И дете од 2 години знае дека беше извршен атентат во Трајковски. КАКО Е МОЖНО во услови на густа магла ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА да патува со авион. Заради маглата во Мостар не отпатува хрватскио претседател. И во залкучокот немаше кој да биде виновен па ајде ги обвинија пилотите, како да тоа им беше прво управување со авион. Некомуницирањето со контролната кула е голем хендикеп за секој пилот, па доколку не не изгубеа од контакт одговорните од кулата немаше да дојде до тоа што се деси. И не ми е јасно ( а и нема ни да ми стане јасно) како може за ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА да се прекине потрагата и да се чека утрото? Кога на тие минус температури и поларна мечка би починала а камоли обичен човек. И тие Кфор ли Сфор ли како и да се толку ли првпат се наоѓаат на тоа тло за да го бараат авионот на сосем друга локација??? Самите жители на околното село кажаа дека имало движење на војници веднаш после падот на авионот. А НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ што се деси е тоа што цела ЕУ и цел свет ни испаќаа сочуства, а телата уште не беа најдени. И демек на НАТО МНОГУ МУ ПАДНА ТЕШКО па ги спуштија знамињата на половина копје за да изразат сочуство. А НЕЛИ ОД НАТО СЕ САМИТЕ КФОР ИЛИ СФОР? Морее да се работеше за нивни човек имаше секое камче да го побараат а не усте не објавено веќе ни испратија сочуство. Ама и ние сме криви. Зошто во иста ден и премиерот и претседателот да бидат надвор од државата? Во случај на вонредна состојба кој ќе управува со државата? Само жалосно е што ние не знаеме да ги цениме луѓето. Пред да почине сите го нарекуваа предавник, апаш, човек шо сака да ја подели Македонија ..... А Трајковски беше баш претседател за пример. Додека беше на функција му се случи војна во државата, која успеа да ја сопре. А пред целиот свет се обиде и му успеа да си ја претстави земјата од каде што иде во поинакво светло. Жално е што и Борис и Тоше заминаа без да знаат колку навистина длабоко во нас ги сакавме.