Што мислите за агностицизмот?

  • Креатор на темата Креатор на темата wutanger
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата ми беше дефинициите како атеист, агностик итн не ми значат многу.
Сакам да кажам „не верувам со резерва“ т.е оставам шанса да ме убеди некој во спротивното.
Во констраст со „не верувам“, како сигурен сум дека не постои и не е можно да ме убедиш во спротивното.

Претпоставувам се разбравме.
Секако. Колку да ги расчистиме дефинициите. Ретко да има атеист кој не е скептичен, инаку би бил антитеист.
А и факт е дека мнозинството саморечени агностици се всушност атеисти кои бегаат од wошите (што би рекол колегата DBack) атеисти. Ма бегам и јас многу се wоши..... :D
Знаев! Едноставно знаев дека Атеист ќе ја постира таа сликица. :D
Мислам дека добивам натприродни моќи or something...
Знам у тебе нема верување. Кога се твоите моќи у питање сум гностик :D
 
Мислиме се најдобро..
И мислиме дека е најблиску до вистината. Колку што е возможно.
 
Агностик се станува многу лесно....

Малку читаш новини, гледаш ТВ, идеш до пазар, низ маало......ако составиш колку вкупно IQ си сретнал во денот, ќе сфатиш дека на една рака е вкупниот коефициент.....преокупација на целото човештво му е да јаде, да има секс и пари и се' од претходно наведеното (ако може) без труд...

....и атеист, верглај само ти....нит ми е страв од нешто, нит ми е гајле....каква само просветлена идеја ти е дека религиозните се плашат од Бог, агностиците нешто помалку - ама демек само вие сте луѓето со муда? Зарем стварно мислиш дека ставовите на интелектуалци се базираат на стравови?
 
....и атеист, верглај само ти....нит ми е страв од нешто, нит ми е гајле....каква само просветлена идеја ти е дека религиозните се плашат од Бог, агностиците нешто помалку - ама демек само вие сте луѓето со муда? Зарем стварно мислиш дека ставовите на интелектуалци се базираат на стравови?
Каде јас спомнав стравови? Само докажуваш дека си од тие самопрогласени агностици кои од атеисти бегаат ко ѓаолот од крст.
 
Од погоре поставените мислења кои ги прочитав, во овие две изјави се пронајдов и се согласувам со нив. Лично немам некои пошироки сознанија на оваа тема и ме интересира што другите имаат да кажат, па и да поднаучам нешто повеќе. Ако моето верување/неверување во нештата (во случајов во бог), ме прави агностик по овие дефиниции, тогаш да, се декларирам како агностик.
Агностиокот не знае.
Односно, не знае дали има бог или нема.
Атеистот пак, не верува дека има бог.
Не може ни тој да знае, исто како што верникот не може да знае дали постои бог.

Е сега, во зависност од твоите убедувања - Што мислиш, дали постои бог?
- Не. - атеист
- Не знам. - агностик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom