Што кога вашите другари/другарки се мешаат во вашата врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.916
Што кога вашите другари/другарки се мешаат во вашата врска, дали ги слушате нивните "совети" за изгледот и однесувањето вашиот /вашата партнер/ка или ги игнорирате сите озборувања и се одалечувате од нив.
 
zivotot go zivees za sebe i za nikoj drug :)
teraj si po svoe i ne se zmaraj so tugji komentari
 
Случкава е од 10-12 години, ништо нема врска со мене но морам да ја кажам пошто страшно с епоклопува со муабетво во темава:D
Едно бате (тогаш 28-29) (мој познаник) си фатило женска, сериознао залетало со неа и после 3-4 месеци друго бате (исто мој познаник , тогаш ~24) го среќава заедно со девојката... му текнува дека ја знае од некаде но во моментот никако да се сети... по некој дена со демек освежена меморија, бара телефон по град од првово бате за да му каже едни важни информмации... имено му кажува дека може година дена пред тоа тој со уште 2ца други “активно ја дружеле“ девојката на летна авантура во охрид. Батево избезувмено веднаж без збор раскинува со девојката, паѓа неколку днеа депресија ова она... и на крај овај дружачов да с есети дека не било тоа девојчето за дружба туку била нејзина братучедка од странство со “европски манири“ а единствено заедничко во тој летен одмор помеѓу двете девојчина и дружачов било што станот во кој двете престојувале бил на нивна баба и двете го користеле за спиење а од “дружењето“ на странскава братучедка девојчево немало ни појма ... но јбг овај с епрепознал и со дупки во меморијата заебал една сериозна врска...
затао ум во глава кога зборувате било што за врските на другите :D
 
другарите и другарките не треба да се мешаат во врската освен ако не знаат нешто што јас не го знам (изневерување), тогаш би сакал да ми кажат
 
Ја многу ги слушам другарките за дечковци.
Не дека сум имала дечко досеа, пошо освен кај другарките, дечкото иде на проверка и кај моите (првиот шо ќе помине на проверка кај моите ќе го мужам!), али скоро секогаш сум ги слушала другарките во изборот.

Иначе, во врска, нема да ми се мешаат пошо се што е многу добро и се што е многу лошо нема да им го кажам. Ќе си остане измеѓу мене и (не)среќникот. Барем се надевам дека ќе биде така. Се истренирав да бидам интровертна. пред другарките -.-
 
дечкото иде на проверка и кај моите (првиот шо ќе помине на проверка кај моите ќе го мужам!)
Твојот дечко значи, треба прво да го сакаат твоите, па после ти. Ова испаѓа (да ми простиш, ама...) прво твоите родители ќе спијат со твојот дечко, па после ти. За да си одговарате, нели.
 
Твојот дечко значи, треба прво да го сакаат твоите, па после ти. Ова испаѓа (да ми простиш, ама...) прво твоите родители ќе спијат со твојот дечко, па после ти. За да си одговарате, нели.
Шо, ти дечко да не сакаш да ми бидеш?
 
Би било супер кул да можам да кажам сега дека не дозволувам да ми се мешаат во врската, зошто јас сум 21 годишна независна личност која што има свои принципи и ставови за се во светот и сум комплетно детерминирана во одлуките? Не сум.

Понекогаш (најчесто) кога станува збор за врските не знам точно што сакам, лесно менувам расположение и емоциите ми флуктуираат како да сум тинејџерка (можеби и сеуште сум) и моите пријатели се тука за мене.Ме тешат кога ми е тешко, ме сакаат најмногу на светот и не дозволуваат никој да ме повреди.Знам дека Викторија би го пукала без размислување некој ако некогаш вистински ми згреши.Како тогаш да не им верувам?Кога они биле тука покрај се, кога ме сакале кога сум била најлоша и најдобра со нив, кога знам дека битно им е да бидам заљубена во човек кој што нема да ме повреди.

Но јас сум во принцип многу среќна личност, имам вистински пријатели. ;)
 
По таквите 'мешања' мојш да научиш кој навистина ти бил пријател.Во врска обично гледаш пристрасно спрема другата страна, а муабетите отстрана секогаш ги имало.
Имам приметено дека доста добронамерни совети дошле од друштвото, понекогаш сум игнорирал, понекогаш не.
Ама сфатив дека досега 90% биле без лоша намера, истото и тие го виделе за мене како и јас за нив во нивни ситуации.Обично отстрана секогаш подобро ги гледаш работите,а и не си лично засегнат.
 
Две правила кога ти се меша некој другар или другарка во врска:
1. Кажуваш убаво со збор, и ако има памет ќе разбере...
-Ако ова е неуспешно, преминуваш на точка 2, а тоа значи дека
2. Ги поминал/а сите граници и идеш го/ја тепаш...:vozbud:

Крај на приказната! :D
 
Ја многу ги слушам другарките за дечковци.
Не дека сум имала дечко досеа, пошо освен кај другарките, дечкото иде на проверка и кај моите (првиот шо ќе помине на проверка кај моите ќе го мужам!), али скоро секогаш сум ги слушала другарките во изборот.

Иначе, во врска, нема да ми се мешаат пошо се што е многу добро и се што е многу лошо нема да им го кажам. Ќе си остане измеѓу мене и (не)среќникот. Барем се надевам дека ќе биде така. Се истренирав да бидам интровертна. пред другарките -.-
Слушај го срцето, а не другарките
 
Срцето лаже а другарките уште повеќе.Ќе ти се случи да ти се заљубиш лудо во некој тип и утредента ја гледаш другарка ти со него.Е тогаш ќе го промениш мислењето :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom