлегувам со доза на несигурност (т.е. со карта во ракав што ја чувам за ,,секој случај,,) и тоа на некој начин ме прави да не создадам дизбаланс на ,,моментот,, што го доживувам.

Кога сум разочарана во љубовта , никогаш првично не сум разочарана од личноста која би требало да е субјект на разочарувањето, туку од себеси , затоа што ( повторно) не сум успеала да ја создадам вистинската слика за одредена личност, не сум ја искористила емоционалната интелигенција, сум се изневерила себеси...

По некое инцидентно разочарување, доволна ми една недела ( проследена со забава за да се оттргнам од мислите барем моментално) максимум за да се вратам во нормала и едно убаво доживување, зашто мислам дека во животот се е така добро избалансирано, после секое разочарување следи нешто убаво.... нешто магично....:wink:
Како и да е нема да дозволам било што да ме разочара до level 10 затоа што во мојот живот јас ја имам таа чест да бидам главната женска улога...

А тие што ме разочаруваат(као демек)- само така мислат нема да им успее, ич око не ми трепнува за таквите, тие не ни заслужиле да се троши време и нерви на нив...оваа линија по која се движиме е премногу кратка за да се губи време на глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom