Warning: Wall of text
Најважно е за што планираш да го користиш лаптопот и колку пари ти се даваат.
Еве пример, комшиите мои (брат и сестра) имаат Аsus и Dell. И двата компјутери доаѓаат кај мене за одржување и слично.
Asus-от е купен за 15-16000 значи џабе и има

од процесор AMD C60 со вградена графичка во него ама за намената (FB, Skype, гледање филмови и слики) си ја брка работата одлично, доаѓа со 2 години гаранција и добар век на батеријата бијејќи нели нема што и да ја троши.
Dell-от е купен некои 30000 и има Intel I3 процесор и посебна графичка и ја брка истата работа како оној погоре, а богами и батеријата одлично се држи, комшиката го користи како мобилен буквално, цело време е на батерија. Има 5 години гаранција и досега издржал неколку падови и истурања на сок врз тастатурата. Проблемот со Dell-от е загревањето, но тоа доаѓа од начинот на користење, комшиката не сака да ме послуша да не го става лаптопот на ќебе или врз јамболија

па решетката на ладилникот се полни со прашина и влакна - до некаде и нормална појава.
Е баш вчера ги отворав и двата да ги исчистам овие решетки. Asus-от го отворив, исчистив и затворив во рок од 5-6 минути највеќе, ама Dell-от.... морав да го отворам целосно, да ја вадам тастатурата, горната маска, едни тенки маски околу тастатурата, ѓавол ипол, не го памтам точно моделот но постапката е слична на
оваа до 4-та минута. За среќа на страната на Dell има детално упатство со слики за секој чекор од постапката, но сепак, монгу работа само за чистење и знај ова мора во сервис поради гаранцијата од 5 години. Веројатноста да скришиш некоја од маските е огромна, затоа што се многу тенки и пластиката „крцка“.
Ова е пример со 2 претставника на Dell и Asus. Генерално Dell некако дава поголема сигурност на некој начин преку гаранцијата, ама практично ако сакаш сам да „чепкаш“ во лаптопот, подобро ти е Asus - многу по интуитивно можеш да направиш се. Другари мои кои имаат Asus-и се генерално позадоволни од оние кои што имаат Dell, сите се тука некаде во цена и компоненти, па и во употреба/намена.
TLDR:
Според мене, Dell имаат подобар дизајн, некако делуваат структурно поцврсти, доаѓаат со повеќе гаранција и тоа е она што ги продава, а Asus пак нудат секогаш некоја опција повеќе и според мене ладењето им е подобро решено. Батерија...зависи колку го плаќаш лаптопот и за кој сегмент е наменет, генерално сите се тука некаде. Во моето искуство полесно сум наоѓал драјвери за Asus од Dell, па ако сакаш да испробуваш различни оперативни системи, Asus, повторувам во моето искуство, значи според мене.
Уште една работа што мислам дека не треба да се занемари, знам многу луѓе на кои им се расипал полначот или им се скинал кабелот на Dell-от, и ниту еден со ваков проблем на Asus.
На крај да не излезе работава дека фаворизирам, јас имам Acer,а сопругата MSI лаптоп.