Што кога е паднат знакот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Во целиот град има оштетена сообраќајна сигнализација, поради што се големи можностите возачите ненамерно да прават прекршоци. Од полицијата велат дека во овие случаи најчесто простуваат, иако формално постои основа за казна

znak-padnat.banskoliev.jpg


Целиот град има проблем со вертикална сигнализација

Сообраќајниот знак со кој се укажува дека улицата Воденска во Карпош 4 е еднонасочна со месеци стои откорнат и фрлен покрај коловозот. Поради тоа, освен локалните жители, другите не го знаат важечкиот сообраќаен режим и често не го почитуваат. Дали тие возачи ризикуваат да бидат казнети од полицијата? Според МВР, по правило ризикуваат, но полицајците се толерантни во овие случаи.

- Знаците треба да бидат убаво поставени, за луѓето што не поминуваат често во некоја населба да имаат прегледни информации за важечкиот сообраќаен режим. Ако знакот е оштетен или отстранет, возачот може да помине само со предупредување. Но таквите случаи се инцидентни, затоа може да се избегне казната, иако има основа за неа. Возачот треба да ја гледа хоризонталната сигнализација, ознаките на асфалтот, ако нема знак - објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.

Но иако полицијата тврди дека ретко се соочува со такви проблеми, мала прошетка низ улиците, особено низ споредните, е доволна за да се откријат многу недостатоци во сообраќајната сигнализација. Голем број знаци се искривени, исчкртани со спрејови, избледени, врз нив се залепени постери, затскриени се зад гранки од дрвја или зад грмушки, а во некои случаи се откорнати, или само знакот или заедно со металната прачка.

Во целиот град има проблем со вертикалната сообраќајна сигнализација. Некои општини велат дека редовно ја одржуваат, иако нови знаци најчесто се поставени само на реконструирани улици. Општините Аеродром и Центар, пак, велат дека вертикалната и хоризонталната сигнализација, односно поставувањето сообраќајни знаци и обележувањето на лентите на асфалтот, не се нивна надлежност, туку на градот. Други, пак, не ја префрлаат одговорноста.

- По увидот на терен, општинските служби констатираа неколку оштетувања на сообраќајните знаци на територијата на општината Кисела Вода. Во насока на подобрување на патната сигнализација во годишната програма на секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина има предвидено пари за реконструкција, обнова и за поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација - изјави Марјан Спасески, портпарол на општината Кисела Вода.
Надлежните од градот соопштија дека изминатата година имаат сменето односно поставено повеќе 750 нови и репарирани сообраќајни знаци на градските сообраќајници. Оваа година веќе се поставени повеќе од 800 сообраќајни знаци.

- Во рамките на програмите за одржување на улиците се издвојуваат и значителни средства за одржување на вертикалната сигнализација. Екипите на јавното претпријатие дел знаци ги менуваат според претходно направена програма за периодично менување, а добар дел се менуваат инцидентно, откако ќе се утврди дека некој несовесен граѓанин ги оштетил, уништил или пак ги оставил во состојба во која не можат да си ја вршат функцијата за која се поставени. Дел знаци се поставени на сообраќајниците што ги прошируваше градот во текот на минатата и оваа година - соопшти Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

ЈП „Улици и патишта“ е задолжено за одржување на вертикалната сигнализација на главните сообраќајници. Тие соопштија дека прават контрола и обиколка секојдневно, а оние знаци што се отстранети од несовесни возачи ги исправуваат или поставуваат нови во зависност од оштетувањето.

- Исто така се поставуваат нови сообраќајни знаци штом ќе добиеме решение, односно налог за работа од градот. За оние знаци, пак, што се исчкртани со спрејови оставаме да одлучува совеста на самите луѓе, тука не можеме посебно да влијаеме, се работи за нивната сопствена култура и несоодветно однесување - изјави Ана Мирочевиќ од одделението за односи со јавност на ЈП „Улици и патишта“.

Изворот

*забелешка: Не е само Скопје со истите проблеми. Цела Македонија ги има.
 
Возиш без знак :icon_lol:.
 
А шо демек ако има знак ќе се почитува ?! Пак ќе се најди некоја пијана будала ..

Just sayin' ..
 
Единствено решение е знаците да се постават доста високо така што хулиганите нема да можат да ги докачат а сепак возачите ќе ги гледаат.
 
Иамм другарче во Германија металец е :icon_lol:, и вика одиме јас еден панкер и еден нормален и тој нормалниот го откорна знакот за метро и си го носеше со нас во метрото :icon_lol:. И тоа германец човек со сите манири :icon_lol:.
 
Иамм другарче во Германија металец е :icon_lol:, и вика одиме јас еден панкер и еден нормален и тој нормалниот го откорна знакот за метро и си го носеше со нас во метрото :icon_lol:. И тоа германец човек со сите манири :icon_lol:.

Сакаш да кажеш дека светов отиде у курац,штом нормален Џерманец прави вака :cautious:
 
нема знак - нема ограничувања или наредби !! сепак тоа е вертикална сигнализација,припазете и на хоризонталната за да немате 100% проблеми со полицијата......
 
Кај нас у Виница има еден знак таму до сендвичарата и на него пишува Центар, нели покажува накај центарот. Ама некој успешно го „превртел“ така шо сега можеш да го завртиш со стрелката на другата страна и фактички го местиш и центарот. Некој шо е од страна може лесно да се збуни.
 
Од полицијата велат дека во овие случаи најчесто простуваат, иако формално постои основа за казна
Не може да постои основ за казна ако знакот што врши одредено ограничување го нема. Што земја ќе беше ова ебаго. Значи според уставот се што не е забрането со закон се смета за дозволено, така и во овој случај, ако на една улица нема знак дека е еднонасочна, таа улица под автоматизам станува двонасочна.
 
Не само знаците, и семафорите некогаш не се "тачни". Поминував еднаш семафор во Битола, возев 30-40 и имав уште 8 секунди. Возев право, значи не менувам правец на движење, него возам право, и случајно заприметувам семафорот за пешаците е зелен, а една типка прво се думаше дали да излезе или не и после си помисли абе шо те еб*м зелено ми е и ми излезе. Јас дирек на кочница мавање, една позади мене на телефон зборуваше ко ќе ме акнеше здраво, со се пешак сите ќе се испотепавме. Арно се убаво заврши, таа на пешачки ме пцуеше, таа зад мене ме пцуеше, а јас си викам ебати семафорот. Којзнае што ќе беше ако беше.
 
Не само знаците, и семафорите некогаш не се "тачни". Поминував еднаш семафор во Битола, возев 30-40 и имав уште 8 секунди. Возев право, значи не менувам правец на движење, него возам право, и случајно заприметувам семафорот за пешаците е зелен, а една типка прво се думаше дали да излезе или не и после си помисли абе шо те еб*м зелено ми е и ми излезе. Јас дирек на кочница мавање, една позади мене на телефон зборуваше ко ќе ме акнеше здраво, со се пешак сите ќе се испотепавме. Арно се убаво заврши, таа на пешачки ме пцуеше, таа зад мене ме пцуеше, а јас си викам ебати семафорот. Којзнае што ќе беше ако беше.

Остај тие семафори, колку пати ќе ме акнеле заради нив. :@:@ :@
 
Џабе семафори, џабе знаци. Секогаш се најде некоја будала што ке направи прекршок...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom